Ние во овие кризни времиња опстојуваме и сме среќни кога можеме да оствариме некој бруто производ којшто е нешто над нулата. За цветање на бизнисот би требало некој друг да зборува, а не ние, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Кучи, економистите од една страна велат дека честите избори ќе и наштетат на економијата, додека од Централната банка сметаат дека нема да има поголеми потреси. Како стопанствениците гледаат на оваа ситуација?
Стопанствениците мислам дека овде се пореални и тие мислат дека честите избори прават одредени периодични проблеми во нивната тековна работа и тоа во сите гранки, во сите сегменти, почнувајќи од давањето на одредени дозволи за градба, купувањето одредени локации, а ние знаеме дека градежништвото е она со коешто и владата се гордее затоа што е водечка гранка во нашето стопанство и со неа се врзани повеќе други гранки, над 26 директни, да не зборуваме за индиректни, коешто навистина не може да се каже дека е индиферентно, но со самите трошоци што ги создаваат, не само овие, туку сите избори, се дополнителни средства коишто треба да се земат од буџетот, а буџетот се знае дека не го полни Народната банка, туку бизнисот. Сепак, добро е и од страна на гувернерот којшто сега засега многу добро соработува и горе-долу во 90 отсто од случаите е на ист глас со стопанството и го следи трендот на стопанството и може да се каже дека е про-стопанството, а таа му е и должноста, и кога го избиравме тој профил и ние го баравме и сега засега одговара на нивото на тоа што се очекува. Тоа може да го земеме како нешто што е оптимистички и што дава некоја надеж дека нема да направи некоја штета, но периодично прави одреден застој.
Дали постои стравување дека ќе се зачестат казните за да се финансираат скапите избори?
Не само скапите избори, туку изборите воопшто, поготово кога не се планирани во буџетската година. Затоа што од една страна имаме разни предизборни понуди од страна на актуелните власти коишто природно го користат тоа како начин, како џокер, почнувајќи од субвенциите коишто слушаме дека пред време ги добиваат одредени категории што бараат субвенции. Од друга страна покачување на разни категории на социјални давачки за одредени категории луѓе што веројатно ги исполнуваат условите за такво нешто, значи максимално се користат како да сме Норвешка или Данска, а притоа знаеме кој е лимитот на буџетот и сметајќи дека со овие работи ќе се создаде една дупка во буџетот, ние очекуваме таа природно да се пополни од бруто порастот на производ во земјата, но тоа не може да се случи преку ноќ. Во другиот случај ние се плашиме да не дојде до кратење на одредени позиции од буџетските средства. Секогаш биле напаѓани токму оние што ние најмалку сакаме да се напаѓаат, а тоа се капиталните инвестиции. Ние би биле среќни да не се чепкаат овие средства одвоени за капитални инвестиции затоа што тие значат многу за БДП-то. Од друга страна, досегашното искуство покажува дека навистина после изборите има зачестени контроли. Не може да се каже дека без некој да направи престап, тие може да инкасираат средства, се знае дека прво има дело, а после и санкции, но ние сме секогаш против начинот на којшто тоа се прави, односно затоа што така се губи и функцијата зошто е казната. Суштината пред сè е не казна заради казна, туку да биде превенција, за да нема нерегуларности, односно со нашиот жаргон кажано, да има лојална конкуренција во економијата.
Дали сево ова придонесува кон слаба ликвидност на македонското стопанство?
Ликвидноста е прашање што ги мачи сите стопанства, особено во кризни времиња, но кај нас во последните години тоа беше изразено. За наша среќа гледаме дека, барем што се однесува до средствата што се очекуваат во смисла на поврат на ДДВ и слично што е обврска на државата кон стопанството се сервисираат. Дали ова треба да им го припишеме на предизборните циклуси или на тоа што беше наш договор со владата, што барем досега се почитува, дава добар знак дека правилно е ориентирана владата и треба да го следи тој тренд, затоа што на некој начин често пати е врзана оваа неликвидност на државата кон стопанството со неликвидноста воопшто и меѓу самите компании.
Бизнис климата често се опишува како позитивна врз основа на одредени странски извештаи. Каква е состојбата на терен, дали бизнисот ни цвета само на хартија?
Не станува збор за цветање на бизнисот, а и владините гарнитури не гледаме дека некогаш рекле дека бизнисот цвета, туку тие се скромни и во нивните изјави, барем колку што јас ги следам, и се реални во тоа. Значи ние, во овие кризни времиња опстојуваме и сме среќни кога можеме да оствариме некој бруто производ којшто е нешто над нулата. За цветање на бизнисот би требало некој друг да зборува, а не ние и ние сме реални по тој основ. Нормално е тоа со овој капацитет којшто ние го имаме, со овие проблеми што ние ги имаме и со опкружувањето и со општата клима на бизнисот во земјата тоа да биде така, но владата повеќе им дава значење на некој начин на странските инвестиции со самото тоа што сака да мотивира и други инвеститори да инвестираат во земјава, но притоа заборава еден огромен капацитет на нашите, домашни инвеститори, но и една друга категорија која веќе ние како стопанска комора ја таргетираме, а тоа се нашите гастербајтери коишто се блиску врзани со нас, а од коишто ние само живееме од нивните дознаки што ги праќаат кај нивните домашни, но никако не им даваме некој импулс, не правиме некој чекор повеќе кон нив за да ги убедиме да почнат да инвестираат во нашата земја. Понекогаш, пак, имаме изјави од страна и на странски инвеститори, како што беше случајот со некои германски инвеститори, коишто укажуваат на реалните проблеми. Ни тие не се задоволни од администрацијата, којашто и онака е многубројна, без да навлегуваме во макро аспектот којшто ние сега во нашата платформа и го етаблираме за намалување на истата, затоа што испаѓа дека најголем работодавач во државата е токму владата, односно самата држава и притоа секогаш не може да се очекува некој поголем квалитет при избор на соодветни гарнитури коишто треба да ја водат земјата
Но, тоа е нож со две острици. Дали стопанството има капацитет да ги апсорбира сите оние кои би останале без работа во јавната администрација?
Јас мислам дека со еден добар концепт тоа може да се постигне и тоа е нашата цел. Тука ние инсистираме, не само да нудиме нешто што е неостварливо и да критикуваме, туку да го најдеме вистинскиот модел како тоа да се направи, но нема да се направи толку лесно без едно здраво седнување со стопанството и со владата каде што би се нашле заедничките допирни точки. Ова е многу лесно решливо ако во тоа нема политика. Ако почнеме да мешаме и охридски рамковни договори и не знам што по разни начини на поделби за да ги удоволиме сите апетити, нема да може да се постигне, но ако се издигнеме над овие прости политички проблеми и реално да гледаме за заздравување на стопанството и економијата да застане на свои нозе и да почне бизнисот реално да работи за бизнисот, а притоа да има и природен раст на самото стопанство во земјата, тогаш неопходни се овие чекори каде што имаме модел. Често пати и нашиот премиер е многу практичен и вели дајте ми еден пример каде има во регионот или во Европа да го примениме и ние истото. Токму на ова и ние се ослонуваме и велиме еве ви ги скандинавските земји, коишто ние служат за многу примери каде што и социјалниот момент многу добро се третира, но и економијата оди напред со тие можности и ресурси што таа ги има. Не можеме да кажеме дека ние немаме ресурси, немаме можности, туку имаме еден наследен проблем, не само на оваа или на претходната влада, туку од осамостојувањето, значи од 90-тите години наваму тие проблеми се таложени, многу политизирани и не му даваат на стопанството да дише со природниот здив што треба да го има.
Како го оценувате односот на банките во поглед на кредитирање на стопанството. Кон крајот на минатата година имаше најави дека повеќе ќе се кредитираат фирмите. Дали се остваруваат ваквите најави?
Апсолутно овие односи или бизнис релации бизнис-банки секој ден се подобруваат, а на тоа голем придонес дава и централната банка на чело со гувернерот. Банките не се друго, туку обични компании како и нашите, но тие наместо да продаваат стока, продаваат пари за одредена цена и сè додека побарувачката е поголема од понудата, тој нивен производ, односно парите, ќе биде поскап. Додека има поголема понуда од побарувачка, секако дека цената на тие средства ќе падне и токму во овие две години се наоѓаме во тој тренд на намалување на каматните стапки на сите деловни банки во земјава и верувам дека тој тренд ќе продолжи и оваа година и секако дека формалностите веќе се упростуваат, фирмите малку полесно доаѓаат до овие кредити коишто често пати се во граници до оние што државата ги субвенционира да бидат 5,5 отсто.
Се вели дека банките се плашат да го кредитираат стопанството, бидејќи фирмите бараат пари за тековни расходи , а тоа е ризично. Како гледате на ова?
Секако дека банките се спремни и на ризик, затоа и постојат, но го проценуваат тој ризик, како даваат и кому даваат. Јас од мое лично искуство можам да потврдам дека со две три банки со кои јас сум преговарал не е проблем да побараш кредит за ликвидност, но притоа треба да имаш одредени бројки зад себе и одредена програма којашто навистина повеќе не би те задолжила, затоа што тука навистина веќе е партнерски однос во прашање, а не лихварскиот како што беше до скоро, да не го интересира него што е твојата програма или да те советува во тој правец, затоа што ние често пати добиваме доста квалитетни совети од нашите банки коишто во последно време даваат свои сугестии. Веројатно и кадровската политика кај нив е доста променета. Така што, навистина можеме да се пофалиме дека имаме една добра, природна релација меѓу банките и бизнисот во последно време и верувам дека тој тренд ќе продолжи и понатаму затоа што е продуктивен и дава резултати.
Актуелна е темата за вработување на младите, се нудат субвенции за нивно вработување и се обезбедува пракса. Дали ако стопанството е под притисок со казни и давачки, со слаба ликвидност има шанса да се обезбеди одржливост на ваквите мерки?
Јас мислам дека оваа мерка ќе даде резултати затоа што е излезена од самиот деловен сектор, значи од бизнис заедницата и истата ќе овозможи најпрвин дел од овие вработувања коишто се прават итно како што гледаме и следиме во последните денови, тие се луѓе што се веќе вработени во компаниите коишто имаат делумно легален статус или немаат засновано работен однос, туку работат со договор на дело. Јас мислам дека ова е добра шанса за сите компании и дека ќе даде резултати и општата поддршка на владата во овој правец нас навистина нè радува, затоа што навистина и таа можеше да се најде во целиот овој процес и да ја присвои како своја добра мерка и притоа да бидеме многу задоволни од резултатите и сметаме дека ќе има потреба дури и за продолжување на овој рок. Со самото тоа што ќе биде стимулирано, младите луѓе ќе најдат свое место во компаниите и притоа ќе биде многу природно и многу нормално, нема да биде нешто форсирано, затоа што ви велам, секоја мерка што испаѓа од самиот деловен сектор е природна и одржлива и има повеќе можност да успее.