Руско оклопно возило ја проби портата на базата во Белбек во близина на Севастопол. Очевидци велат дека од базата биле слушнати истрели од огнено оружје.
Руските сили упаднаа во украинската воена база во Крим, откако про-руски демонстранти претходно влегоа во друга база на полуостровот. Оклопно возило ја проби портата на базата во Белбек во близина на Севастопол, а било забележано возило на брза помош кое со голема брзина возеше низ базата. Очевидци велат дека од базата биле слушнати истрели од огнено оружје.
Околу 200 про-руски демонстранти претходно упаднаа во украинската воздухопловна база во градот Новофедоривка во западен Крим. Дописниците од местото на настанот јавуваат дека демонстрантите кои извикувале „Русија! Русија!“, упаднале во базата и почнале да кршат прозорци. Украинскиот воен персонал се барикадирал во зградите и фрла димни бомби врз демонстрантите од покривите на објектите.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека заклучно со 21 март руското државно знаме е подигнато на 147 украински воени објекти во Крим. Руските морнарички знамиња се поставени на 54 украински воени бродови, вклучувајќи ја и единствената украинска подморница „Запорижиа“.
Околу 5 илјади луѓе во меѓувреме се собраа на про-руски протест во градот Доњецк во источна Украина. Многумина од демонстрантите извикуваат слогани во поддршка на референдум за отцепување од Украина.
Во Крим денеска, пак, се одржа заеднички погреб на украинскиот војник и припадникот на про-руската милиција кои беа убиени оваа недела, како единствени жртви откако руските сили ја презедоа контролата врз регионот.
Сергеј Аксионов, премиер на регионот, изјави дека во главниот град на Крим, Сифмеропол, се погребуваат дваца „кримски херои“. Лидерот на про-московската полиција на Крим, Михаил Шеремет, изјави дека двајцата загинати се жртви на „провокација“ за време на престрелките во Симферопол во вторникот. Шеремет изјави дека убиствата сè уште се истражуваат од локалните власти.
Оклопно возило ја проби портата на базата во Белбек во близина на Севастопол, а било забележано возило на брза помош кое со голема брзина возеше низ базата.