Доста пишувате статуси на Фејсбук, испраќате смешни, клише апели до надлежните и се однесувате како Британска кралица која ужива во функцијата и од време на време организира некоја, колку да се рече активност за сликање!, пишува Стефан Богоев, претседател на социјалдемократската младина во он-лајн колумната на Радио Слободна Европа.
Оваа колумна решив да ја започнам со два цитати. Не, тоа не се легендарни цитати од Кенеди, Мартин Лутер Кинг или Абрахам Линколн, тоа се два цитати од луѓе кои навидум треба да се грижат за безбедноста, здравјето и условите за живеење на македонските студенти. Првиот е на еден премиер на една малечка земја, која небаре скршила огледало па е должна седум години да живее во несреќа. Цитатот е од изјава на споменатиот премиер, дадена по повод пожар во еден студентски дом и гласи „Од септември студентите ќе може да се вселат во реконструиран блок, токму онаму каде што беше опожарувањето на една или неколку простории“, и е изјавена на 12 aприл 2013 година.
Вториот цитат е од еден помлад господин, кој воедно е и претседател (лидер не е!) на студентска организација во една земја која има најголем број на споменици по глава на млад човек во светот, а бројката уште повеќе расте имајќи предвид дека секојдневно никнуваат нови споменици, а паралелно се повеќе млади си заминуваат. Цитатот е преземен од Фејсбук профилот на претседателот, а е објавен по повод пожар во истиот студентски дом кој погоре го наведов, но е избувнат девет месеци подоцна и гласи: „Студентите од студентските домови имаат кој да застане позади нив, а 2014 ќе биде годината кога ќе започне реконструкцијата и со тоа ќе се отвори нова страница во оваа црна точка од животот на студентите. Притискаме и ќе продолжиме да притискаме.“
1963 година е година која е позната по катастрофалниот земјотрес во Скопје, но малкумина знаат дека токму таа е и годината кога е почната изградбата на споменатиот студентски дом. Покрај тоа што овој студентски славеше 50-ти роденден годинава, одбележа и 50 годишен јубилеј од последниот реконструкциски зафат. Иако премиерот и дел од министрите најавуваат со години реконструкција на овој, но и на останатите студентски домови, евидентно е дека сето тоа е ветер и магла. Ако до пред неколку месеци основни проблеми по студентските домови во државава беа немањето на греење, топла вода како и лошата храна, сега почна и опасност по безбедноста и животите на студентите.
Изминатава недела, тивко отидов во посета на споменатиот студентски дом. Од она што ми го опишуваа…полошо беше! Искршени прозори од кои ветер во коски влегува, прокиснати, мувлосани тавани, руинирани и нечисти тоалети…ама не е битно, битно „Притискаме и ќе продолжиме да притискаме“ што би рекол студентскиот претседател. Е па, претседателе, жити се доста притискате! Ако продолжите со ова темпо на притисок, кај ли ќе ни биде крајот!? Земете засукајте ги ракавите и направете нешто конкретно и корисно за овие млади кои живеат по студентските домови. Доста пишувате статуси на Фејсбук, испраќате смешни, клише апели до надлежните и се однесувате како Британска кралица која ужива во функцијата и од време на време организира некоја, колку да се рече активност за сликање!
Ние од СДММ и СДСМ нема да останеме неми набљудувачи на сето ова! Во нашата програма која ќе ја понудиме пред граѓаните на почетокот на идната година, главен акцент ќе се стави на мерки кои пред се ќе ги задржат младите во Република Македонија, но и значително ќе ги подобрат условите за живеење и студирање во државата. Нема да имаме повеќе руинирани и распаднати студентски домови во кои легло се добива строго со партиска книшка! Младите ќе дојдат полесно до вработување и ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот преку „Младинските гаранции“, а преку бизнис инкубаторите, младите ќе имаат шанса лесно да започнат и да водат свој сопствен бизнис! Средната класа ќе биде столбот, а мотивираните и успешни млади луѓе, ќе бидат моторот на државата на патот кон иднината и просперитетот!
Иако премиерот и дел од министрите најавуваат со години реконструкција на овој но и на останатите студентски домови, евидентно е дека сето тоа е ветер и магла.
Вториот цитат е од еден помлад господин, кој воедно е и претседател (лидер не е!) на студентска организација во една земја која има најголем број на споменици по глава на млад човек во светот, а бројката уште повеќе расте имајќи предвид дека секојдневно никнуваат нови споменици, а паралелно се повеќе млади си заминуваат. Цитатот е преземен од Фејсбук профилот на претседателот, а е објавен по повод пожар во истиот студентски дом кој погоре го наведов, но е избувнат девет месеци подоцна и гласи: „Студентите од студентските домови имаат кој да застане позади нив, а 2014 ќе биде годината кога ќе започне реконструкцијата и со тоа ќе се отвори нова страница во оваа црна точка од животот на студентите. Притискаме и ќе продолжиме да притискаме.“
1963 година е година која е позната по катастрофалниот земјотрес во Скопје, но малкумина знаат дека токму таа е и годината кога е почната изградбата на споменатиот студентски дом. Покрај тоа што овој студентски славеше 50-ти роденден годинава, одбележа и 50 годишен јубилеј од последниот реконструкциски зафат. Иако премиерот и дел од министрите најавуваат со години реконструкција на овој, но и на останатите студентски домови, евидентно е дека сето тоа е ветер и магла. Ако до пред неколку месеци основни проблеми по студентските домови во државава беа немањето на греење, топла вода како и лошата храна, сега почна и опасност по безбедноста и животите на студентите.
Изминатава недела, тивко отидов во посета на споменатиот студентски дом. Од она што ми го опишуваа…полошо беше! Искршени прозори од кои ветер во коски влегува, прокиснати, мувлосани тавани, руинирани и нечисти тоалети...