Засега процесот е во стагнација, нема на повидок некои нови моменти. велат аналитичарите, но посочуваат дека наредната година може ќе биде поразлична.
Прашањето што се наметнува е дали во наредната година ќе има некаков поместување за решавање на спорот со името со Грција или повторно процесот ќе биде закочен, откако претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека Советот за безбедност треба да ја ефектуира пресудата од Меѓународниот суд на правдата. Во изминатиот период се спомнуваше и евентуален нов формат во преговорите во кој би се вклучиле САД и ЕУ.
Професор Димитар Мирчев вели дека после толку години преговори за името се видело дека тие не се блокирани од наша страна и нема волја за непосреден дијалог на високо ниво со што не се постигнале никакви резултати.
„Поентата е ОН, па и Советот за безбедност да расправаат за тоа прашање и евентуално да преземат некои мерки или да дадат некои препораки за натамошниот процес. Засега процесот е во стагнација, нема на повидок некои нови моменти.“
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу верува дека наредната година ќе биде поразлична поради се поголемото влијание на спорот во внатрешната политичка сцена и со тоа нашата дипломатија ќе има поактивна улога.
„Самото претседателствување на Грција со ЕУ во идните шест месеци треба да се искористи од наша страна како дополнително охрабрување врз нив за се изврши
позитивен притисок не само од нас, туку и од нашите и нивни меѓународни партнери за да може целиот процес да се одблокира.“
Мирчев додава дека проактивната улога на ОН може да помогне во разрешување на спорот.
„Дали тоа ќе биде во наредната година тешко може да се оцени, меѓутоа во секој случај ние сме многу заинтересирани што побргу да се разреши и бидејќи тој спор и ставот на Грција е веќе дел и на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, веројатно се очекува и Унијата да го активира своето влијание и посредување и слично.“
Според Муслиу, Советот за безбедност и да ја ефектуира пресудата тоа нема да влијае врз начинот на одлучување во ЕУ. Тој не очекува ни ЕУ или САД да се вклучат во решавање на проблемот, иако тоа би било добро за земјата.
„Иако тие охрабруваат, ЕУ и САД не верувам дека ќе прифатат директно вклучување во преговарачкиот процес.“
Министерот за надворешни работи Никола Попоски порача дека остануваат посветени на спорот и работат на негово надминување, но сепак Грција е таа што треба да преземе чекори.
Поентата е ОН, па и Советот за безбедност да расправаат за тоа прашање и евентуално да преземат некои мерки или да дадат некои препораки за натамошниот процес. Засега процесот е во стагнација, нема на повидок некои нови моменти.Димитар Мирчев, универзитетски професор.
Професор Димитар Мирчев вели дека после толку години преговори за името се видело дека тие не се блокирани од наша страна и нема волја за непосреден дијалог на високо ниво со што не се постигнале никакви резултати.
„Поентата е ОН, па и Советот за безбедност да расправаат за тоа прашање и евентуално да преземат некои мерки или да дадат некои препораки за натамошниот процес. Засега процесот е во стагнација, нема на повидок некои нови моменти.“
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу верува дека наредната година ќе биде поразлична поради се поголемото влијание на спорот во внатрешната политичка сцена и со тоа нашата дипломатија ќе има поактивна улога.
„Самото претседателствување на Грција со ЕУ во идните шест месеци треба да се искористи од наша страна како дополнително охрабрување врз нив за се изврши
Иако тие охрабруваат, ЕУ и САД не верувам дека ќе прифатат директно вклучување во преговарачкиот процес.Албер Муслиу, аналитичар.