Најголемите поплаки од пациентите се однесуваат на тоа дека за прегледи се закажуваат термини за по неколку месеци со образложение дека лекарот тогаш е слободен.
Иако од Министерството за здравство велат дека се забележува подобрување на процентот на пациенти што доаѓаат на преглед во закажаниот термин, во пракса има проблеми. Дел од нив се однесуваат на тоа дека за прегледи се закажуваат термини за по неколку месеци со образложение дека лекарот тогаш е слободен.
„Бев кај матичниот лекар да ми закаже преглед за специјалист, но нема термин лекарот да ми закаже. Треба два пати годишно контрола да правам, а јас еднаш направив, чекање цела година, не е тоа како што велат има брзо закажување, не“, вели еден анкетиран скопјанец.
Дел од пациентите се жалат дека имаат само 15 минути термин и оти сè е на трчање доколку се случи да се расипе системот, а со проблеми се соочуваат пациентите кои имаат потреба од итен упат. Некои, пак, се соочуваат со бирократска процедура, меѓутоа има и такви кои се задоволни.
„Тие што се итни случаи треба да чекаат со месеци, а не може да чекаат.“
„Во понеделникот бев на кардиологија за снимање, немав никакви проблеми. Со матичниот лекар немам никакви проблеми со упати, со тие работи“, велат анкетираните граѓани.
За да се намали притисокот за закажување на прегледи „Мој термин“, министерството неодамна предвиде измени со кои во иднина матичните лекари за хроничните пациенти ќе издаваат упат еднаш годишно и со тој ќе можат да ги реализираат сите неопходни прегледи. Исто така, пациентите повеќе нема одат кај нивниот матичен лекар за да го донесат заверениот упат кој е креиран при итен преглед во установа од повисоко ниво.
Во меѓувреме, и дел од лекарите бараа корекција на „Мој термин“. За една година, за 60 проценти е зголемен бројот на пациенти во ГОБ 8-ми Септември. Од болницата инсистираат прегледите од „Мој термин“ да не бидат пократки од 20 минути, бидејќи лекарите се плашат секогаш кога има премногу работа да не дојде во прашање квалитетот на прегледот.
Министерството за здравство е задоволно како функционира „Мој термин“. Од таму велат дека од 16 декември овој месец досега се испратени 13.500 смс пораки за известување на пациентите за закажаниот термин. Меѓутоа, дел од експертите коментираат дека не станува збор за суштински реформи во здравството, туку за козметички корекции. Д-р Никола Пановски вели дека она што го гледаат пациентите е електронизација, која е логична последица на технолошкиот развој.
„Веќе не се знае што се сака. За реформи се прикажуваат некои ситни работи како што се електронски картички или компјутерско закажување, што не се реформи, технологијата го бара тоа. Тоа е како да кажеме реформа е тоа што користиме компјутери или мобилни телефони, цел свет користи, така што, тоа не е реформа“, вели тој.
Д-р. Пановски вели дека пакетот на здравствени услуги не е редефиниран 15 години, а дека реформата не завршена ниту во примарната здравствена заштита, каде промените важат само за лекарите, а не и за административците.
Бев кај матичниот лекар да ми закаже преглед за специјалист, но нема термин лекарот да ми закаже. Треба два пати годишно контрола да правам, а јас еднаш направив, чекање цела година, не е тоа како што велат има брзо закажување, не.Анкетиран граѓанин.
„Бев кај матичниот лекар да ми закаже преглед за специјалист, но нема термин лекарот да ми закаже. Треба два пати годишно контрола да правам, а јас еднаш направив, чекање цела година, не е тоа како што велат има брзо закажување, не“, вели еден анкетиран скопјанец.
Дел од пациентите се жалат дека имаат само 15 минути термин и оти сè е на трчање доколку се случи да се расипе системот, а со проблеми се соочуваат пациентите кои имаат потреба од итен упат. Некои, пак, се соочуваат со бирократска процедура, меѓутоа има и такви кои се задоволни.
„Тие што се итни случаи треба да чекаат со месеци, а не може да чекаат.“
За реформи се прикажуваат некои ситни работи како што се електронски картички или компјутерско закажување, што не се реформи, технологијата го бара тоа. Тоа е како да кажеме реформа е тоа што користиме компјутери или мобилни телефони.Никола Пановски, доктор.