Она што го гледаат невладините на терен, особено нашите партнери, невладините кои имаат СОС телефони, е дека насилството расте од година в година, вели Билјана Настовска од невладина организација Млади активисти против семејно насилство, во интервју за Радио Слободна Европа.
Досега во Македонија имаше повеќе иницијативи за спречување на насилството врз жената и врз домашното насилство воопшто. Како сега стојат состојбите, има ли потреба за повеќе активности?
Во 2012 беше последната поголема кампања, во 2013 веќе ни фалеше една поголема кампања, особено во периодот од 25 ноември до 10 декември, кога всушност се оние 16 дена на активизам за борба против семејно насилство и насилство врз жената. Ние како организација направивме неколку иницијативи во тој период. Една од нив беше одбележувањето на „Портокаловиот ден“. На 25 ноември организиравме една тивка аукција, а финансиите што ги обезбедивме се за жените жртви на семејно насилство во рамки на некој од нашите шелтери, односно шелтери кои постојат во Македонија, а ги водат невладини организации.
Каква е состојбата со семејното насилство сега, дали е во толкава мера како порано?
Морам да напомнам дека она што го гледаат невладините на терен, особено нашите партнери, невладините кои имаат СОС телефони, е дека насилството расте од година в година. Јас во моментов ги имам податоците од Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. На пример во 2011 имавме 593 кривични дела поднесени во МВР, од кои 550 сторители беа мажи, значи 92 проценти од сторителите на семејно насилство се мажи, што покажува дека станува збор за родово базирано насилство во секој случај. Министерството за труд и социјална политика во 2011 пријавува 733 случаи на семејно насилство, од кои 576 се жени, а во 2012 се пријавени веќе 854, што значи дека само за година дена имаме пораст од 121 случај, што не е мала работа.
Што го предизвикува овој пораст на насилство, наместо да имаме намалување?
Насилството е социолошка работа, не можеме сега без да имаме конкретна анализа да кажеме што е она што го предизвикува. Причините се различни, не се само финансиските проблеми во општеството, семејното насилство е присутно и во Шведска и во Норвешка. Во овој момент не можам да ви кажам точно зошто во Македонија се случува, меѓутоа она што ни го покажуваат бројките се загрижувачки навистина.
Како ги оценувате напорите на институциите да се справат со овој проблем?
Што се однесува до владата морам да напомнам дека направија големи исчекори напред, особено во последните неколку години. До 2004 година ние немавме законско препознавање на оваа форма на насилство, а таа царуваше во голема мера.
Доволен ли е законот, без охрабрување од останатите институции, како судството, Министерството за внатрешни работи?
Македонија не е слаба во однос на она што законот го предвидува, ние како таква ја имаме формата на заштита на жената, меѓутоа сепак заштитата на жената по основа на оние минимум стандарди во светот е скапа работа, значи тука треба да се алоцираат дополнителни средства, за да можеме да ја заштитиме жената, односно субјектот на насилство во онаа смисла што ја бара Конвенцијата што во мај 2011 Македонија ја потпиша, тоа е Конвенцијата на Советот на Европа за намалување на семејно насилство и насилство врз жената, така што колку е сега спремна Македонија во тој дел може да дебатираме, но не можам да кажам дека владата и институциите не ги следат законите.