Достапни линкови

Македонија да ја ратификува Конвенцијата против семејно насилство


Весна Матевска од невладината организација ХЕРА и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Весна Матевска од невладината организација ХЕРА и Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Активистките побараа Македонија да ја ратификува Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство на Советот на Европа. Конвенцијата е потпишана од 27 земји-членки на Советот на Европа, а ратификувана е од осум земји. Потребно е да ја ратификуваат уште две земји за да стапи во сила.

Голем дел од работите наведени во стратешките документи и протоколи за спречување и заштита од семејно насилство не се спроведуваат соодветно во пракса, реагираат дел од невладините организации.
Потребно ни е во земјата да имаме шелтер центри кои работат и нудат поддршка и заштита на жртви на семејно насилство 24 часа.
Весна Матевска, ХЕРА.

Илустрација.
Илустрација.
„Потребно ни е во земјата да имаме шелтер центри кои работат и нудат поддршка и заштита на жртви на семејно насилство 24 часа, потребни ни се советувалишта за работа со сторители на семејно насилство и советувалишта за работа со цеца децентрализирани во сите градови низ Македонија. Дополнително, потребно ни е да имаме полициски станици кои интервенираат и излегуваат на терен по пријава за семејно насилство независно од тоа колку пати претходно веќе биле во тоа семејство. Потребно ни е Центрите за социјална работа да се технички опремени и да имаат можност да излезат на терен и да направат увид во семејствата по секоја пријава на семејно насилство“, изјави Весна Матевска од невладината организација ХЕРА на прес-конференцијата по повод Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените на која беше најавена кампањата „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.
Самите жртви велат дека прво ги заштитуваат децата, се заштитуваат себеси од срамот, трето, затоа што го забрзуваат процесот ако го направат по спогодбен пат, и, како што кажуваат жртвите, и судиите и адвокатите им велат да направат вака, токму поради тоа што може процесот да се забрза.
Савка Тодоровска, Национален совет за родова рамноправност и СОЖМ.

Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство побара Македонија да ја ратификува Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство на Советот на Европа. Конвенцијата е потпишана од 27 земји-членки на Советот на Европа, а ратификувана е од осум земји. Потребно е да ја ратификуваат уште две земји за да стапи во сила.

„Македонија треба што поскоро да ја ратификува конвенцијата и да започне со измени и дополнување на законската регулатива, како и воспоставување на сервиси за заштита на жените-жртви на различните форми на насилство, особено ако го земеме предвид фактот дека Македонија веќе ја потпиша оваа Конвенција на 8 јули 2011 година и со тоа ја презема обврската да продолжи со унапредување на сервисите за жртвите на различните форми на насилство“, вели Димушевска.

Савка Тодоровска од Националниот совет за родова рамноправност и СОЖМ рече дека само два отсто од случаите на семејно насилство добиваат судски епилог.

„Самите жртви велат дека прво ги заштитуваат децата, се заштитуваат себеси од срамот, трето, затоа што го забрзуваат процесот ако го направат по спогодбен пат, и, како што кажуваат жртвите, и судиите и адвокатите им велат да направат вака, токму поради тоа што може процесот да се забрза“, вели Тодоровска.

Жртвите од семејно насилство се откажуваат од судски епилог или не бараат помош поради долготрајноста на судските процеси, срамот, поради тоа што немаат пари, нема кој да им ги чува децата, немаат физичка заштита од насилникот, велат во невладините. Според податоците на МВР, во првото тримесечје од оваа година се евидентирани 174 кривични дела при семејно насилство.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG