ОБСЕ и Амбасадата на Швајцарија, ќе им помагаат на младите стружани и нивните ментори од средните училишта да го развиваат соживотот.
Меѓународната заедница во Македонија, односно ОБСЕ и Амбасадата на Швајцарија, ќе им помагаат на младите стружани и нивните ментори од средните училишта да го развиваат соживотот во овој град и да зборуваат со јазикот на толеранцијата. Градоначалникот на Струга исто така се обврза на овој чекор ставајќи го својот потпис на меморандумот за реализација на проектот „Медијација за промена“.
Идејата е создавање на безбедна заедница која ќе биде во интерес на сите. Реализацијата на проектот доаѓа непосредно пред одржувањето на изборите во Македонија, ако се има во предвид дека во минатото непосредно пред одржување на изборите се случуваа инциденти помеѓу младите Македонци и Албанци во Струга.
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, рече дека овој проект има за цел да го превенира насилството во училиштата и да придонесе кон безбедни услови за учење за сите.
„Насилството во училиштето станува важен проблем во денешницата и преставува закана не само за децата кои се вовлечени во тоа насилство туку и за целото општество. Затоа многу е важно училиштата да изнајдат начин да се справат со конфликти и тензиите“, рече Брет.
Стефано Лазарато, амбасадор на Швајцарија во Македонија, кажа дека идејата им е преку заеднички активности да се надминат некои предрасуди кои ги имаме.
„Верувам цврсто дека ќе дојде време кога овие разлики ќе немаат значење. Земете ја како пример швајцарската фудбалска репрезентација. Сакам да ве поканам вас младите луѓе да не гледате на религија или затоа што зборувате на друг јазик како некоја пречка. Тоа не е пречка. Да се фокусирате да соработувате и да работите заедно“, рече Лазарато.
Струшкиот градоначалник Зијадин Села рече дека на Струга ѝ се потребни безбедни училишта и безбеден град.
„Се работи за проект кои го има зацртано и локалната администрација. Школите, а зошто не и градот, да бидат пример за соживотот и за добрите примери кои можеме да ги даваме не само за Струга туку и пошироко“, рече Села.
Учениците велат дека ситуацијата во училиштата е помирна и дека нема инциденти.
„Нема. Не е како порано, подобро е. Досега не знам ништо.“
„Порано имаше многу. Сега е подобро нема инциденти како што беше порано“, велат учениците.
Директорот на Средното училиште Ибраим Темо, Муса Џеладин, вели дека ќе се потрудат да спречат било какви инциденти.
„И сега сме преземеле некои превентивни мерки. Тоа што не преокупира за да не се случат такви проблеми“, рече Џеладини.
Насилството во училиштето станува важен проблем во денешницата и преставува закана не само за децата кои се вовлечени во тоа насилство туку и за целото општество. Затоа многу е важно училиштата да изнајдат начин да се справат со конфликти и тензиите.Ралф Брет, амбасадор на ОБСЕ во Македонија.
Идејата е создавање на безбедна заедница која ќе биде во интерес на сите. Реализацијата на проектот доаѓа непосредно пред одржувањето на изборите во Македонија, ако се има во предвид дека во минатото непосредно пред одржување на изборите се случуваа инциденти помеѓу младите Македонци и Албанци во Струга.
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, рече дека овој проект има за цел да го превенира насилството во училиштата и да придонесе кон безбедни услови за учење за сите.
Се работи за проект кои го има зацртано и локалната администрација. Школите, а зошто не и градот, да бидат пример за соживотот и за добрите примери кои можеме да ги даваме не само за Струга туку и пошироко.Зијадин Села, градоначалник на Струга.