Сметам дека идејата за општ консензус за кандидат за иден претседател е една од кариките во доизградување на демократскиот систем во Македонија и во тој контекст мислам дека како идеја е неопходно да се има на маса и за неа веќе, како што знаете, лидерите, претставниците, разговараат, ја третираат и ги бараат модалитетите како да се дојде до конечно можно решение, вели министерот за одбрана Талат Џафери во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Џафери, решавањето на статусот на професионалните војници по завршувањето на нивната служба во армијата звучи како позната предизборна дарежливост. Значи ли тоа дека дозволивте преку вашиот ресор да започне вашата предизборна кампања?
Со предложеното решение професионалните војници да се трансформираат во редовен работен однос во Министерство за одбрана, односно во Армијата и во други државни институции по наполнети 45 години, сметам дека е соодветно решение со коешто даваме сигурност на припадниците на армијата и на нивните фамилии по однос на нивниот живот и работа во текот на ангажманот во армијата. Со тоа сметам дека придонесуваме во поквалитетни ангажмани на припадниците во извршувањето на задачите и во поголема сигурност во однос на она што треба од себе да даваат во однос на институцијата и функцијата. Можеби фактот дека 2014 година е изборна година во смисла на претседателски избори и остава впечаток дека тоа е во контекст на предизборието. Јас сакам да ве разубедам во тоа дека не би требало да се поврзува со никакви избори и во никаква предизборна кампања напорот за решавање на ова прашање, имајќи предвид дека и во програмата и во планот за работа на Министерството за 2014 година е предвидена планска активност во напорите на изнаоѓање на решение за измени и дополни соодветни по однос на законот за одбрана и за служба во армијата и во тој контекст ние сметаме како редовна активност на Министерството и не би ја поврзувал со можноста дека тоа е предизборна кампања, односно предизборен ангажман на владата, министерството и другите институции.
Но, токму премиерот рече дека ова не е дел од програмата на владата.
За тој дел од програмата за работа на министерството, годишната програма значи, измени и дополни на законот која што е во динамика и во тој контекст зборувам дека не се поврзува со оние потреби можеби на она што го најавивте, односно го коментиравте во смисла на предизборие.
Добро, меѓутоа од друга страна не се осмелувате да отворите, да се навратите на некои деликатни прашања како што е законот за бранителите еве во ова предизборие. А тоа прашање секако чека на разрешување. Како ќе продолжи сето тоа?
Па јас мислам дека и напорите претходни и сите разговори кои што произлегуваат од тие напори претходни во парламентот резултираат со општа констатација за општа потреба за изнаоѓање решение по однос на тоа прашање и јас го делам мислењето и конзистентен сум во мислењето и по однос на тоа што како пратеник претходно бев дел од таа кампања во изнаоѓање решение за прашањето за регулирање на статусот на тие што претрпеа штета во 2001 година. Сметам дека тоа треба да биде инклузивен пристап еднаш засекогаш во знак на помирување значи да се реши статусот на сите страни, на сите тие коишто претрпеа штета во 2001 година и во тој контекст сметам дека таа тема е отворена за разговор за да може конечно и тоа прашање да се реши на добробит на сите тие што имаат потреба од таков начин на решавање статусно прашање по однос на легислативата која што треба да го регулира.
Кога и како се очекува да се навратите на ова прашање?
Па добро, сега јас не можам да прејудицирам кога и како. Претпоставувам дека тоа ќе биде дел од сите идни разговори по однос на работата и ангажманот на коалиционите партнери и на сите субјекти кои што учествуваат во собранието и во владата и во тој контекст не би било целисходно да прејудицирам со временски рок, тоа е дел од размислувањата и од напорите на сите учесници во нештата во политичкиот живот на Република Македонија да се изнајде соодветно инклузивно решение за сите за да може конечно и тоа прашање да излезе на виделина со конечно решение за сите за еднаш засекогаш да се затвори тоа прашање.
Добро, дали овие прашања се заправо најава дека на некој начин ќе се постигне или се постигнува согласност меѓу коалиционите партнери за излегување на изборите со консензуален претседател?
Па, идејата за консензуален претседател, односно кандидат за претседател, е работа која што произлегува од воспоставената пракса на изборите на претседател на државата, имајќи предвид дека изборот се врши со слободни директни избори на граѓаните и имајќи ги предвид законските одредби дека во континуитет се излегува со предлози кои што во едно време или во друго време се имало, се немало, значи поддршка целосна по однос на можниот кандидат, а имајќи ги предвид ингеренциите и надлежностите на претседателот во извршување на државните функции, сметам дека идејата за општ консензус по однос на кандидат за иден претседател е една од кариките во доградување, доизградување на демократскиот систем во Република Македонија и во тој контекст мислам дека како идеја е неопходно да се има на маса и за неа веќе, како што знаете, лидерите, претставниците, разговараат, ја третираат и ги бараат модалитетите како да се дојде до конечно можно решение, да се изјаснат дека е изнајдено решение за консензуална, поддршка на некој од кандидатите којшто би се избрал во иднина.
Постои голема можност според Вас, постои расположение кај ВМРО-ДПМНЕ?
Јас не би сакал да лицитирам со подготвеноста или неподготвеноста на едни или на други за прифаќање или неприфаќање на идејата. Идејата е таква ставена на маса и за неа како што знаете и како што гледате отворено се разговара.
Доколку не се усогласите околу идејата, како ќе постапи ДУИ?
Па добро, јас од позиција министер за одбрана не би можел да калкулирам во тој контекст во случај хипотетички што би се случило, тоа се работи коишто политички се анализираат. Органите на партијата си ги следат сите околности во тој контекст и партиските органи ќе имаат заклучок по однос на каква било одлука по однос на ова прашање и соодветно ќе соопштат на редовни контакти со јавноста.
Ве плаши ли подолгото статус кво околу нашето приближување кон НАТО?
Во принцип ништо во животот не ме плаши освен обврските што ги имаме да ги исполниме до крај. Анализите и оценките што ни доаѓаат по однос на вреднувањето на годишната национална програма за минатата година и драфтот годишна национална програма за членство, петнаесеттиот циклус којшто го започнавме при крај на минатата година покажува дека министерството и институциите се вични тоа да го одржуваат што го имаат започнато пред 2014 година односно она што го имаат достигнато до 2008 година на самитот во Букурешт и во тој контекст за нас е сатисфакција дека вреднувањето по однос на критериумите ни се позитивни и во тој контекст ние настојуваме да ги одржиме тие вредности коишто сме ги достигнале. По однос на статус квото, тоа е општо познато дека е прашање меѓу две страни во смисла на една членка на НАТО и Република Македонија по однос на спорот со името, тоа е работа којашто во суштина не е надлежност на Министерство за одбрана за кое што би можело директно да се имплицира како министерство, но индиректно е пречка за цела држава во контекст на евро-атлантските интеграции и во тој контекст надлежноста е на друга институција на државата и тие тоа го прават, а за резултатите е работа за која што треба соодветен одговор да се побара во други институции, а од комуникациите што се прават, се прават напори конечно да се изнајде решение по однос на ова прашање и во тој контекст сметам дека би требало да се вклучат и други учесници во напорите да се изнајде, односно да се олесни постапката за изнаоѓање на решение по однос на ова прашање.
Во таа насока дали Вие ќе се надоврзете на претходните активности на ДУИ во поглед на контактите за изнаоѓање на конечно решение за името со оглед на тоа што имавте пред Нова година закажано, но не се оствари, средбата со вашиот грчки колега?
Во секој случај тоа не се напори само на ДУИ. Тоа се напори на коалиционен партнер во смисла на олеснување на комуникацијата, на придонес во општата комуникација на институциите со соодветните институции во меѓународната заедница, па вклучувајќи ги и институциите на Грција во смисла на комуникација. Во секој случај, точно е, се одложи мојата посета во Атина од оправдани причини, имајќи предвид дека во тоа време требаше да се случи самитот на Европска унија во декември и кореспондираше со обврска хомологот да не биде во Атина и е закажан нареден термин којшто ќе се реализира на соодветен начин, значи не е отстапено од таа определба ни од страна на Министерство за одбрана на Грција, ни од наша страна, значи не е отстапено, туку се реални оние околности коишто придонесоа да се одложи посетата, но и во агендата е при крајот на месецот тоа да се случи.
Нашето партиципирање во меѓународните мировни мисии не придонесува за деблокирање на нашето зачленување во НАТО, барем овој момент додека трае проблемот со името. Во која форма ќе продолжи да се реализира?
Прашањето за учество на Република Македонија во меѓународни мисии не е поврзано со напорот за деблокирање на процесот, односно на проблемот по однос на зачленување како директна активност. Се прават сите подготовки за продолжување на нашето присуство во Авганистан во пост ИСАФ мисијата, во којашто како општа определба и владата и собранието, па и министерството, како држава се имаме определено да го продолжиме нашето присуство таму, но форматот сè уште не е дефиниран со конечните подготвителни акти на северно-атлантската алијанса. Како што знаете, таа мисија би се водела од НАТО, значи би продолжила да се води од НАТО и во контекст на Европска унија, Република Македонија веќе во два наврати е учесник и учествува во европските напори на создавање на капацитети кои што се во стенд-бај. Претходно, во втората половина на 2012 година бевме дел од европската борбена група под раководство, односно под водство на Австрија, Германија и други земји од Европската унија и оваа година по одлука на владата, односно собранието, ние сме подготвени и ги вршиме сите подготовки и вежбовни активности за учество во европската борбена група во втората половина од 2014 година, којашто треба да биде во стенд-бај од јули оваа година значи до крајот на годината.
Дали сте задоволен од буџетот одвоен за одбраната за оваа година?
Па да се биде реален, никогаш не можете да кажете дека секогаш до крај и целосно да бидете задоволни со она што ви се доделува и можам да кажам дека за разлика од претходната година веќе имаме поместување во позитивна смисла во зголемување на дел од буџетските средства за разлика од претходната година и за околу 250 милиони денари имаме плус за разлика од претходна година и во тој контекст мислам дека ќе ги обезбедиме сите функции коишто стојат пред нас и со тоа да работиме на подобрување на инфраструктурата во оние елементи на инфраструктурата во кои што живеат, борават и работат припадниците на армијата.