Разговори Заев - Филе во Брисел за внатрешните реформи во Република Македонија и проблемот со Грција за името. Заев изнел идеи за придвижување напред.
Внатрешните реформи во Република Македонија и проблемот со Грција за името биле теми на денешната средба во Брисел на лидерот на СДСМ Зоран Заев со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на кој присуствувала и заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска.
„Пред се, нагласивме дека очекуваме јасно да се постигне договор со власта, во делот на разграничување на партијата од државата, што го има како препорака во Извештајот на Европската комисија, како и сите други регулативи, кои што изборното законодавство мора да ги предвиди. Истовремено, зборувавме за слободата на медиумите и она што е исто така, препорака во делот на внатрешните реформи на Република Македонија“, изјави Заев, по средбата со Филе.
Тој побарал од ЕК да го искористи грчкото претседателство за подиректно да се вклучи во решавање на долгогодишниот проблем со името и изнел некои предлози како да се постигне тоа.
„Нотиравме неколку идеи како тоа би можело да се случи, за секако да конвергираме до конечната цел, да се најде решение. Но, секако, очекуваме дека она што зависи од Република Македонија, пред се, од нас како политички партии од власта, секако и од опозицијата, ќе биде решено и надминато. Се надевам дека уште утре, кога се држи состанокот на работните групи за изборното законодавство токму и оваа препорака, која што е препорака од Советот на Европа, ќе биде имплементирана како и една од најзначајните препораки на ОБСЕ/ОДИХР“, изјави Заев.
Во официјалното соопштение на Европската комисија, издадено неколку часа по средбата, се вели дека Филе и лидерот на Социјал-демократите разговарале за процесот на пристапување на Македонија во Европската унија, при што комесарот Филе ја потврдил перспективата на земјата во Унијата. Филе, според соопштението, исто така ја истакнал потребата за подобрување на политичкиот дискурс во земјата и важноста од национален консензус за заедничката цел за интеграција во ЕУ.
„Кога политичкиот договор од 1. март ќе се имплементира, Комисијата ќе биде подготвена да го поддржи реформскиот процес преку пристапниот дијалог на високо ниво, а властите ги охрабрувам да останат посветени на спроведувањето на реформите и да продолжат со подобрување на добрососедските односи“, истакнал Филе.
Според соопштението на Комисијата, комесарот Филе и Заев разговарале и за потребата од најитни реформи во земјата, особено во областа на владеењето на правото и слободата на медиумите, како и за работата на работните групи на изборното законодавство. Во овој контекст тие ја истакнале важноста од фер услови за политички натпревар.