Деновиве се појави истоимениот деби албум на амбиенталниот проект „Пост глобал трио“ кој претставува континуитет во соработката на тројца македонски артисти – Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски. Се работи за комплетно импровизиран амбиентален документ на звучни пејзажи и воедно нивна прва снимка забележана на перформансот во студиото на радио Канал 103.
Комбинирани во цел час, теренските снимки, суптилните делници и текстури, резонираат некаде помеѓу апстракцијата и наративниот тек, оставајќи ве без здив со своето звучно влијание. Вметнатиот медитативен амбиент и теренските звуци ве носат низ имагинарни пејзажи, раскажувајќи приказна за чувствата и природата. Ова издание е искуство кое може да се почувствува на патување низ далечните територии на македонските планини каде се снимени користените теренски снимки, давајќи јасни слики на суптилните звучни пејзажи.
Иако се стреми да биде конкретен до одреден степен, звукот на „Пост глобал трио“ сепак се раслојува во апстрактни слоеви, останувајќи мистерија која се ужива и без да се разбере во рамките на својата карактеристична категоризација и импулси. Наменето за уживателите на тишината, звукот на природата, звучните пејзажи, теренските снимки...
Ова ќе го забележат за своето деби остварување Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски, артистите кои проектот го поимаат пред сè како континуитет во взаемната соработка и како можност преку сопствената етикета „Пост глобал рикордингс“ да ги споделат личните звуковно-истражвачки искуства.
„Пост глобал трио е проект и е резултат на постојана комуникација, размена на калви и живеење во една одредена конкретна сцена. Тројцата имаме исти интереси и заеднички пристап во создавањето на звукот, така што тоа е оној обединител кој што не врза в еден ваков проект“, истакнува Тони Димитров.
Тој дополнува дека „Пост глобал“ го користи и за неколку други проекти како на пример истоимената емисија на Канал 103, издавачката етикета и конечно како еден музички проект, колаборација во форма на трио кое создава звук кој подеднакво ги интересира и него и Мартин Георгиевски и Димитар Додовски.
Изданието е веќе достапно за слободно симнување на страната на „Пост глобал рикордингс“, а вториот албум е веќе во подготовка и планирано е да се појави наскоро за австралиската издавачка етикета „Twice Remowed“. Згора на тоа, во очекување на неговото обнародување на интернационалната сцена, момците наскоро планираат да влезат во студио и да ги забележат своите нови творечки идеи.
„Во план е некаде напролет да снимиме нов студиски материјал затоа што овие снимки кои што се објавени се направени како една ипровизациска жива сесија. Следниот албум ќе го снимаме во Лазарополе. Таму ќе опремиме едно студио и во таа прекрасна атмосфера, во местото кое се наоѓа на надморска височина од 1.300 метри, ќе го снимаме новиот проект инспирирани од планината“, вели Димитров.
Од друга страна, по настапите на „Фрик фестивал“, во емисијата „Ако никој не свири“ на Канал 103 и во Автономно-културно-социјалниот центар во Скопје, следниот перформанс на „Пост глобал трио“ е планирано да се одржи на 15 февруари во Белрад, во рамките на тамошната уметничка манифестација „Импровизација“.
„Се работи за серијал на импровизациски сесии помеѓу локални и интернационални артисти, така што за таа прилика најпрвин ние како „Пост глобал трио“ ќе настапуваме со уште еден проект од Белград, а потоа ќе влеземе во комбинации и со останатите уметници од локалната српска сцена“, вели Димитров.
Инаку во својот манифест творците за проектот ќе забележат дека „Пост глобал трио“ е доживување. Доживување кое можете да го почувствувате на патување низ далечни територии. Внатре или надвор од себе. Претстава на јасни и суптилни звучни слики и пејзажи. Влезете во шумата. Оставете го градот зад себе, на хоризонтот. Заборавете го... А сега влезете уште подлабоко. Во себе. И пронајдете се. Онакви какви веќе одамна сте се заборавиле. Проектот е настанат како континуитет на одредена комуникација, соработка, како нужност на развивање на една сцена. Звучна слика на долгогодишни взаемни филозофски медитации.
А, за својата издавачка етикета ќе забележат дека тоа е нова нет платформа за музика и звук фокусирана на амбиент, дрон, теренски снимки, пост класика и слични естетски форми. Сајтот на издавачката етикета ќе има улога и на мала галерија за уметничка фотографија, каде ќе се изложуваат дела на различни артисти.
Оваа нет етикета својата работа ја започна 2012 година, а досега забележа 10 музички изданија потпишани од интернационални артисти, пет мини галерии со фотографии, а минатата година својата работа ја надгради и со видео продукција.
За претстојниот период веќе се во план уште четири изданија, меѓу кои и една компилација (со артистите AGF, Amplidyne Effect, Bluhm, Dimitar Dodovski, Maps and Diagrams, Mikael Lind, Mnemonic45, Ole Sjogren, Snufmumriko, Emmerichk), неколку галерии и неколку видео записи.
Пост глобал трио е проект и е резултат на постојана комуникација, размена на калви и живеење во една одредена конкретна сцена. Тројцата имаме исти интереси и заеднички пристап во создавањето на звукот, така што тоа е оној обединител кој што не врза в еден ваков проект.Тони Димитров, Пост глобал трио.
Иако се стреми да биде конкретен до одреден степен, звукот на „Пост глобал трио“ сепак се раслојува во апстрактни слоеви, останувајќи мистерија која се ужива и без да се разбере во рамките на својата карактеристична категоризација и импулси. Наменето за уживателите на тишината, звукот на природата, звучните пејзажи, теренските снимки...
Ова ќе го забележат за своето деби остварување Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски, артистите кои проектот го поимаат пред сè како континуитет во взаемната соработка и како можност преку сопствената етикета „Пост глобал рикордингс“ да ги споделат личните звуковно-истражвачки искуства.
Се работи за серијал на импровизациски сесии помеѓу локални и интернационални артисти, така што за таа прилика најпрвин ние како „Пост глобал трио“ ќе настапуваме со уште еден проект од Белград, а потоа ќе влеземе во комбинации и со останатите уметници од локалната српска сценa.Тони Димитров, Пост глобал трио.