Истражувањето на „Јадрански слив“ покажало дека учениците од Охрид не знаат колку видови риби живеат во охриското езеро, ниту ги разликуваат пастрмката и белвицата.
Охридските ученици иако живеат во град кој излегува на езеро немаат познавање за живиот свет во Охридското Езеро. Не знаат колку видови на риби живеат во него, ниту пак знаат да разликуваат пастрмка од белвица. До овие фрапантни податоци дојдоа од Здружението Јадрански слив кој направиле анкета помеѓу речиси 1000 ученици од основните и средните училишта во градот.
Радован Димитриевски од Здружението „Јадрански слив“ вели дека е несфатливо ученици од град на вода да не ги знаат рибите кои живеат во Охридско Езеро.
„По извршената анкета помеѓу 500 ученици од основните училишта и 300 ученици од средните училишта, дојдовме до фрапантни податоци дека 100 отсто од учениците не ги знаат сите видови на риби, 94 проценти познаваат само 4 видови на риби и 92 отсто од испитаниците не можат да разликуваат пастрмка, крап и белвица.
Срамота е ученици од град на вода да не ги знаат рибите кои живеат во Охридско езеро и затоа сакаме да ги едуцираме учениците“, рече Радован Димитриевски од Здржението „Јадрански слив“.
Учениците признаваат дека не ги знаат сите риби во Охридското езеро.
„Не ги знам сите риби кои живеат во Охридското Езеро.“
РСЕ: „Ги познаваш ли сите риби?
„Не. Знам за плашица и толку.“
„Не ги знам сите риби кои живеат во Езерото“, велат ученици од Охрид.
Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро смета дека на учениците им е потребна поголема еколошка едукација.
„Еколошката едукација е нешто најбитно во овој период што ни следи. Новата генерација мора да ја има таа подлога за да гради подобар свет кој ќе биде базиран на основите на заштита на природата и со тоа да има позитивен пристап кон целокупната заштита на живиот свет“, вели Пановски.
Ако Охридското езерото го препознаваме само по Охридската пастрмка тоа е голема грешка вели, Трајче Талевски од Хидробиолошкоот завод во Охрид.
„Ова претставува еден голем минус за образовниот систем во Охрид но и за сознанијата кои младите генерации ги имаат за рибите во Охридското езеро. Во езерото живеат и голем број други видови риби кои се многу значајни за историјата на развојот на езерото и за целиот еко систем. Во Охридско езеро живеат и други 20 видови на риби кои се значајни за науката“, изјави Трајче Талевски од Хидробиолошкоот завод во Охрид.“
Тони Симоновски директор на Основното училиште Христо Узунов смета дека овој материјал треба да биде дел од наставната содржина која ќе се изучува во училиштата.
„Има место за размислување за сето тоа. Гледаме дека Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа и не само нашите ученици туку и цела млада популација треба да има повеќе познавање за Охридското Езеро“, вели Симоновски.
Низ предавањата треба да поминат учениците од сите основни и средни училишта во Охрид. Проектот од септември ќе продолжи да се спроведе и во Струга.
Дојдовме до фрапантни податоци дека 100 отсто од учениците не ги знаат сите видови на риби. Срамота е ученици од град на вода да не ги знаат рибите кои живеат во Охридско Езеро.Радован Димитриевски, Здржение „Јадрански слив“
„По извршената анкета помеѓу 500 ученици од основните училишта и 300 ученици од средните училишта, дојдовме до фрапантни податоци дека 100 отсто од учениците не ги знаат сите видови на риби, 94 проценти познаваат само 4 видови на риби и 92 отсто од испитаниците не можат да разликуваат пастрмка, крап и белвица.
Срамота е ученици од град на вода да не ги знаат рибите кои живеат во Охридско езеро и затоа сакаме да ги едуцираме учениците“, рече Радован Димитриевски од Здржението „Јадрански слив“.
„Не ги знам сите риби кои живеат во Охридското Езеро.“
РСЕ: „Ги познаваш ли сите риби?
„Не. Знам за плашица и толку.“
„Не ги знам сите риби кои живеат во Езерото“, велат ученици од Охрид.
Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро смета дека на учениците им е потребна поголема еколошка едукација.
„Еколошката едукација е нешто најбитно во овој период што ни следи. Новата генерација мора да ја има таа подлога за да гради подобар свет кој ќе биде базиран на основите на заштита на природата и со тоа да има позитивен пристап кон целокупната заштита на живиот свет“, вели Пановски.
Во езерото живеат и голем број други видови риби кои се многу значајни за историјата на развојот на езерото и за целиот еко систем.Трајче Талевски, Хидробиолошкоот завод во Охрид.