Достапни линкови

Нова стратегија за евро-интеграциите


Дојдено е време за освежување на европската агенда, треба политичарите да се договорат како понатаму, велат нашите соговорници, но се сомневаат во тоа дека постои клима за консензус.

По самитот на ЕУ во Брисел на кој петтата препорака по ред не беше ефектурана во датум за отпочнување преговори, од опозициска страна во неколку наврати можеа да се чујат предлози дека е крајно време лекот да се бара низ домашна стратегија за деблокирање на евроинтеграциите.
Значи прво дали Македонија останува на тој пат или можеби треба да се договори со еден општ консензус алтернатива или план Б.
Стево Пендаровски, универзитетски професор и член на СДСМ.

Од насока на НСДП, овој предлог доаѓал и порано но нејзиниот лидер го актуелизираше токму веднаш по завршетокот на последнава евроинтеграциска неуспешна епизода. Малку подоцна претседателот на Советот за надворешна политика на СДСМ, Стево Пендаровски го образложи сличниот предлог и со како што вели новиот ​регионален контекст од аспект
на евроинтеграциите. Ако веќе влегуваме ккао што вели во турско сценарио, впечаток е дека токму сега треба да се свикаат релевантните политички субјекти во земјава и да се договорат.

„Значи прво дали Македонија останува на тој пат или можеби треба да се договори со еден општ консензус алтернатива или план Б,
Можеби во 2014 ќе треба да се направи некаква реевалуација на позициите, ставовите и да погледнеме како понатаму во овој правец.
Ермира Мехмети, ДУИ.
иако останува до каде државата, народот, сите ние, можеме да одиме во постигнување на евентуален компромис за да влеземе во интеграциите, а при тоа да не ги изгубиме најважните, виталните специфики на македонскиот народ, кои претпоставувам, никој нормален не сака да ги преговара“, вели Пендаровски.

Следниот чекор треба да биде одговорот на прашањето до каде треба да се оди и кои се македонските црвени линии,
додава Пендаровски.

За Ермира Мехмети од ДУИ неважно е како тоа би се нарекло, но дека е дојдено време за некакво освежување на европската агенда.

„Можеби во 2014 ќе треба да се направи некаква реевалуација на позициите, ставовите и да погледнеме како понатаму во овој
Последниот европски самит дефинитивно покажа и потврди дека политиката на Брисел останува и немаат никаква намера да ја менуваат, тоа е нешто што е недискутабилно.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.
правец“ , вели Мехмети.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски не гледа зошто би била потребен каков и да е нов документ во врска со евроинтеграциите бидејќи околу оваа агенда постои усогласеност меѓу политичките фактори во земјава а од друга страна проблемот како што вели е содржан во спорот за името па според тоа јасно е дека усогласеноста треба да с епостигне само околу ова прашање.

„Последниот европски самит дефинитивно покажа и потврди дека политиката на Брисел останува и немаат никаква намера да ја менуваат, тоа е нешто што е недискутабилно. Сите напори мора да се насочат кон тој правец и да се бара макар минимален консензус за тоа прашање“, вели Никовски.

Каков и да е документ во кој ќе нудиме решенија може да ја девалвира нашата позиција, додава Никовски. Ние треба да се договаераме околу тоа ккао да го задржиме името, вели тој.

Досегашните предлози и потези се сведуваат на политика реторика за дневнополитички поени, посочува Пендаровски и токму затоа треба да се договориме како држава дека околу ова прашање нема да се расправаат политичките опоненти, па според тоа треба да се издигне на ниво на прашање од највисок државен интерес налик на однесувањето на грчката страна.

„Затоа мислам дека првин треба да се направат разговори меѓу лидерите на опозицијата и на власта, надвор од очите на јавноста, не во смисла да се сокрие нешто, туку само да се направи еден џентламенски политички договор дека на тоа прашање нема никој да добива и да губи поени, бидејќи прашањето е надпартиско.“

За консензус на многу прашања вклучувајќи ги и евроинтеграциите во земјава во моментов не постои клима, велат соговорниците. Тешко дека тој може да се постигне дури и околу прашањето дали државна стратегија за откочување на нашите евроинтеграции ни е воопшто потребна.
XS
SM
MD
LG