ЛГБТИ лицата во изминатите две години беа изложени на кампањи и напади засновани на хомофобија, хомофобичниот говор беше честа реторика во медиумите, а државните институции задолжени за заштита и спречување на дискриминација, самите поттикнуваа дискриминација, пишува Aнтонио Михајлов, претседател на НВО „Субверзивен Фронт“ - Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Република Македонија најмногу заостанува во однос на правата на ЛГБТИ популацијата во регионот на Југоисточна Европа. Според Rainbow Map 2013 на ИЛГА Европа, Македонија е рангирана на последното место, од сите земји во регионот, пониско и од Турција и од Косово.
Законот за заштита и спречување на дискриминација усвоен во 2010 година не ги вклучува сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација. Кривичниот законик не ги препознава хомофобичните и трансфобичните злосторства од омраза, а ЛГБТИ лицата не се правно заштитени ниту од насилството во домот и семејството.
Во 2012 година, а посебно во 2013 година, се зголеми видливоста на ЛГБТИ лицата, а со тоа се зголеми и насилството врз оваа заедница. ЛГБТИ лицата во изминатите две години беа изложени на кампањи и напади засновани на хомофобија, хомофобичниот говор беше честа реторика во медиумите, а државните институции задолжени за заштита и спречување на дискриминација, самите поттикнуваа дискриминација.
Зголемувањето на видливоста на оваа заедница се должеше на отворањето на нови граѓански здруженија кои се залагаат за правата на ЛГБТИ лицата, како и на јавното објавување на сопствената сексуална ориентација од страна на македонски актер и активист за човекови права. Во јуни 2013 година се одржа и првата Недела на гордоста, која помина во атмосфера на напади и закани, чии случаи полицијата сè уште не ги расчистила. Неодамна сите бевме сведоци на трансфобичен говор на омраза во јавниот простор, посебно на социјалните медиуми, кога македонска транс-жена настапуваше на едно регионално музичко шоу.
За жал, мал е бројот на медиуми, и тоа најчесто неколку интернет портали, кои ја поддржуваат оваа заедница, редовно известуваат за проблемите на ЛГБТИ лицата и даваат придонес во борбата против хомофобијата и трансфобијата. Не смее да се заборави и фактот што и во 21 век, постојат хомофобични содржини во дел од македонските учебници, а хомофобичното и трансфобично вознемирување/малтретирање (bullying) во училиштата не се адресира и третира како сериозен проблем.
ЛГБТИ лицата се вообичаено портретирани како дежурни виновници за горливи општествени прашања и се користат за дискредитација на политичките противници, со што уште повеќе се зголемува стигматизацијата и дискриминацијата врз овие лица. Иницијативата на владејачката партија за уставно дефинирање на бракот единствено како заедница помеѓу маж и жена и оркестрираната кампања на власта против овие лица, почнувајќи од изјавите на поранешниот министер за труд и социјална политика – Спиро Ристовски и министерката за внатрешни работи – Гордана Јанкулоска, уште повеќе ја зголемија потребата од отворање широк фронт за борба против хомофобијата и трансфобијата.
Борбата против хомофобијата и трансфобијата е борба за човекови права и таа, како клучен дел од поголемата кампања за човековите права на сите, ги вклучува не само ЛГБТИ организациите, туку и сите останати граѓански организации и индивидуи кои се активни чинители во едно демократско и цивилизирано општество. Сè поголем број на влади спроведуваат политики и програми за борба против хомофобијата и трансфобијата и затоа е неопходна соработка помеѓу владиниот и невладиниот сектор во борбата против хомофобијата и трансфобијата на национално ниво. Борбата против хомофобијата и трансфобијата исто така, станува приоритет на најзначајните меѓународни организации за промоција и заштита на човековите права (Обединетите нации, Советот на Европа, Европската унија…).
Со цел за здружено дејствување во борбата против хомофобијата и трансфобијата, на 17 февруари во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка беше промовирана Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата (НМХТ) – мрежа основана од 15 граѓански здруженија, која има за цел да ги координира активностите на национални ниво за борба против хомофобијата и трансфобијата во сите сфери на општествено дејствување. НМХТ има за цел да работи и на подигнување на свеста на јавноста и на државната администрација за потребата од борбата против хомофобијата и трансфобијата како дел од пошироката борба за еднаквост и човекови права, мониторинг и документирање на хомофобични и трансфобични акти и настани и нивна осуда во јавноста, како и за изградба на национална база на податоци за хомофобични и трансфобични инциденти, за говор на омраза заснован на сексуална ориентација и родов идентитет и кривични дела од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Последно, но не и помалку важно, НМХТ има за цел да подготвува и легислатива за спречување и заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, за санкционирање на хомофобичен и трансфобичен говор на омраза и на хомофобични и трансфобични кривични дела од омраза, како и легислатива за борба против хомофобичното и трансфобичното малтретирање/вознемирување (bullying) во образованието.
Една од првите активности на НМХТ беше испраќањето поддршка и солидарност на стечајните работници во нивната децениска голгота за извојување на социјална правда и еднаквост. ЛГБТИ лицата, како и стечајците, и сите останати групи на маргините од општеството се жртви на политиките на нееднаквост, дискриминација и неправедност, и затоа потребата од солидаризирање и поддршка на едни со други е повеќе од неопходна.
Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата е отворена за сите граѓански здруженија и индивидуи кои сакаат да придонесат во борбата за човекови права на ЛГБТИ лицата, се согласуваат со нејзините цели и ги почитуваат нејзините принципи на работа. Сите заинтересирани може да стапат во контакт преку е-пошта info@lgbtimreza.org или на веб: www.lgbtimreza.org.
ЛГБТИ лицата во изминатите две години беа изложени на кампањи и напади засновани на хомофобија, хомофобичниот говор беше честа реторика во медиумите, а државните институции задолжени за заштита и спречување на дискриминација, самите поттикнуваа дискриминација.

Борбата против хомофобијата и трансфобијата е борба за човекови права и таа, како клучен дел од поголемата кампања за човековите права на сите, ги вклучува не само ЛГБТИ организациите, туку и сите останати граѓански организации и индивидуи кои се активни чинители во едно демократско и цивилизирано општество.