Покрај сите неисплатливи инвестиции од народната каса, новогодишните пакетчиња се последна работа на која треба да се штеди, коментираат економистите.
Дали Дедо Мраз ќе дојде кај нас ќе видиме на Нова Година, но веројатно ќе ги одмине државните институции, барем судејќи по најавите дека годинава нема да има непродуктивни трошоци за прослави и новогодишни пакетчиња. Покрај сите неисплатливи инвестиции од народната каса со парите на народот, ова е последна работа на која треба да се штеди, коментираат економистите.
Поранешниот заменик-министер за економија, Зоран Витанов, вели дека со ваквите најави се потценува интелигенцијата на народот.
„Пред сè ја потценуваат интелегенцијата на нивните гласачи, бидејќи е јасно дека се работи за чиста демагогија, дека наводно се штеди, но меѓу редови тука сепак се признава дека и самите гледаат дека сме неликвидни, и гледаат премногу се опуштија во трошење, а немаме извор на тие средства и немајќи конкретни мерки одат на демагошки изјави и квази мерки. Мислам дека е тоа суштината на таа изјава“, вели Витанов.
Македонија треба сериозно да размисли во кој правец се движи, вели Витанов.
„Ваквите изјави на министерот ги сметам за дневно политички потреби. Меѓутоа фискално и економски тоа се небулози. Треба и од опозицијата и од власта сериозен национален економски консензус. Ако не се фокусираме на сериозна стратегија во следните три децении, на квалитетно и масовно производство на храна за извоз и на квалитетно и масовно производство на електрична енергија преку хидро ресурсите, Македонија ни како држава, ни како економија, нема перспектива“, вели Витанов.
Смешно е министерот за финансии Зоран Ставрески да најавува штедење на минимални расходи кога стотини милиони евра се фрлаат на неисплатливи проекти, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.
„Мислам дека кога би го видел би му рекол како не му е срам да се обидува со вакви финти. На кои гледачи, на кои граѓани тој смета дека им е убедлив оти со тоа ќе штедел од буџетот. Се знае, буџетот сега е во постапка на донесување и за кои сè други непотребни намени има пари, додека за една таква ситница да се прави реклама дека владата штеди и Ставрески“, вели Хајредини.
Зошто министерот најавува штедење на ситници ако има вистина во тврдењата дека економијата се подобрува и дека невработеноста се намалува, прашува Хајредини.
„Се загуби човекот со неговите последни изјави. Во последно време веќе ја изгубил ориентацијата, не е свесен што зборува кога излегува пред јавноста“, критикува Хајредини.
Пред сè ја потценуваат интелегенцијата на нивните гласачи, бидејќи е јасно дека се работи за чиста демагогија, дека наводно се штеди.Зоран Витанов, поранешен заменик-министер за економија.
Поранешниот заменик-министер за економија, Зоран Витанов, вели дека со ваквите најави се потценува интелигенцијата на народот.
„Пред сè ја потценуваат интелегенцијата на нивните гласачи, бидејќи е јасно дека се работи за чиста демагогија, дека наводно се штеди, но меѓу редови тука сепак се признава дека и самите гледаат дека сме неликвидни, и гледаат премногу се опуштија во трошење, а немаме извор на тие средства и немајќи конкретни мерки одат на демагошки изјави и квази мерки. Мислам дека е тоа суштината на таа изјава“, вели Витанов.
Македонија треба сериозно да размисли во кој правец се движи, вели Витанов.
За кои сè други непотребни намени има пари, додека за една таква ситница да се прави реклама дека владата штеди.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.