Достапни линкови

Битолските училишта ја почнаа годината со блокирани сметки


Илустрација.
Илустрација.

Основните и средни училишта во Битола ја почнаа новата учебна година со блокирани сметки поради долгови за греење и за школски превоз.

Новата учебна година битолските училишта ја започнаа со блокирани сметки поради долговите за горивo за греење и неисплатените услуги кон автопревозниците за т.н. бесплатен школски превоз. Ваквата состојба предизвика политичка кавга меѓу локалната власт и опозицијата.
За првпат сите училишта и основните и средните стартуваат со блокирани сметки зашто должат 1,2 милиони евра за греење и превоз. Зошто училиштата се доведени во состојба во која не ќе можат да ги купат основните потребни средства за одржување на наставата? Свесни ли сте за опасноста училиштата да останат без греење на зима?
Владе Атанасовски, ЛДП.

Битолските либералдемократи ја обвинија општината дека недоволно испраќа пари во училиштата за задоволување на нивните текови потреби.
Архивска фотографија: Протест на школските превозници во Битола поради неплатен долг.
Архивска фотографија: Протест на школските превозници во Битола поради неплатен долг.

„За првпат сите училишта и основните и средните стартуваат со блокирани сметки зашто должат 1,2 милиони евра за греење и превоз. Зошто училиштата се доведени во состојба во која не ќе можат да ги купат основните потребни средства за одржување на наставата? Свесни ли сте за опасноста училиштата да останат без греење на зима?“, рече Владе Атанасовски од ЛДП.

Градоначалникот Владимир Талески објаснува дека дотациите што ги добиваат од Министерството за образование не се доволни да ги покријат потребите на училиштата. Затоа општината направила ребаланс на буџетот и издвоила средствата со кои ќе се исплаќаат делови од долгот.

„Идниот период ќе се договориме со превозниците, ќе ги дополнуваме со финансиски средства од буџетот, да го почитуваат тоа до Нова година. Доколку проблемот не се реши и понатаму на ниво на државата, јас ќе предложам повторно и со новиот буџет да се издвојат дополнително финансиски средства и в година. Мислам дека најмногу за две сезони тој проблем нема да постои“, вели Талески.

На ваквото образложение реагираа социјал-демократите со коментар дека издвоените средства се премалку за да се покријат долговите.

„Обидите на локалната власт за да интервенира во пополнување на финансиската дупка се исто така очајнички. Пари нема, сите обиди се капка во море. Кога ќе соберете и одземете, од сите споменати ставки од буџетот, од околу 1,6 милиони денари за борч од 1 милион евра, се повеќе од очајнички“, изјави Наташа Петровска од СДСМ.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG