Достапни линкови

Нема нафта, струшките ученици мрзнат


Илустрација.
Илустрација.

Учениците во струшките основни и средни училишта се смрзнуваат затоа што училиштата се уште се без нафта за греење поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат.

Учениците во струшките основни и средни училишта се смрзнуваат затоа што училиштата се уште се без нафта за греење поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат. Вкупните долгови изнесуваат приближно 2 милиони евра, а градските власти во Струга велат дека училиштата се соочуваат и со блокирани жиро сметки.
Со тие 50 тони максимално може да поминеме еден месец. Училиштата ќе добијат не колку што бараат туку колку што имаме.
Лавдрим Елмази, раководител на секторот за образование во општина Струга.
Поради ваквата состојба нема интерес меѓу компаниите за набавка на нафта за училиштата, па два тендери веќе пропаднале, вели Лавдрим Елмази раководител на секторот за образование во општина Струга.
Гимназијата Ибраим Темо во Струга.
Гимназијата Ибраим Темо во Струга.

„Ние бараме решение за проблемот. Бараме нафта од владата и од дирекцијата за резерви на нафта и од таму добивме позитивен одговор. Ни ветија дека ќе ни донесат 100 тони нафта за училиштата. Педесет тони треба да стигнат до Нова година и 50 тони после тоа. Со тие 50 тони максимално може да поминеме еден месец. Училиштата ќе добијат не колку што бараат туку колку што имаме“, вели Елмази.
Ние не се плашиме од тоа и да прекинеме ако не успееме, но знаете дека тоа не е нашата цел бидејки се зборува за образование.
Лавдрим Елмази раководител на секторот за образование во општина Струга.

Елмази вели дека ако проблемот не се реши во целост најлошиот случај е прекин на наставата.

„Тоа е најлошиот случај. Ние не се плашиме од тоа и да прекинеме ако не успееме, но знаете дека тоа не е нашата цел бидејки се зборува за образование. Има правила, а оштетувањата се големи бидејки во тој случај наставата ќе се продолжи во текот на летото. Мислиме дека до тоа нема да дојде. Среќна околност е што дел од училиштата се на дрва, и тие се снабдени со дрва“, рече Елмази.

Елмази вели дека во минатото се трошело повеќе нафта од реалното, училиштата биле снабдувани со по 500 тони нафта иако имале потреба само од 300 тони.

Даме Ложанкоски претседател на СДСМ, Струга вели дека локалната и централната власт треба да го решат проблемот.

„Потсетуваме дека неколку години наназад учениците учат во ладни училници, а во дел од училиштата учениците сами носат огрев од дома. Секојдневно се зборува за задолжитлено и бесплатно образование, а училиштата во Струга немаат пари ниту креди да купат“, рече Ложанкоски.

Ардијан Демири советник од Национална демократска преродба вели дека состојбата со училиштата во Струга е на работ на целосен колапс.

„Имавме пред неколку дена една состојба во која што родителите беа пред одлука да не ги пуштаат децата на настава во едно од училиштата .Но потоа сето тоа се разреши. Факт е дека во минатото се трошело енормно и се прикажувале разни ситуации, сепак велам дека одговорна за таквата состојба е и актуелната власт“, рече Демири.
XS
SM
MD
LG