Рекламите во странските медиуми и сето она што е направено од почетокот на 2007 година досега е многу исплатливо. Јас на тоа многу повеќе гледам како на инвестиција, отколку како на трошок, вели директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, во интервју за Радио Слободна Европа.
Господине Мизо, најавивте дека во наредната година очекувате 10 странски компании да инвестираат во Македонија. Колку со некои од нив веќе е потпишан некаков пред договор?
Има неколку компании со кои веќе ги имаме завршено разговорите и преговорите, тие имаат донесено интерна одлука за инвестирање, постојат и компании кои ова веќе и официјално го имаат кажано, тоа беше случајот со една турска компанија од автомобилската индустрија, но истовремено и некои од процедурите дури и околу поминување на сите оние закупи на земјиште и сето тоа се поминати низ владина процедура, но моментот на обелоденување на одлуката компаниите ја прават врз основа на нивните интерни процедури и нормално пред крајот на годината сите тие берзантски индекси може да се сензитивни на вакви информации, така што јас сметам дека во првиот квартал од оваа година, добар дел од компаниите кои донеле вакви одлуки ќе го објават тоа и ќе започнат со различен вид на активности.
За какви компании се работи?
Не се сите овие компании од производствените дејности и не се сите компании со коишто сме во вакви напредни разговори секогаш компании кои би инвестирале во технолошко-индустриските развојни зони, но можам да кажам дека тука влегуваат компании од САД, од Италија, од Германија, од Турција. Тука во моментов имаме еден најпотенцијален инвестициски циклус. Секторите, ако можам еве и подефинирано да кажам, зборуваме за компании кои може да бидат од автомобилската индустрија, од ИТ индустријата и општо од производствени дејности претежно.
Колку инвестиции генерално очекувате оваа година?
Јас сметам дека оваа година, како што гледаме дека веќе започна подобрувањето на состојбите во европската економија, значи она што го гледаме, подобрување не само во Германија, туку и Франција имаше една нагорна ревизија на економскиот раст во третиот квартал, тоа значи дека закрепнувањето полека, но сигурно, продолжува и е веќе присутно, со тоа што директно тоа би се одразило и кон потенцијалните нови инвестиции и носење на одлука и можеби, би рекол во некој случај, и зголемен кураж на оние странски компании и инвеститори кои ги разгледуваат можностите, но се скептични поради состојбите на пазарот, така што од таа гледна точка сметам дека оваа година ќе биде попозитивна од минатата година и дека активно ќе бидеме и ние вклучени во тие нови инвестициски циклуси.
Зошто повторно не се даваат информации за тоа колку чинат рекламите во странските медиуми и дали се исплатеа?
Како прво, рекламите во странските медиуми и сето она што е направено од почетокот на 2007 година досега е многу исплатливо и уште еднаш да потенцирам, јас на тоа многу повеќе гледам како на инвестиција, отколку како на трошок. Сите тие бројки се во рамките на буџетите, посебно за рекламирањето на инвестициските можности на Агенцијата за странски инвестиции, така што тие бројки се согласно нивниот буџет и она што е алоцирано за секоја од овие изминати години како и за оваа, а резултатите ги гледаме, бидејќи полека, но сигурно, сме една од земјите која активно се разгледува во оние први пет до шест земји кои се гледаат во Источна Европа како потенцијални дестинации, а навистина пред шест до седум години воопшто не бевме во таа група на земји.