Пристапната беседа на академик Сисое – Нова збирка раскази на Блаже Миневски

Блаже Миневски, писател.

Триесет кратки раскази создадени во последниве неколку години се поместени во новата книга „Пристапната беседа на академик Сисое“ на писателот Блаже Миневски, што како издание на „Матица“ се појави деновиве. Насловниот расказ е застапен во антологијата „Најдобри европски раскази“ за 2011 година, објавена од угледниот американски издавач „Далкис архив прес“ од Чикаго, а во делото се поместени уште десетина кои добиле награди на разни конкурси.
Писателот Блаже Миневски ја прифаќа традицијата на прозната реч и нè внесува во свет проткаен со животни тајни. А, неговите животни тајни во збирката раскази „Пристапната беседа на академик Сисое“, нам на неговите читатели и почитувачи, ни останува да ги разгатнуваме, но и да претпоставуваме дека тоа се вистински личности и настани, што се случиле во нашето време и простор. Всушност, како и неговите претходници Живко Чинго, Петре М. Андреевски и Васе Манчев, и Миневски како да излегол од шинелот на бесмртниот Марко Цепенков, зафаќајќи во прозата широк спектар на теми, книжевно извонредно обмислени и прифатливи за широк круг на читатели.
Во телото на колибрите повеќе од половина зазема срцето. Тоа е и во овие кратки раскази. Мора повеќе од половина во него да биде срцевината на приказната.
Блаже Миневски, писател.

Ова ќе го забележи писателот Раде Силјан на промоцијата на новата книжевна објава на Блаже Миневски – книгата кратки раскази „Пристапната беседа на академик Сисое“.

Се надевам дека текстот ќе го завршам за една година и потем ќе направиме една претстава која што ќе биде доста актуелна за состојбиве денешни во Македонија.
Блаже Миневски, писател.
Авторот, пак, кој поседува значаен раскажувачки и романескнен високовреднуван опус (во кој се збирките и романите како „Балкан за деца“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“, „Приказна за третиот“, „Нишан“, „Свирци“, „Црна лисица“, „Сезона на глуварките...), говорејќи за новата објава, ќе забележи дека кратките форми не ги пишува само додека има слободно време, туку и тогаш кога пишува роман. Во моментот кога ќе почувствува дека се издвојува некоја епизода, некој лик или слика која самата се наметнува како расказ. Притоа тој метафорично појаснува дека ако романот е слон, тогаш расказот треба да биде малечка птица – колибри.

„Во телото на колибрите повеќе од половина зазема срцето. Тоа е и во овие кратки раскази. Мора повеќе од половина во него да биде срцевината на приказната затоа што тука нема простор да се развива некоја тема и тн. Тука мора на краток простор да се каже она што е суштинско. Или суштинска емоција или кратка приказна, добра приказна или да се отслика добар, интересен лик кој што раскажува. Да се најде форма која што ќе го измести гледањето на приказната“, вели писателот.

Миневски дополнува дека насловниот расказ „Пристапната беседа на академик Сисое“ (патем кој е застапен на англиски јазик во антологијата „Најдобри европски раскази“ за 2011 година, објавена од угледниот американски издавач „Далкис архив прес“ од Чикаго) е раскажан како пародија на сè поактуелните романи на светот во кој надолго и нашироко се застапени заблагодарувањата на овој или оној.

„Тоа значи интервенција во формата и тогаш формата е интересна самата по себе. Внатре ќе ја смислите приказната, меѓутоа формата и дава друга содржина“, вели Миневски.

Инаку, писателот, промоцијата на својата збирка кратки раскази ја пречекува работејќи на новиот драмски текст. Во него, како што вели, обработува современа тема при што дејствието се врти околу неколку вистински лика што безмалку две децении редовно можете да ги сретнете на скоро сите главноградски коктели и промоции.

„Насловот е метафоричен. Станува збор за коктел на емоции и чувства. Социјално, политички и секакви. Се надевам дека текстот ќе го завршам за една година и потем ќе направиме една претстава која што ќе биде доста актуелна за состојбиве денешни во Македонија“, вели Миневски.