Поради долгогодишниот долг на локалното ЈП „Водовод“ кон ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле “, се доведува во прашање водоснабдувањето на градот, но од двете претпријатија уверуваат дека вода ќе има.
Воспоставена е комуникација помеѓу директорите на двете јавни претпријатија за водоснабдување на Куманово, но долгогодишниот долг на локалното ЈП „Водовод“ кон ЈП „Водостопанство Кумановско -Липковско Поле “ под ингеренции на централната власт, со судски пресуди ја блокира сметката на должникот. Директорите на двете претпријатија Горан Стојковски и Филип Филиповски со поддршка од своите тимови преземаат мерки проблемот да се надмине, а граѓаните да не останат без вода.
Филип Филиповски смета дека „Водовод“ е под постојани блокади поради неисплаќаните долгови не само кон „Водостопанство“, туку и кон други доверители.
„Како менаџер, лично мислам дека Горан Стојковски влече вистински потези кон нормализирање на ЈП „Водовод“. Меѓутоа, долговите се присутни и не знам колку во тоа ќе успее. „Водовод“ кон „Водостопанство“ должи 65 милиони денари по основ на стари долгови и мора
да констатираме дека месечно пристигаат нови фактури и тој долг се зголемува. Од наша страна нема никаков основ да се пласира тезата дека Куманово ќе остане без вода. Општината има можности да изврши интервенција да ги плати обврските кои „Водовод“ ги има кон доверителите да ја нормализира состојбата. Сите теории дека Куманово ќе остане без вода мислам дека е
политизирање од Општината и од градоначалникот. “
Горан Стојковски кој само три месеци е директор, се бори да ги надмине напластените проблеми во „Водовод“. Оптимист е дека ќе успее во тоа и додава:
„Водовод како ЈП кое што е сервис пред се, на услуги на граѓаните за редовно водоснабдување, максимално и со сиот расположлив капацитет ќе се погрижи водоснабдувањето да не биде нарушено во овој тежок период за самото претпријатие. Овдека има способни, стручни, спремни и домаќини луѓе кои и со свои средства и повеќе од работното време помагаат за непреченоводоснабдување на граѓаните на
Куманово.“
Според него долгот кон „Водостопанство“ изнесува:
„Моменталниот долг по правосилна извршна пресуда е 6, 77 милиони денари, а со камата околу девет ипол милиони денари.“
Оптимистичките најави во состојба во која сметката и на Општината и на „Водовод“ се блокирани, платата за вработените доцни два месеца како и долговите кон ПИОМ, наметнува прашање за волшебното стапче за враќање на долговите.
Стојковски вели дека чувствува морална одговорност и заради неплатените придонеси и познатата состојба во здравството. Во случај на нарушено здравје на вработените или членови на нивните семејства, формиран е мини кризен штаб составен од градоначалникот, претседателот на Советот Максим Димитриевски и пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски кои ќе ги искористат сиот свој личен и политички кредибилитет за изнаоѓање приватна здравствена организација за излегување во пресрет на вработените од „Водовод, а услугата ќе биде платена дополнително.
„Водовод“ кон „Водостопанство“ должи 65 милиони денари по основ на стари долгови и мора да констатираме дека месечно пристигаат нови фактури и тој долг се зголемува.Филип Филиповски, ЈП „Водостопанство Кумановско -Липковско Поле“.
Филип Филиповски смета дека „Водовод“ е под постојани блокади поради неисплаќаните долгови не само кон „Водостопанство“, туку и кон други доверители.
„Како менаџер, лично мислам дека Горан Стојковски влече вистински потези кон нормализирање на ЈП „Водовод“. Меѓутоа, долговите се присутни и не знам колку во тоа ќе успее. „Водовод“ кон „Водостопанство“ должи 65 милиони денари по основ на стари долгови и мора
Водовод како ЈП кое што е сервис пред се, на услуги на граѓаните за редовно водоснабдување, максимално и со сиот расположлив капацитет ќе се погрижи водоснабдувањето да не биде нарушено во овој тежок период за самото претпријатие.Горан Стојковски, Водовод.