Политичката реалност во Грција не остава простор за суштински напредок во однос на спорот за името, изјави министерот Никола Попоски по средбата со Евангелос Венизелос.
Општа констатација е дека политичката реалност во Грција не остава простор за суштински напредок во однос на спорот за името, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски по повеќе од едночасовната средба со својот грчки колега Евангелос Венизелос. Додаде дека владеењето на меѓународното право, преземените обврски и искрениот и отворен дијалог на политичко ниво се единствениот начин за напредок во однос на ова прашање.
„Ние во секој случај ќе бидеме посветени на она што е во доменот на наша контрола, а тоа е сите подобрувања и реформи кои ги правиме за подобра Македонија и во секој случај ќе останеме отворени за дијалог во секој момент, на секое место и во секој формат“, изјави Попоски.
Според Попоски неконструктивни се изјавите од грчка страна дека блокадата за членство на Македонија во Европската унија е резултат на неисполнувањето на Копенхашките критериуми, а не нерешениот спор за името.
„Логиката е – нема да кажеме она за што веќе сме биле осудени дека е нелегално, туку ќе наведуваме други причини, а на сите им е јасно што е главната причина и зошто сме
спречени да влеземе во НАТО и да отпочнеме преговори со ЕУ, впрочем тоа не сме го кажале само ние, тоа го кажува веќе пет години и Европската Комисија“, изјави Попоски.
На прашањето зошто само во Македонија Венизелос нема да одржи заедничка прес конференција со своите колеги, како што тоа го направи во земјите од соседството во рамките на неговата регионална турнеја, Попоски со одговор.
„Ќе следи прес-конференција во канцеларијата на Европската делегација после средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ. Претпоставувам дека можеби има некое недопаѓање на позадината, мене многу добра ми се виде,многу ми се допаѓа и мислам дека е прашање на вкусови.“
Македонија историски е ставена во ситуација да почитува договори кои и биле наметнати на основа на измислени спорови, рече шефот на македонската дипломатија и додаде дека и покрај тоа сме подготвени да разговараме во секој момент, во секој контекст и на секое ниво. На прашањето на грчки новинар дали доколку до следниот самит на НАТО не биде решено прашањето за името, Македонија повторно ќе се жали пед меѓународниот суд за правдата во Хаг или некоја друга меѓународна инститруција, Попоски со став дека Македонија сака да биде дел од меѓународни организации кои во основа го имаат почитувањето на владеењето на правото. Па оттука не смееме да го игнорираме правниот апспект на ова прашање, но немаше конкретен одговор кој би било конкретниот чекор кој ќе го преземеме доколку тоа се случи.
Во секој случај ќе останеме отворени за дијалог во секој момент, на секое место и во секој формат.Никола Попоски, министер за надворешни работи.
„Ние во секој случај ќе бидеме посветени на она што е во доменот на наша контрола, а тоа е сите подобрувања и реформи кои ги правиме за подобра Македонија и во секој случај ќе останеме отворени за дијалог во секој момент, на секое место и во секој формат“, изјави Попоски.
Според Попоски неконструктивни се изјавите од грчка страна дека блокадата за членство на Македонија во Европската унија е резултат на неисполнувањето на Копенхашките критериуми, а не нерешениот спор за името.
„Логиката е – нема да кажеме она за што веќе сме биле осудени дека е нелегално, туку ќе наведуваме други причини, а на сите им е јасно што е главната причина и зошто сме
На сите им е јасно што е главната причина и зошто сме спречени да влеземе во НАТО и да отпочнеме преговори со ЕУ, впрочем тоа не сме го кажале само ние, тоа го кажува веќе пет години и Европската Комисија.Никола Попоски, министер за надворешни работи.