И покрај многуте забелешки дека лустрацијата служи за политичка пресметка со неистомислениците, сè уште актуелниот претседател на Комисијата Томе Аџиев е задоволен од сработеното.
Комисијата за верификација на факти на која и заврши мандатот, донела решенија за 124 лица дека се соработници или наредбодавачи на тајните служби, од кои 106 биле поранешни извршители на јавни функции, 11 активни носители и 7 кандидати. Комисијата не успеала да ги утврди матичните податоци за уште 40 лица за кои постојат сомневања дека биле соработници со тајните служби. Ова е билансот на работењето на првиот состав на Комисијата.
И покрај многуте забелешки дека овој процес служи за политичка пресметка со неистомислениците, сè уште актуелниот претседател на Комисијата Томе Аџиев е задоволен од сработеното. Тој ги отфрли како неосновани обвинувањата од некои граѓани кои беа лустрирани дека Комисијата е оружје на власта за политичка пресметка со неистомислениците.
„Тоа се само две-три личности и нормално е тие да обвинуваат, бидејќи Комисијата за нив утврдила одредени факти, а имаме 124 личности кои ги лустриравме, што да кажеме за другите. Комисијата ги трпи тие критики од нив и очекува во понатамошниот период да се потврдат решенијата на Комисијата“, вели Аџиев.
Во Управниот суд има поднесено уште 40-тина жалби за одлуките на Комисијата. Инаку, откако биле лустрирани досега, функцијата им престанала на неколку лица како на пример на претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски, кој беше разрешен, а еден судија за кој деновиве Лустрациска доби одлука од Управниот суд е суспендиран од своето работно место.
Според Аџиев, Комисијата се соочуваа со доста проблеми во своето работење. Одредена група луѓе во државата сака да се спроведе процесот на лустрација, додека одредена група се противи на процесот, изјави Аџиев.
Меѓутоа процесот на лустрација го следат контроверзи и обвинувања дека е политички обоен уште од почетокот. Експертите потсетуваат дека Уставниот суд два пати интервенираше со поништувачки одлуки ставајќи вон правна сила голем број спорни одлуки.
„Имало случаи, имало постапки каде што се забележува одредена тенденција од страна на Комисијата и каде што Комисијата покажуваше пристрасност во конкретни постапки. Од самиот факт што за одделни лица се утврдува дека поради фактот што се од друга политичка партија, по секоја цена се настојуваше да се води постапка и се спроведе таква постапка со донесување конкретно решение за лустрирање“, изјави професор Осман Кадриу.
Во изминатиот мандат кој почна на 15 јануари 2009 година, Комисијата проверила досиеја на 29.147 лица, а во следните пет години треба да бидат проверени уште 20 илјади. На првата седница на Комисијата во новиот состав ќе се разгледуваат досиејата на новите членови.
Тоа се само две-три личности и нормално е тие да обвинуваат, бидејќи Комисијата за нив утврдила одредени факти, а имаме 124 личности кои ги лустриравме.Томе Аџиев, претседател на Комисијата за лустрација.
И покрај многуте забелешки дека овој процес служи за политичка пресметка со неистомислениците, сè уште актуелниот претседател на Комисијата Томе Аџиев е задоволен од сработеното. Тој ги отфрли како неосновани обвинувањата од некои граѓани кои беа лустрирани дека Комисијата е оружје на власта за политичка пресметка со неистомислениците.
„Тоа се само две-три личности и нормално е тие да обвинуваат, бидејќи Комисијата за нив утврдила одредени факти, а имаме 124 личности кои ги лустриравме, што да кажеме за другите. Комисијата ги трпи тие критики од нив и очекува во понатамошниот период да се потврдат решенијата на Комисијата“, вели Аџиев.
Имало случаи, имало постапки каде што се забележува одредена тенденција од страна на Комисијата и каде што Комисијата покажуваше пристрасност во конкретни постапки.Осман Кадриу, универзитетски професор.