Американскиот претседател Барак Обама ја исклучи можноста од секаква воена интервенција во Украина откако Русија го анектира Крим што, според Обама, претставува кршење на меѓународното право и на суверенитетот на друга земја.
„Ние нема да влеземе во воена екскурзија во Украина. Она што го правиме е мобилизација на сите наши дипломатски сили да обезбедиме силна меѓународна коалиција која испраќа јасна порака дека Украина треба сама да си реши за нејзината судбина. Моќта не создава право.“
Обама наведе дека Вашингтон сака да соработува со Москва во врска со Украина, но оти рускиот претседател Владимир Путин не бил многу за таква соработка.
„Неговите стратегиски одлуки во никаков случај не се базирани врз тоа дали тој мисли дека ние ќе одиме во војна поради тоа или не. Мислам дека е јасно оти кога тоа ќе дојде до нашите основни интереси или на нашите НАТО сојузници, ние ќе можеме да се одбраниме“, изјави Обама
.
Претходно, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Вашингтон оцени дека руската анексија на Крим претставува најсериозна закана за европската стабилност од крајот на Студената војна.
Според него, Москва искористила незаконски референдум за да оправда освојување територии.
„Мојата главна загриженост е дека ова нема да запре. Крим е еден пример, но јас на Крим гледам како на дел од поголема шема во подолгорочна руска, или барем путинова стратегија. Секако нашата голема загриженост сега е дали тој ќе оди подалеку од Крим, дали Русија ќе интервенира во источните делови на Украина.“
Во меѓувреме, западните сојзници ја разгледуваат можноста од натамошни санкции против Русија, но и за поостра реакција на НАТО доколку Москва продолжи да го нарушува украинскиот суверенитет.
Но, како што оценува поранешниот американски амбасадор во Алијансата Курт Вокер, логиката на претседателот Путин е дека присвојувањето територија е постојано и стратегиски, додека санкциите се привремени.
„Кон ова е и неговото верување дека руските потенцијални контрасанкции против Европа, посебно енергетски, ќе го натераат Западот да се повлече“, смета Вокер, додавајќи:
„Ниедна НАТО територија не е нападната од Русија, па не е тестирана колективната одбранбена определеност на Алијансата. Но, НАТО сојузниците, Балтичките држави и Полска, со право се загрижени за натамошните намери на Москва. Можеби уште повеќе е важно тоа што некои нечленки, како Молдавија, Грузија, Азербејџан, гледаат дали НАТО ќе се повлече или ќе пристапи кон обновената руска сфера на влијание врз делови на поранешниот Советски сојуз“.

Мојата главна загриженост е дека ова нема да запре. Крим е еден пример, но јас на Крим гледам како на дел од поголема шема во подолгорочна руска, или барем путинова стратегија.