Достапни линкови

Со танцување рекоа „НЕ“ на насилството врз жените


Стоп за семејното насилство и насилството врз жените
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:31 0:00

Стоп за семејното насилство и насилството врз жените

Стотина жени од Македонија се вклучија во глобалната мисија против насилството на жените. Мотото на мисијата е - Ајде да танцуваме додека земјата не загрми и додека не се активираат сите жени и мажи во светот за да речат „НЕ“ на насилството врз жената.

Ајде да танцуваме додека земјата не загрми и додека не се активираат сите жени и мажи во светот за да речат „НЕ“ на насилството врз жената. Ова беше мотото на глобалната мисија која се одржа во над 200 земји во светот, а на неа со танц во центарот на Скопје се приклучија и стотина жени од Македонија.
Со мојата одлука да се разведам јас бев и психички и физички малтретирана од мојот поранешен сопруг. Многу тешко ми беше да се изборам за старателството врз мојата ќерка. Небулозно е веќе да го има насилството, 21 век е.
Хелена Роза, ТВ водителка.

Организаторите на настанот од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, велат дека целта на оваа кампања е да се покрене свеста во јавноста дека насилството врз жената мора да престане.

Познатата ТВ водителка Хелeна Роза вели дека знае какво е чувството да се биде од другата страна, односно да се биде жртва на семејно насилство, нешто што во земјава е честа појава.

„Со мојата одлука да се разведам јас бев и психички и физички малтретирана од мојот поранешен сопруг. Многу тешко ми беше да се изборам за старателството врз мојата ќерка. Небулозно е веќе да го има насилството, 21 век е, треба да сфатиме дека едноставно пред се сме луѓе и секој човек заслужува да биде третирани како човек, а не како животно. “
Најголемиот проблем е што ние немаме истражување со кое би знаеле од кои други насилства страдаат жените во Македонија, освен од семејно.
Елена Димушевска, организатор на настанот.

Голем дел од учесниците велат дека ова е проблем за кој ретко се говори јавно.

Една од организаторите на настанот Елена Димушевска, вели дека е крајно време да се преземат сериозни мерки во земјава за заштита на жртвите, превенција од насилство на потенцијалните жртви и да се покрене свеста на владата дека не е само семејното насилство единствен облик на насилство кое што го трпат жените.

„Најголемиот проблем е што ние немаме истражување со кое би знаеле од кои други насилства страдаат жените во Македонија, освен од семејно. Единственото национално истражување за семејно насилство беше направено во 2012-та, кое се концентрираше само на жртвите на семејно насилство.“

Директорката на Хелсиншки комитет Уранија Пировска, вели дека е загрижена што се уште во одредени делови од земјава особено во руралните средини има жени кои што трпат насилство и не го пријавуваат.

„Затоа што не знаат, затоа што во одредени средини насилството претставува традиција, насилството врз жената претставува нешто што тие жени гледале дека им се случува на нивните мајки, на нивните баби. Пред се станува збор за еден ментален склоп, во руралните средини многу е потешко да допрат информациите.“

Таа додава дека она што недостасува во институциите е превенцијата од насилство и нема соодветен начин на кој институциите можат да ги заштитат жртвите.

Според податоците од граѓанскиот сектор секоја петта жена во Македонија е жртва на физичко насилство, а секоја 10-та е жртва на сексуално насилство. Само 23 проценти од жртвите побарале помош, додека 55 отсто се одлучиле да премолчат.​
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG