Министерот за земјоделие Љупчо Димовски изјави дека владата ќе продолжи да ги поддржува тутунарите и нема да се откаже од нивното субвенционирање.
Не сме обврзани да ги следиме препораките од Светската здравствена организација за одгледување на тутунот во Македонија, велат од Министерството за земјоделство. Но, експертите го тврдат спротивното, односно дека ќе мора да се намали производството на тутун, како и да се отстрани финансиската и техничка поддршка на таа гранка, како што налага СЗО. Рамковна конвенција за контрола на тутунот допрва треба да се донесе.
Министерот за земјоделие Љупчо Димовски изјави дека владата ќе продолжи да ги поддржува тутунарите и нема да се откаже од нивното субвенционирање.
Универзитетскиот професор во пензија Борис Анакиев вели дека владата не може против Светската здравствена организација.
„Сите земји што се членки на СЗО мора да се придржуваат и да ги прифатат препораките. Можеби извесно време нема да мора ништо да правиме, но тоа неминовно доаѓа, ете секоја година сè позасилено се изразува незадоволството од пушењето“, вели Анакиев.
Претседателот на земјоделското здружение Клас, Перо Стојкоски, вели дека тутунот им е единствена егзистенција и нивниот живот зависи од неговото одгледување.
„Доколку таа ситуација мора да се спроведе, тогаш државата ќе мора да изнајде механизам со којшто ние како производители на тутун ќе можеме она намалување на производството на тутун да може да го надоместиме со друг производ. Во овој момент ние сè уште не сме обучени и спремни да го прекинеме или да го намалиме производството на тутун“, вели Стојкоски.
Анакиев порачува дека во иднина треба да се размислува како тутунот да биде заменет со други култури за земјоделците да не останат без приходи.
„Тутунот не загадува ништо додека не стане цигара. Државата треба постепено да ги привикнува земјоделците, да дава субвенции за супституција на тие површини под тутун, колку може да се намали, нели, колку треба да намалиме, и да го замениме со други култури“, вели Анакиев.
Според него, не се вистина тврдењата дека земјоделските површини на кои се одгледува тутун не се погодни за други култури.
Сите земји што се членки на СЗО мора да се придржуваат и да ги прифатат препораките. Можеби извесно време нема да мора ништо да правиме, но тоа неминовно доаѓа.Борис Анакиев, универзитетски професор.
Министерот за земјоделие Љупчо Димовски изјави дека владата ќе продолжи да ги поддржува тутунарите и нема да се откаже од нивното субвенционирање.
Универзитетскиот професор во пензија Борис Анакиев вели дека владата не може против Светската здравствена организација.
„Сите земји што се членки на СЗО мора да се придржуваат и да ги прифатат препораките. Можеби извесно време нема да мора ништо да правиме, но тоа неминовно доаѓа, ете секоја година сè позасилено се изразува незадоволството од пушењето“, вели Анакиев.
Доколку таа ситуација мора да се спроведе, тогаш државата ќе мора да изнајде механизам со којшто ние како производители на тутун ќе можеме она намалување на производството на тутун да може да го надоместиме со друг производ.Перо Стојкоски, претседател на земјоделското здружение Клас.