Нов контингент на АРМ денеска заминува за Авганистан. Вкупно 150 припадници на македонската армија ќе се учествуваат во мировната мисија ИСАФ во рамките на шеснаесеттата ротација. Војниците во наредните шест месеци задачите ќе ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство.
Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев вели дека припадниците на АРМ ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
„Се работи за претпоследна ротација, бидејќи Република Македонија се води од насоките на НАТО, дека овој облик на меѓународна контрибуција во Авганистан ќе биде до 2014, а за нов облик ќе се разговара дополнително.“
Македонија е партнер на НАТО и кандидат за членство во Алијансата и има повеќе придобивки од учеството во мировните мисии, вели Димитриев.
„Прво тука е политичкиот момент, Македонија покажува дека ги дели вредностите со НАТО, дека е спремна да учествува во мировни операции коишто се со висок ризик, бидејќи состојбата во Авганистан е буквално воена состојба. Исто така од аспект на искуствата што ги добиваат нашите офицери, подофицери и
војници тоа е непроценливо.“
Едно е нашите војници да се обучуваат дома во касарна на полигон а сосема друго е искуството да се добие на терен, додава заменик-министерот
„Изминатите години нашите војници беа изложени неколкупати на напади, се справуваа со терористички напади, на коишто нели морате да бидете соодветно подготвени. Од аспект на искуство, ова е огромно искуство за нашата армија. Над 2.000 луѓе имаат изротирано во оваа мировна операција и тоа е едно солидно искуство кое треба да се пренесе и на останатите.“
Инаку, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, изминативе години во континуитет добиваат високи оценки за извршените задачи.
Македонија покажува дека ги дели вредностите со НАТО, дека е спремна да учествува во мировни операции коишто се со висок ризик.Емил Димитриев, заменик министерот за одбрана.
Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев вели дека припадниците на АРМ ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
„Се работи за претпоследна ротација, бидејќи Република Македонија се води од насоките на НАТО, дека овој облик на меѓународна контрибуција во Авганистан ќе биде до 2014, а за нов облик ќе се разговара дополнително.“
Македонија е партнер на НАТО и кандидат за членство во Алијансата и има повеќе придобивки од учеството во мировните мисии, вели Димитриев.
„Прво тука е политичкиот момент, Македонија покажува дека ги дели вредностите со НАТО, дека е спремна да учествува во мировни операции коишто се со висок ризик, бидејќи состојбата во Авганистан е буквално воена состојба. Исто така од аспект на искуствата што ги добиваат нашите офицери, подофицери и
Над 2.000 луѓе имаат изротирано во оваа мировна операција и тоа е едно солидно искуство кое треба да се пренесе и на останатите.