Написите на училишните табли се со имињата кои ги усвои Советот на општина Дебар и училишните одбори на деветолетката и гимназијата, а печатите се имињата за кои Министерството смета дека треба да останат на користење.
Проблемот меѓу училиштата во Дебар и Министерството за образование и наука на Република Македонија околу промената на имињата на училиштата и понатаму останува отворен. Написите на училишните табли се со имињата кои ги усвои Советот на општина Дебар и училишните одбори на деветолетката и гимназијата, а печатите се имињата за кои Министерството смета дека треба да останат на користење.
Основниот суд во Дебар ги казни директорите на училиштата и образовните институции поради промена на написите на таблите. Директорот на деветолетката која на печатите сè уште го користи името „Браство Единство“, а на написот на влезот на училиштето стои името „Пенестија“, Рамадан Имери, вели дека одлуката на судот не е во согласност со законот, бидејќи при промената се запазени законските норми.
„Одлуката на судот во Дебар не е законска поради тоа што ние ги имаме запазено сите процедури кои се предвидени во законот. Со одлуката на судот, училиштето е казнето со 200 евра, додека јас како директор со 100 евра“, вели Имери.
По промената на имињата на деветолетката „Браство Единство“ во „Пенестија“ и на гимназијата од „Здравко Чочковски“ во „28 Ноември“ и по одлуката на судот во Дебар, има разговори на релација училишта – локална власт и Министерство за образование, додава Имери.
„Ние донесовме законска одлука која е исправна, бидејќи се исполнети сите процедури што се предвидени кога се менува името на едно училиште. Процедурите се запазени чесно и во согласност со законите на Република Македонија“, вели Имери.
РСЕ: Што понатаму, бидејќи сега едно име има во печатите, а друго во написите на училиштата?
„Сме разговарале со градоначалникот, имаме разговори и со Министерството за образование и ние очекуваме Владата да ја поддржи одлуката која ја имаме донесено за промена на името, ние, но и Советот на Општина Дебар, која е усвоена и со локален Бадентер. Ние немаме етнички проблем, бидејќи името Панестија е старото име на Дебар“, вели Имери.
Според политичките партии кои делуваат во Дебар, проблемот има политичка конотација и тој треба да се решава политички, за што веќе има преговори во партиите од владината коалиција, наведуваат извори на РСЕ.
Одлуката на судот во Дебар не е законска поради тоа што ние ги имаме запазено сите процедури кои се предвидени во законот. Со одлуката на судот, училиштето е казнето со 200 евра, додека јас како директор со 100 евра.Рамадан Имери, директор на деветолетката во Дебар.
Основниот суд во Дебар ги казни директорите на училиштата и образовните институции поради промена на написите на таблите. Директорот на деветолетката која на печатите сè уште го користи името „Браство Единство“, а на написот на влезот на училиштето стои името „Пенестија“, Рамадан Имери, вели дека одлуката на судот не е во согласност со законот, бидејќи при промената се запазени законските норми.
„Одлуката на судот во Дебар не е законска поради тоа што ние ги имаме запазено сите процедури кои се предвидени во законот. Со одлуката на судот, училиштето е казнето со 200 евра, додека јас како директор со 100 евра“, вели Имери.
Ние очекуваме Владата да ја поддржи одлуката која ја имаме донесено за промена на името.Рамадан Имери, директор на деветолетката во Дебар.