Полиција соопшти дека спречила шверц на 135 килограми марихуана и 5 килограми хашиш во близина на граничниот премин Богородица.
Македонската полиција во три одделни акции спречила шверц на 135 килограми марихуана и 5 килограми хашиш во близина на граничниот премин Богородица. Дрогата во земјата, како што информираат од МВР, била внесена во Албанија, а требало да заврши во Грција. Акциите на полицијата биле во рамки на операцијата Мрежа за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици. Уапсени се три лица од Гевгелија, а полицијата трага по уште петмина осомничени за делото.
Вредноста на дрогата, според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, изнесува околу половина милион евра.
„Запленетата наркотична дрога, според досегашните сознанија, потекнува од Албанија и истата преку Република Македонија требало да биде пренесена во Грција од каде што било планирано да се транспортира во земјите од Западна Европа. Инаку, проценетата вредност на дрогата е околу 500 илјади евра. Посебно е важно да се каже дека во два од случаите се пресечени меѓународни канали што служеа за криумчарење на наркотици, главно од Република Албанија“, рече таа.
Јанкулоска порача дека во тек се активности за утврдување на други членови на криминалната група, а на обвинетите им е изречена мерка притвор. Полицијата во изминатите денови апсеше и имигранти и спречуваше шверц на цигари кон Бугарија.
Професорот и поранешен разузнавач Владимир Пивоваров вели дека пред секој изборен процес почесто се случуваат акции од таков вид.
„Тоа е погрешен пристап. Секогаш треба, 24 часа во денот, цела година да се спроведуваат ваквите акции, затоа што Македонија веќе се гледа дека не е само транзитна земја како што милуваат да ја наречат, за транспорт на дрогата, меѓутоа и крајна дестинација“, вели Пивоваров.
Според него, загрижува фактот што најчесто марихуаната е предмет на сузбивање.
„Никаде не се споменуваат кокаинот, хероинот или синтетичките дроги. Ние имаме регистрирано 16 илјади нарко уживатели, што значи дека за нивните потреби дневно се трошат 16 килограми хероин. Тоа значи дека секој ден да се спроведуваат акции, секој ден ќе имаме откривачка дејност, меѓутоа се поставува прашање за екипираноста, спремноста, можностите и на желбите да се открие ваквиот вид на криминалитет“, вели тој.
Пивоваров порачува дека треба многу да се работи на тоа поле за да не станеме земја за потсмев каде криминалот со дрога игра главна улога.
Запленетата наркотична дрога, според досегашните сознанија, потекнува од Албанија и истата преку Република Македонија требало да биде пренесена во Грција од каде што било планирано да се транспортира во земјите од Западна Европа.Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
Вредноста на дрогата, според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, изнесува околу половина милион евра.
„Запленетата наркотична дрога, според досегашните сознанија, потекнува од Албанија и истата преку Република Македонија требало да биде пренесена во Грција од каде што било планирано да се транспортира во земјите од Западна Европа. Инаку, проценетата вредност на дрогата е околу 500 илјади евра. Посебно е важно да се каже дека во два од случаите се пресечени меѓународни канали што служеа за криумчарење на наркотици, главно од Република Албанија“, рече таа.
Никаде не се споменуваат кокаинот, хероинот или синтетичките дроги. Ние имаме регистрирано 16 илјади нарко уживатели, што значи дека за нивните потреби дневно се трошат 16 килограми хероин.Владимир Пивоавров, поранешен разузнавач.