Достапни линкови

Мрзнат и пациентите и докторите во прилепската болница


Лекарите во прилепската болница велат дека личат на Ескими, на работно место се облечени во јакни за да се стоплат, а пациентите кои се хоспитализирани со себе носат греалки во болничките соби.

Снижувањето на температурите ги зголеми и така честите и сè погласни реакции на медицинскиот персонал во прилепската болница, кој се жали дека нема доволно греење. Велат, личат на Ескими, на работно место се облечени во јакни за да се стоплат, а пациентите кои се хоспитализирани со себе носат греалки во болничките соби.
Во овие 15 години како оваа зима што е катастрофа, немало. Воопшто нема греење во болницата, условите се неподносливи.
Илија Талески, пациент во одделот за дијализа.

Илија Богатиноски, директор на болницата во Прилеп.
Илија Богатиноски, директор на болницата во Прилеп.
На недостиг на греење се жалат и докторите кои оперираат во салите. Велат дека рацете им смрзнуваат за време на сериозни оперативни зафати. Реагираат и многу пациенти. Но, најсилни се реакциите на оние од одделот за дијализа. Таму велат дека цела зима смрзнуваат од студ и дека ова што им се случува годинава, досега не било.
Прилепската болница имаше дефект во греењето на мазутот околу два дена и тоа беше единствената причина што тие два дена немаше греење.
Илија Богатиноски, директор на прилепската болница.

„Во овие 15 години како оваа зима што е катастрофа, немало. Воопшто нема греење во болницата, условите се неподносливи. Цела зима досега, зимава откако е почната се истите услови, парно нема, некогаш се пушта два часа до 8-8.30 колку пералната да испере, повеќе нема. Ова е под сите човечки услови“, се жали Илија Талески, пациент во одделот за дијализа.

Директорот на болницата, Илија Богатиноски, објаснува дека имало дефект во системот на греење предизвикан од мазутот, којшто сега е надминат.

„Прилепската болница имаше дефект во греењето на мазутот околу два дена и тоа беше единствената причина што тие два дена немаше греење. За овој проблем од болницата беа известени повисоки авторитети, значи на повисоко ниво. Во моментот кога беше завршена поправката на греењето, се набави една мала цистерна на мазут, што дојде во една оптимална загреана состојба и веднаш беше приклучено да работи парното греење“, истакнува директорот Илија Богатиноски.

Според него, проблемот е решен. Мазут има доволно, набавени се резерви до крајот на следниот месец, сигурно. Тој додава дека греењето во болницата се регулира согласно со временските услови. За салите за дијализа, според него, се користат дополнително греалки. Овде пациентите имаат проблем, бидејќи како што вели ним им требаат потопли простории.

„Се знае дека ним им е потребна повисока температура, зашто нивната крв минува низ дијализер, па повторно се враќа во телото, значи во момент на хипотермија кога им е намалена телесната температура“, вели тој.

Проблемот со оперативните сали, пак, утешува Богатиноски, ќе се реши во текот на оваа година, кога се предвидени градежни активности за реконструкција на болницата.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG