Достапни линкови

Факултети насекаде, а младите немаат ни средно


Секој четврти млад човек во Македонија е завршил само основно училиште, но и покрај ваквата состојба факултети се отвораат во повеќе населени места.

Секој четврти млад човек во Македонија е останат со основно образование, покажува официјалната статистика, но и покрај ваквата состојба факултети се отвораат во повеќе населени места. Законот со кој се предвидува задолжително средно образование не може да е единственото решение за проблемот со неедуцирани кадри, а високото образование треба да се подобри пред да се дисперзира, коментираат од младинските организации.
Секој петти, значи дваесет отсто се губат до основно, а секој четврти нема ни средно. Значи, останува со основно тој, се запишува меѓутоа некаде попат повторно рано го напушта образованието.
Неда Коруновска, Реактор.

Неда Коруновска од невладината „Реактор“ вели дека задолжителното средно образование секако е позитивна мерка, но тоа не го решава проблемот со маргинализираните заедници кои најчесто или го напуштаат образованието или никогаш не тргнуваат на училиште.

„Постојат истражувања на невладини организации кои укажуваат на, да речам, потреба од сезонска работа каде што цели фамилии се селат сезонски
Илустрација - ученици.
Илустрација - ученици.
во текот на почетокот на учебната година, каде што тие деца немаат услови како да се запишат во, да речам, новодојдените места, а подоцна во матичното живеалиште имаат многу, да речам, оправдани отсуства кои што ги буткаат тие деца надвор од системот бидејќи треба да полагаат, нели, на крајот од годината итн. а тоа се
Наместо постоечките факултети и постоечките високообразовни институции да ги подобруваме, ние лошото образование го реплицираме во повеќе градови и повеќе мали места.
Марјан Забрчанец, Младинскиот образовен форум.
најмаргинализираните групи.“

Државата најпрвин мора да ги идентификува причините за рано напуштање на образованието па потоа да дефинира конкретни активности за справување со проблемот, вели Коруновска

„Дали станува збор, на пример во струмичко имате огромен дизбаланс помеѓу упис на машките и женските деца кај одредени етнички малцинства кои што се таму и значи таму нема мерките на задолжителност со казни кај сиромашно
Студенти од Универзитетот во Битола.
Студенти од Универзитетот во Битола.
население да го решат проблемот. Значи се работи за или економски причини или традиционални и културни причини кои што бараат многу поголем ангажман и различен начин на мерки.“

Она што особено загрижува е фактот што младите со основно или без завршено основно образование имаат понизок степен на образование од нивните родители, вели Коруновска. Покрај задолжителното средно образование, со отворање на факултети низ повеќе места во земјава се очекува да се реши проблемот со високи трошоци за студии, но што е со оние кои немаат пари за патики и учебници за своите деца? Останува загрижувачката статистика ...

„Секој петти, значи дваесет отсто се губат до основно, а секој четврти нема ни средно. Значи, останува со основно тој, се запишува меѓутоа некаде попат повторно рано го напушта образованието и тој процент се зголемува на дваесет и пет отсто.“

Дополнително прашање кое се поставува во контекст на дисперзираните студии е квалитетот. Според Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум, популарно наречениот проект „Факултет во секое гратче и село“ не го подобрува квалитетот на самото образование

„Бидејќи на тој начин само се дисперзираат и онака лошите високообразовни институции. Значи, наместо ние, постоечките факултети и постоечките високообразовни институции да ги подобруваме, ние лошото образование го реплицираме во повеќе градови и повеќе мали места во обид да создадеме услови за повеќе високообразовани млади, а без притоа да се размислува што е со оние кои што немаат завршено ни основно ни средно образование“

Отворањето на нови факултети не го решава проблемот со недостаток на основно и средно образовани млади луѓе, додава Забрчанец

„Дополнително, мислам дека трендот на отворање на вакви факултети е и во насока на занимавање на младите со високо образование во недостаток на можности за нивно вработување. Имајќи во предвид дека пазарот на трудот пред се бара стручна работна сила со средно образование, кое што не може да се обезбеди од страна на образовните институции, вака само се прави одложување на проблемот со вработувањето на младите.“

Меѓународната заедница до сега неколку пати посочува дека невработеноста на младите, која според официјални проценти е една од највисоките во регионот и можеби во Европа, претставува прашање кое итно треба да се реши.
XS
SM
MD
LG