Вкупниот јавен долг, кој го вклучува и долгот на претпријатијата во државна сопственост, јавните агенции и јавните финансиски институции, најверојатно ќе биде значително повисок, прогнозира Европската комисија.
Европската комисија, во најновата зимска економска прогноза, наведува дека долгот на Македонија ќе продолжи да расте. ЕК предвидува државниот долг годинава да достигне 37,4 отсто, а догодина 38,9 отсто од БДП.
„Сепак, вкупниот јавен долг, кој го вклучува и долгот на претпријатијата во државна сопственост, јавните агенции и јавните финансиски институции, најверојатно ќе биде значително повисок. Тоа, исто така би го опфатило и новоформираното Јавно претпријатие за државни патишта преку кое Владата ќе ги канализира значајните трошоци за патна инфраструктура, а кое може да позајмува во свое име со долг гарантиран од страна на Владата“, наведуваат од Европската комисија.
Со цел да се спречи натамошно зголемување на јавниот долг, Комисијата препорачува понизок дефицит, кој треба да се држи на ниво од 3,6 отсто од БДП-то до 2015 година. Комисијата заклучува дека ова веројатно ќе се покаже тешко со оглед на неодамна спроведеното зголемување на пензиите, најавеното покачување на платите во јавниот сектор за оваа година, како и зголемувањето на социјалните трансфери.
Вкупниот јавен долг на Македонија, без долгот на НБРМ, на крајот на септември минатата година изнесувал 3,226 милијарди евра, односно 40,2 отсто од БДП-то, се наведува во Претпристапната економска програма за периодот 2014-2016, објавена на интернет страницата на Министерството за финансии. Опозицијата смета дека тој долг сега е уште повисок, власта тврди дека Македонија е ниско задолжена земја.
Владините претставници секогаш кога се запрашани за јавниот долг, всушност зборуваат за долгот на владата кој е околу 500 милиони евра понизок. Имено, на крајот на минатата година, вкупниот долг на централната влада изнесувал 2,757 милијарди евра, односно 34,3 отсто од БДП-то, иако, според ЕК, државниот долг лани бил 35,4% од БДП.
Јавниот долг е збир од државниот долг и долгот на јавните претпријатија и трговски друштва кои се во целосна или доминантна сопственост на државата, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и на Народната банка.
Опозицијата, повикувајќи се на податоците од Претпристапната економска програма за периодот 2014-2016, обвинува дека со тој документ власта конечно признала дека со години го прикрива јавниот долг на државата. Кире Наумов од СДСМ тврди дека вкупниот јавен долг во моментов е уште повисок од она што го објави владата.
„Ако на ова ги додадеме задолжувањата во последните три месеци од 2013, тој изнесува 3 милијарди и 390 милиони евра и е 42 отсто од БДП. При тоа, ако БДП го пресметуваме по методот на НБРМ, кој е и единствено исправен, а Ставрески не сака да го примени, вкупниот јавен долг изнесува 44 отсто од БДП-то“, обвини неодамна Наумов.
За вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, опозицијата прави сензационализам со стари бројки.
„Не знам зошто треба толку сензационализам околу тоа, како нешто сега да се открило, а податокот е стар најмалку една година и е објавуван во сите претпристапни економски програми коишто се доставувани до Брисел и во претходните години. Јас и понатаму одговорно тврдам дека државниот долг на Република Македонија е 34,3 отсто со крајот на декември 2013 година и е четврти најнизок во Европа“, рече пред две недели Ставрески.
До 2009 година, Министерството за финансии редовно ја објавуваше и состојбата на јавниот долг, но оттогаш почна да ги објавува само податоците за долгот на централна влада. Со оглед на тоа што во првите месец и половина од оваа година, владата предизборно направи буџетски дефицит од 141 милиони евра што треба да се надоместат со задолжување, државниот и јавниот долг веројатно се повисоки.
Вкупниот јавен долг, кој го вклучува и долгот на претпријатијата во државна сопственост, јавните агенции и јавните финансиски институции, најверојатно ќе биде значително повисок.Европска комисија.
Вкупниот јавен долг изнесува 44 отсто од БДП-то.Кире Наумов, СДСМ.
Со цел да се спречи натамошно зголемување на јавниот долг, Комисијата препорачува понизок дефицит, кој треба да се држи на ниво од 3,6 отсто од БДП-то до 2015 година. Комисијата заклучува дека ова веројатно ќе се покаже тешко со оглед на неодамна спроведеното зголемување на пензиите, најавеното покачување на платите во јавниот сектор за оваа година, како и зголемувањето на социјалните трансфери.
Вкупниот јавен долг на Македонија, без долгот на НБРМ, на крајот на септември минатата година изнесувал 3,226 милијарди евра, односно 40,2 отсто од БДП-то, се наведува во Претпристапната економска програма за периодот 2014-2016, објавена на интернет страницата на Министерството за финансии. Опозицијата смета дека тој долг сега е уште повисок, власта тврди дека Македонија е ниско задолжена земја.
Не знам зошто треба толку сензационализам околу тоа, како нешто сега да се открило, а податокот е стар најмалку една година.Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.