Градот Скопје во барокна офанзива. Најави дека објектите под нивна надлежност ќе добијат фасади во согласност со Скопје 2014. Општина Центар возвраќа со фасади со модерен изглед.
Во Центарот на Скопје во тек е промена на фасадите на објектите. Градот Скопје најави дека објектите коишто се под нивна надлежност ќе бидат во согласност со владиниот проект Скопје 2014. На ваквиот потег градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски возврати со фасади со нов и модерен изглед. Една од нив е и зградата позната како Папагал, зграда за која Жерновски вели дека е целосно освежување во барокното опкружување.
„Не е тајна дека гледиштето на новата власт во Општина Центар не се совпаѓа со тоа што го форсира владата како барок. Напротив. Знам дека има контрадикторни, различни размислувања за оваа фасада, но исто така знам дека предизвикува насмевки, предизвикува сосема друго расположение. Сакам да работиме нешто што е сосема спротивно од барокот“, вели градоначалникот на Центар.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Жерновски го прашува до каде се проектите за кои ветил брза реализација и оценува дека во досегашниот мандат тој успеал да префарба една зграда.
„Наместо да се зафати со решавање на основните проблеми на граѓаните, тој во сите можни бои, без да го коментираме естетскиот аспект, бојадиса една зграда и побрза да се пофали пред јавноста“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Жерновски најави дека 11 објекти ќе добијат енергетско–ефикасни фасади со термичка изолација. Тој додаде дека фасадите коишто ќе ги реновира општината ќе го задржат оригиналниот изглед и ниедна фасада нема да се менува без согласност на станарите на зградите.
Промената на изворниот изглед на постоечки објекти во центарот на Скопје е еден од главните проекти на кои сега работи градската администрација, а за таа цел одвоиле најмалку 2,6 милиони евра. Нов барокен изглед ќе добијат зградите на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и „Димитрие Чуповски“, но и зданијата што гравитираат околу плоштадите „ВМРО“ и „Мајка Тереза“.
Пред само една недела беше најавено дека во барокно руво ќе се преслечат и фасадите на музичко балетското училиште „Илија Николовски Луј“, хотелот „Стоун бриџ“, двата објекти на „Комерцијална банка“, трговските центри „Палома бјанка“ и „Плаза“, седиштето на „Стопанска банка“ до Градскиот трговски центар, седиштата на компаниите „Технометал“, „Фершпед“ и „Интекс“, Министерството за труд и социјална политика. Ако на нив се додадат и новите фасади за десетина објекти на булеварот „Илинден“, тогаш нивниот вкупен број е над 50.
Жерновски смета дека измените во Законот за градење се обид на централната власт за отстранување на сите препреки на патот кон барокот.
„Гледам дека и се персонализира оваа битка. Веројатно треба да му се одмаздат на градоначалникот со тоа што ќе му се промени фасадата. Сè уште сум во дилема како рационално да се одговори на ова лудило“, вели Жерновски.
Што се однесува до ГТЦ, Жерновски го повтори ставот дека согласно актуелниот ДУП и законската регулатива, не може да се реконструира фасадата на ГТЦ во барок, меѓутоа посочи дека власта може во секој момент да ја сменат фасадата, зошто веќе е почната постапката.
Архитектот Даница Павловска, доскорешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти, вели дека градот како целина и еуфорична динамика на реализација на проектот Скопје 2014 е несинхронизиран и архитектите се целосно изоставени.
„Тоа нема да стане дел од нас, ова е едноставно печат на овој миг и толку. Градот не го живее патот до ваков вид на декор, тој беше современ и останува современ и модерен град, ова се само поединечни атаци врз неговата суштина“, вели Павловска.
Асоцијацијата на архитекти, во дописот што го испратила до Комората на овластени архитекти и инженери, бара да се повлечат измените на Законот за градење кој на општините им овозможува да одлучуваат за промена на надворешниот изглед на објектите.
Со измените на законот за градење, освен на објектите, со одлука на Советот на општината може да се изменат и фасадите на куќите, без притоа да има согласност од сопствениците.
Не е тајна дека гледиштето на новата власт во Општина Центар не се совпаѓа со тоа што го форсира владата како барок. Напротив. Знам дека има контрадикторни, различни размислувања за оваа фасада, но исто така знам дека предизвикува насмевки, предизвикува сосема друго расположение. Сакам да работиме нешто што е сосема спротивно од барокот.Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.
„Не е тајна дека гледиштето на новата власт во Општина Центар не се совпаѓа со тоа што го форсира владата како барок. Напротив. Знам дека има контрадикторни, различни размислувања за оваа фасада, но исто така знам дека предизвикува насмевки, предизвикува сосема друго расположение. Сакам да работиме нешто што е сосема спротивно од барокот“, вели градоначалникот на Центар.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Жерновски го прашува до каде се проектите за кои ветил брза реализација и оценува дека во досегашниот мандат тој успеал да префарба една зграда.
„Наместо да се зафати со решавање на основните проблеми на граѓаните, тој во сите можни бои, без да го коментираме естетскиот аспект, бојадиса една зграда и побрза да се пофали пред јавноста“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се зафати со решавање на основните проблеми на граѓаните, тој во сите можни бои, без да го коментираме естетскиот аспект, бојадиса една зграда и побрза да се пофали пред јавноста.ВМРО-ДПМНЕ.
Жерновски најави дека 11 објекти ќе добијат енергетско–ефикасни фасади со термичка изолација. Тој додаде дека фасадите коишто ќе ги реновира општината ќе го задржат оригиналниот изглед и ниедна фасада нема да се менува без согласност на станарите на зградите.
Тоа нема да стане дел од нас, ова е едноставно печат на овој миг и толку. Градот не го живее патот до ваков вид на декор, тој беше современ и останува современ и модерен град, ова се само поединечни атаци врз неговата суштина.Даница Павловска, архитект.