Ништо не може да придвижи во спорот за името посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, едногласни се експертите во очекување на неговото пристигнување во Скопје во рамките на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан во својство на актуелен претседавач со ЕУ. Оваа посета спаѓа во неговите обврски и е исклучиво протоколарна дури, по малку и непријатна, така што и двете страни ќе очекуваат таа што побрзо да заврши, коментираат нашите соговорници.
„Оваа посета нема да донесе ништо, очигледно му е на Венизелос непријатно што доаѓа во Скопје и веројатно сè ќе заврши на тоа“, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски.
Како што веќе потврди и македонското МНР, Венизелос во Скопје ќе пристигне од Приштина со автомобил, факт кој Никовски го толкува во духот во кој веќе можеше да се чуе во македонската јавност, да го избегне слетувањето на македонскиот аеродром Александар Велики, што, според него, е веќе соодветна порака.
Она што е клучно е дека владее потполно мртвило во спорот за името во овој момент и нема сигнали дека позициите се придвижиле.
„Не гледам ниту една иницијатива во кој било од главните градови, значи Атина и Скопје, која макар навестува придвижување на спорот, макар да навестува. Немој да заборавите дека ако спорот се движи во рамките на таканаречениот процес Нимиц, многу е важно да видиме каде е, дали е воопшто жив господинот Нимиц“, изјави професор Стево Пендаровски од Советот за НАТО интеграции на СДСМ.
Ниту повеќето засилени изјави кои во пресрет на посетата на Венизелос пристигнаа од повеќето европски дипломати со порака за напредок во изнаоѓање компромис за името, не значат ништо и не можат да придонесат кон поинаков развој посочуваат експертите.
„Мислам дека сите тие изјави се наменети пред сè на македонската внатрешно политичка сцена, дел од нив се добронамерни, а некои глумат конструктивност и добронамерност“, вели Никовски.
„И Ховит и Орав примаат плата да го зборуваат тоа. Станува збор за стандардна дипломатска учтивост, да кажат дека нешто работат на тој план, иако тие се присутни во Македонија доволно често за да знаат дека на тој план не се случува ништо битно, не само поради Скопје, се разбира, туку и поради Атина“, вели Пендаровски.
Известувачот за Македонија Ричард Ховит дури порача дека по средбите на Венизелос во Скопје ќе се сретне со сите политички претставници кои учествувале на нив за да види дали тие дале свој конструктивен придонес. Според најавите, тој треба да се сретне со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на СДСМ, Зоран Заев.
Пред посетата на Скопје тој беше во Белград, Црна Гора, Сараево и Приштина. Притоа вчера во Белград даде изјава и дека очекува помош од српскиот претседател Томислав Николиќ за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје.
Оваа посета нема да донесе ништо, очигледно му е на Венизелос непријатно што доаѓа во Скопје и веројатно сè ќе заврши на тоа.Ристо Никовски, поранешен дипломат.
„Оваа посета нема да донесе ништо, очигледно му е на Венизелос непријатно што доаѓа во Скопје и веројатно сè ќе заврши на тоа“, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски.
Како што веќе потврди и македонското МНР, Венизелос во Скопје ќе пристигне од Приштина со автомобил, факт кој Никовски го толкува во духот во кој веќе можеше да се чуе во македонската јавност, да го избегне слетувањето на македонскиот аеродром Александар Велики, што, според него, е веќе соодветна порака.
И Ховит и Орав примаат плата да го зборуваат тоа. Станува збор за стандардна дипломатска учтивост, да кажат дека нешто работат на тој план.Стево Пендаровски, Советот за НАТО интеграции на СДСМ.