Врз стабилноста на владината коалиција нема да има поголемо влијание доколку двете владејачки партии повторно добијат на парламентарните избори, а на претседателските биде избран Иванов.
Дел од експертите коментираат дека врз стабилноста на владината коалиција нема да има поголемо влијание доколку двете владејачки партии повторно добијат на парламентарните избори, а на претседателските избори биде избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванов.
Според аналитичарот Жидас Даскаловски она што може да се види моментално на политичката сцена е едно натпреварување да се покаже кој има поголема моќност, а самата тема е еден вид претстава која ќе заврши со победа или пораз на Иванов.
„Ако победи Иванов, мислам дека позициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе зајакнат и дека ДУИ ќе нема голема можност да се поставува во таа коалиција како страна што ја има моќта. Ако случајно Иванов не победи, што е помалку веројатно, тогаш ДУИ ќе има повеќе аргументи и повеќе моќ во односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во таа коалиција којашто е веројатно извесна после овие избори“, вели Жидас Даскаловски.
Меѓутоа, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу посочува дека коалициските партнери ги чекаат малку потензични преговори после претседателските и парламентарните избори. Во случај да победи Иванов, ДУИ ќе мора да влезе во фаза на делегитимирање на претседателот, вели Муслиу.
„Значи непризнавање на легитимноста на претседателот затоа што не е консензуален. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети веќе најави потреба за решавање на некои подолгорочни проблеми кои не тиштат, така да верувам дека во таа фаза ќе имаат потензични и потешки преговори. Сепак од првиот претседателски круг ќе зависи колкава ќе биде разликата помеѓу тие што ќе влезат во вториот круг, така да пазарите и преговарањата верувам дека ќе започнат после првиот круг на претседателските избори.
Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Муса Џафери, за претстојните претседателски и парламентарни избори, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, коментира дека партиските гласачи ќе одлучат кој ќе биде идниот претседател на државата.
„Не би се согласил дека со тоа може да се влезе во криза, далеку е од тоа. Ние имаме наш многу транспарентен став за функцијата претседател на држава или за модулот консензулаен претседател. Граѓаните ќе докажат кој претседател ќе се избере на избори, шпекулативно би било кој ќе биде поприфатлив, јас очекувам по наша пракса дека партиските гласачи ќе одлучат кој ќе биде идниот претседател на државата“, вели Муса Џафери.
До распишување на предвремените парламентарни избори дојде откако ВМРО-ДМНЕ не ја прифати иницијативата за консезуален претседател. Иванов не е кандидат кој ДУИ смета дека е консезуален. Консезуален кандидат, според нивната теорија, треба да е кандидат кој двете партии би го избрале заедно.
Ако победи Иванов, мислам дека позициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе зајакнат и дека ДУИ ќе нема голема можност да се поставува во таа коалиција како страна што ја има моќта.Жидас Даскаловски, политички аналитичар.
Според аналитичарот Жидас Даскаловски она што може да се види моментално на политичката сцена е едно натпреварување да се покаже кој има поголема моќност, а самата тема е еден вид претстава која ќе заврши со победа или пораз на Иванов.
„Ако победи Иванов, мислам дека позициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе зајакнат и дека ДУИ ќе нема голема можност да се поставува во таа коалиција како страна што ја има моќта. Ако случајно Иванов не победи, што е помалку веројатно, тогаш ДУИ ќе има повеќе аргументи и повеќе моќ во односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во таа коалиција којашто е веројатно извесна после овие избори“, вели Жидас Даскаловски.
Не би се согласил дека со тоа може да се влезе во криза, далеку е од тоа. Јас очекувам по наша пракса дека партиските гласачи ќе одлучат кој ќе биде идниот претседател на државата.Муса Џафери, ДУИ.