Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, во вторник, на 28 јануари 2014, во 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Бегалка“, по текст на Васил Иљоски, а во адаптација и режија на Александар Малинков. Бројната актерска екипа е составена од искусни, но и млади актери – аматери, докажани во последниве неколку сезони, а изведбата се очекува со нагласено внимание од љубителите на оваа уметност во градот.
На љубителите на театарот во Кавадарци по подолго време ќе им се случи битова драма. На сцената на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, како прв проект за годинава, овој вторник ќе осамне „Бегалка“ од класикот Васил Иљоски, во адаптација и режија на Александар Малинков.
„Зошто Иљоски, зошто овој наш класик? Пред сè поради потребите на бројната театарска публика. Кавадаречката публика е едуцирана така да ние од Театарот поставуваме жанровски различни претстави. Последниве три-четири сезони сме ги поставувале и Брешан и Горан
Стефановски ...еве сега доаѓаме и на Васил Иљоски, значи во овие би рекол тешкички времиња не сакаме да одиме на лесни комедии“, вели раководителот и единствениот професионален актер во театарот.
Малинков потенцира дека неговата поставка на „Бегалка“ е класична
со благи интервенции во драматургијата и дека претставата ја носи актерска екипа составена од искусни, но и млади актери – аматери ( како Душица Настова, Диме Боцев, Љупчо Настов, Милица Гочевска, Никола Деков, Коле Колев, Зорица Ташева, Снежана Карова, Валентина Ѓорѓиева, Елизабета Златева и други), творци докажани во последните години во повеќе театарски изведби.
„Разговараме за еден претежно аматерски театар, меѓутоа аматеризмот кај нас барем не само што подразбира љубов кон штиците што значат живот туку и максимално сериозен пристап кон театарот и негово издигнување , да не биде нескромно, на едни навистина високи естетско-уметнички граници. Пред се*, во оваа претстава би рекол играат ликови кои што се автентични барем спрема годините. Тоа е еден навистина искусен и добар ансамбл. “
Марјан Тодоровски, уредник на програмата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ( во случајов заедно со Билјана Соколова задолжен за изборот на музика, светло, изработка на плакат и сценски елементи), вели дека со три до четири вакви аматерски проекти годишно тие успеваат да го анимираат месното население и да влијаат на културниот живот особено кај младите.
„Аматеризмот е нешто од кое и не може да се избега во средините каква што е Кавадарци и тоа всушност не е лошо. Но ние за да една дејност или област на пример ја кренеме на повисоко ниво недостасуваат професионалци. А ако сакаме да имаме поголема анимација не само на младите кои што се вклучуваат во работата на нашиот театар, надлежните мора да поведат грижа на тие места во културата кои што со години стојат испразнети што побргу да дојде професионален кадар бидејќи квалитетните луѓе се почесто си заминуваат од градот. Дотука е границата до која што може да се работи аматерски.“
Тој дополнува дека ним публика не им недостасува и нагласува дека секоја нивна претстава доживува најмалку 10 репризи што подразбира дека ја виделе повеќе од 2.000 вљубеници во театарот, но забележува дека за да се влијае на нејзината едуцираност е неопходно да погледне и други проекти од професионалните ансамбли во земјава.
„За да таа публика биде доволно анимирана потребни се и гостувања на професионалните театри од останатите градови во Македонија кој што по некое правило еднаш до два пати доаѓаат кај нас, но тоа се покажува како недоволно за да може да се направи мала споредба до каде е нашиот условно кажано „аматерски театар“ и што и како понатаму за да се стигне до помасовно ангажирање на креативците, но и на вклучување и анимирање на публиката во целата дејност. “
Првата реприза на „Бегалка“ ќе биде во четврток на 30 јануари, а потем пиесата ќе се најде на редовниот репертоар на Театарот при НУ Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Згора на тоа, по барање на културните установи во регионот, предвидено е битовата драма да биде прикажана и на сцените во повеќе градови во земјава.
Значи во овие би рекол тешкички времиња не сакаме да одиме на лесни комедии.Александар Малинков, режисер и актер.
„Зошто Иљоски, зошто овој наш класик? Пред сè поради потребите на бројната театарска публика. Кавадаречката публика е едуцирана така да ние од Театарот поставуваме жанровски различни претстави. Последниве три-четири сезони сме ги поставувале и Брешан и Горан
Малинков потенцира дека неговата поставка на „Бегалка“ е класична
Аматеризмот е нешто од кое и не може да се избега во средините каква што е Кавадарци и тоа всушност не е лошо. Но ние за да една дејност или област на пример ја кренеме на повисоко ниво недостасуваат професионалци.Марјан Тодоровски, Дом на културата „Иван Мазов – Климе“.