Достапни линкови

Низа нерегуларности на изборите


Искршени гласачки кутии, прекин на гласањето, бришење на гласачкото мастило, гласање на неколку места со повеќе лични карти, забележале набљудувачите.

Гласањето на претседателските избори кое заврши вчера помина со низа нерегуларности, соопштија организациите кои вршеа мониторинг на изборите. Тие забележаа искршени гласачки кутии, прекин на гласањето, бришење на гласачкото мастило, гласање на неколку места со повеќе лични карти, како и вербални напади и закани до набљудувачите.
Гласањето помина без проблеми и во дијаспората, а сите гласачки места во Македонија беа отворени навреме.
Никола Рилкоски, претседател на ДИК.

Од Државната изборна комисија соопштија дека изборите поминале со само еден регистриран инцидент во Неготино, каде што во попладневните часови од непознато лице е искршена гласачка кутија и гласањето е прекинато на тоа гласачко место.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија.


„Гласањето помина без проблеми и во дијаспората, а сите гласачки места во Македонија беа отворени навреме“, посочи претседателот на ДИК, Никола Рилкоски.
Избирачкиот список не функционира, не е докрај исчистен и дека во иднина е потребно многу посериозно приоѓање кон оваа нерегуларност која трае подолго време.
Џабир Дерала, Цивил.


Претседателот на невладината Цивил, Џабир Дерала, вели дека кај нив најголем број на пријави од граѓаните пристигнале за избирачкиот список.

„Проблемите со избирачкиот список покажаа сериозни проблеми на терен, сериозни пореметувања, односно, преку различни видови нерегуларности се докажа дека избирачкиот список не функционира, не е докрај исчистен и дека во иднина е потребно многу посериозно приоѓање кон оваа нерегуларност која трае подолго време“, вели Дерала.
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил.
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил.

Од Цивил забележале и други нерегуларности, како семејно и групно гласање, проблематично однесување на избирачките одбори, кршење на изборниот молк.

„Особено алармантно за нас е тоа што имавме над 10 инциденти во кои нашите набљудувачи и набљудувачки беа попречувани во својата работа. Дел од нив беа избркани од местата, еден дел од нив беа навредувани, а во еден случај во Општина Шуто Оризари е избегнат физички напад“, вели Дерала.

Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, вели дека граѓаните најмногу се жалеле на мастилото кое лесно се отстранува.

„Во моментов власта, државата, треба да одговори на прашањето дали ќе го реши овој проблем со употребата на мастилото“, вели Пировска.

Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, забележала поткуп на гласачи, лесно отстранување на гласачкото мастило, фотографирање на гласачкото ливче и двојни списоци.

МВР оцени дека избирачкиот ден се одвивал во мирна, фер и демократска атмосфера.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG