Доколку се случи предвремени парламентарни избори да отпочнат во вториот круг на претседателските избори, тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, вели Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Рилкоски, како течат подготовките во Комисијата за изборниот процес?
Подготовките во Државната изборна комисија (ДИК), барем до овој момент, се одвиваат најнормално. И пред да се објави датумот за почеток на претседателските избори, ДИК преземаше свои дејствија за што поподготвени да го дочекаме датумот и се што следи после датумот во изборниот процес. Одржавме доста работни состаноци, јавни седници и сега засега во овој момент, работењето и атмосферата во Државната изборна комисија е добра.
Наидовте ли на некој проблем и што очекувате да биде најголем предизвик за Државната изборна комисија во пресрет на претстојните избори?
Проблем кој ни се натура, или ајде да го наречеме предизвик, како што и вие рековте, е евентуално распишување и на предвремени парламентарни избори, за кој што се заговара. Јас сега ги земам за шпекулации, значи ништо не е јавно, меѓутоа доколку се случи предвремени парламентарни избори да отпочнат во вториот круг на претседателските избори, тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, во делот кадешто ќе се испомешаат датумите на едната кампања, на другата кампања, молкот. Тука ние се трудиме секојдневно да се подготвиме ако евентуално имаме предвремени парламентарни избори, да бараме решение, во секој случај ако биде така ние пред нас имаме голем предизвик и сега засега проблем.
Сакате да кажете дека Државната изборна комисија нема капацитет да ги спроведе и двата изборни циклуси или тоа само ќе го комплицира процесот?
Не за капацитетот не станува збор. Државната изборна комисија има и капацитет и искуство, меѓутоа ако ова се случи мислам дека за првпат ќе се случи едно такво поклопување на термините, така што не е во прашање за капацитетот на ДИК, туку во прашање е изнајдувањето на модуси како да ја пребродиме таа ситуација.
Подготвени сте за такво нешто доколку се случи?
Не, се подготвуваме, не сме подготвени дефинитивно, затоа што имаме некои непознаници.
Господине Рилкоски, изразивте задоволство на денот кога беше постигнат договорот за новиот изборен законик, но дали измените во истиот ни гарантираат успешно спроведување на изборите?
Точно, голем исчекор е тоа што се донесе законикот со консензус, од тука произлегува дека тие што го донесоа законот со консензус треба и целосно да го почитуваат она што го регулира изборниот законик. Очекувам дека сите ќе вложат максимум напори да го испочитуваат изборниот законик се со цел да покажат волја и спремност дека ќе се спроведува истиот. Дали ќе биде така или не ќе покаже времето што е пред нас до самиот ден на изборите.
Во постигнатиот договор е предвидено одвојување на државата од партијата. Со оглед на претходните искуства на минатите избори, реални ли се очекувањата дека политичките субјекти ќе ги почитуваат ваквите измени, бидејќи овојпат се пропишани за евентуалните прекршувања.
Политичката волја произлегува од тоа што законикот се донесе со консензус. Во законикот е предвидено и тука мислам дека најмногу имаше кршење на копјата, околу одвојување на партијата до државата. Тука се предвидени доста ограничувања коишто во претходниот законик не беа прецизно предвидени и имаме санкционирања коишто се многу сериозни за прекршителите на одредбите од тој дел од законот, со тоа што се донесе дури и измена на кривичниот законик во тој дел, кадешто се предвидени ригорозни санкции за дел од дејствијата коишто евентуално би се презеле спротивна на одредбите на овој законик, од 6 месеци до 1 година затвор, дури и до три години затворска казна.
Опозицијата веќе обвини дека постои прекршување на изборниот законик со огласите за тендери, за вработувања, најава за реализација на можни проекти од стана на владини функционери. Вие веќе кажавте дека засега немате увидено такви прекршувања, но што доколку тоа се случи? Која е вашата улога и како ќе реагирате во случај на такви злоупотреби?
Доколку утврдиме дека одредени дејствија преземени од политичките партии, од субјекти, поединци или било како, одат во тој правец, ние секако дека до институциите кои се надлежни за таквиот чин на прекршување на одредбите ќе поднесеме и соодветни барања за преземање на санкции. Ние не сме орган којшто санкционира, меѓутоа она што е во процедура за преземање, ни ќе го преземеме.
Господине Рилкоски дали на овие избори конечно ќе имаме прочистен избирачки список кој нема да биде основа за можни неправилности?
За конечно пречистен текст на избирачкиот список не можам да речам, иако од почетокот на моето доаѓање и онака како што зацртавме во самата изборна комисија евентуално да дојдеме до такво нешто, не стигнавме. А тоа беше нашата заложба, ние во целост како Државна изборна комисија да го имаме списокот и да го обработуваме. До овој момент не е така, бидејќи онаа обработка која се заснова на техниката на обработка на избирачките списоци, методологија итн., се уште се наоѓа во Државниот завод за статистика. Во оној момент кога ние ќе можеме сами да го правиме тоа што го чини Државниот завод за статистика, тогаш ќе можеме, бидејќи веќе и одговорноста ќе е наша. Тогаш ќе можеме да речеме, да ние го сработивме и гарантираме дека изборниот список е во целост исчистен. Во тој дел ние донесовме само одлука дека сме спремни.
Има капацитет ДИК да го направи тоа?
Па да. Ние сме подготвени да го преземеме во тој дел. Ние се обративме и до владата да согледа и да ни овозможи она што денес го работи Државниот завод за статистика да биде префрлено на наш терен.
Имате некаков одговор?
Не, немаме се уште, меѓутоа без разлика сега сме влезени во изборниот процес, така да какви било преземања не доаѓаат превид, освен се да функционира во интерес на мирно течење на изборната кампања.
Во договорените измени во изборниот законик предвидено е МВР четирипати годишно да го ажурира избирачкиот список. Во таа насока каква е соработката со министерството?
Од досегашната соработка мислам дека е задоволително. Досега МВР имаше обврска да ги доставува податоците двапати годишно, сега е предвидено четири пати и мислам дека не би требало да биде оптоварување за нив, бидејќи тие податоци ги имаат секојдневно кај нив. Мислам дека нема да има проблем и дека соработката во тој дел нема да има некои реперкусии.
Какви се вашите очекувања за гласањето на дијаспората? Дали и овој момент останува еден од предизвиците за Државната изборна комисија во реализацијата на изборниот процес?
Видете тука малку е покомплицирано прашањето бидејќи кога се носеше новиот изборен законик се запна на прашањето на гласањето на дијаспората и не се донесе конечно решение во тој дел, односно тој дел се остави да се решава во некое друго време, односно после претседателските избори. Ако се наметне да се одржат и предвремени парламентарни избори, тогаш навистина тоа ќе е и тоа деликатно прашање, со оглед на тоа дека во тој дел не се постигна консензус меѓу партиите во однос на гласањето во дијаспората.
Има повеќе работи кои се спорни? Што е најспорно?
Најспорно беше во однос на цензусот на гласачите кои треба да гласаат, односно да излезат на гласање и да се добие соодветен број на процент на избирачи во смисла да има некоја урамнотеженост на добиените гласови на пратеникот кој се избира во Република Македонија и пратеникот кој се избира во дијаспората.
Имаше нејаснотии и околу избирачките одбори кои одеа во странство за да го извршат гласањето, па дали тие ќе гласаат таму или ќе гласаат тука. Порано тоа беше една од проблематичните точки.
Сега тоа прашање е решено. Сите членови на избирачките одбори кои на денот на гласањето треба да бидат на гласање во странство, три дена пред датумот на гласањето ќе гласаат во ДИК. Значи им се овозможува да можат да гласаат со тоа што во ДИК ќе се одреди ново избирачко место, така што сите тие гласачи, односно членови на избирачките одбори во дијаспората ќе можат да го остварат своето право на глас три дена претходно.
Каков е според вас капацитетот на администрацијата којашто е задолжена за спроведување на изборите? Во минатото имаше доста забелешки од ОБСЕ во однос на тоа. Дали има некаков напредок?
Јас мислам дека капацитетот на администрацијата што е во ДИК и во дисперзираните подрачни единици е задоволителен. За успешно спроведување на изборите покрај професионалните луѓе ангажирани во администрацијата, ќе се ангажираат и луѓе однадвор како помошни тела кои ќе бидат припомош за што поуспешно спроведување на задачите што треба да ги изврши Државната изборна комисија.
Партиските притисоци врз администрацијата не се непознати за изборните циклуси во Македонија. Очекувате ли такви сценарија и на овие избори? Како тоа ќе влијае воопшто на изборниот процес и на изборните резултати?
Мислите на притисокот врз вработените во администрацијата од страна на политичките партии? Тоа е веќе во стратегијата на политичките партии, тука не можам да навлезам, дали ќе има или ќе нема, меѓутоа поучени од она што досега ни се случуваше, најверојатно ќе има.
Со оглед на искуството на вашите претходници, можно ли е првиот човек на Државната изборна комисија да остане имун на политичките притисоци?
Со моето доаѓање и со она што го постигнав во договор со партијата која ме предлага на бидам на ова место, сите овде во ДИК сме предложени од политичките партии на власт и од опозиција, дадов збор и добив ветување дека да максимум ќе настојувам во ДИК да се спроведува словото на законот, свесен дека политиката не може да е настрана, меѓутоа и во разговор со колегите ги замолив и нив во тој дел сите заедно да допринесеме политиката што е можено поминимално да влијае врз нас како членови на ДИК врз носењето на конечните одлуки.