Незадоволството од досегашната политичка структура може да им донесе гласачи на контото на малите партии, но нив ги обременува политичкиот и бизнис товар кој го носат лидерите, велат познавачите.
Во големите политички партии во земјава постои диктатура од страна на лидерите, вели претседателот на Алијансата за подобра Македонија Љупчо Зиков во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој смета дека во двете најголеми македонски и албански партии, лидерите ги држат цврсто партиите и не дозволуваат да проструи слободна енергија кај членството.
„Заради тоа денеска Заев има проблем, затоа што се уште не расчистил со диктатурата на Црвенковски, од друга страна исто и во ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја држи цврсто партијата без да дозволи
слободна енергија да циркулира кај членството, кај граѓаните итн. Јас не сум човек кој се потпира на тој тип на авторитаризам, како што тоа го гледаме кај овие две партии или кај другите две албански партии“, вели Зиков.
Врз основа на биполарноста на политичката сцена се наметнува прашањето колку помалите партии можат да го искористат условно кажано „лошото однесување“ односно недостатоците на големите партии и да добијат политички поени на нивна сметка.
Аналитичарите се поделени по ова прашање. Поранешниот пратеник Исмет Рамадани вели дека токму незадоволството од досегашната политичка структура може да им донесе гласачи на контото на малите партии.
„Имаат добра шанса да бидат поуспешни токму затоа што е големо незадоволството од партиите на власт и од опозициските партии, од начинот како тие дејствуваат како опозиција.“
Од друга страна пак дел од аналитичарите сметаат дека политичкиот и бизнис товар кој што го носат лидерите на малите партии
во земјава негативно влијае врз неопределените гласачи.
„Еден голем проблем што се појавува кај малите партии е тоа што ги гледаме истите луѓе кои ги гледавме во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ. Ни требаат сосема нови луѓе со чисто минато“, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.
Рамадани вели дека најчест проблем за помалите партии е кокетирањето со нивните поголеми конкуренти.
„Новите партии ќе имаат шанса, но не верувам дека ќе бидат автентични како политички партии. Тие ќе се обидуваат пред изборите да кокетираат со една од големите партии. Во тоа кокетирање ќе го изгубат и нивниот субјективитет“, вели Рамадани.
Стојадиновиќ додава дека голема улога врз одлуката за заокружување на избирачко ливче има и домашната средина како и пропагандата.
Последните анкети за рејтинг на политичките партии покажааа дека една третина од населението се декларира како политички непределено.
Додека по оваа бројка следуваат владеачката партија ВМРО ДПМНЕ со 29 проценти и СДСМ со 22 проценти. Во албанскиот политички блок за ДУИ поддршка даваат 7 проценти додека за ДПА 4 проценти.
Јас не сум човек кој се потпира на тој тип на авторитаризам, како што тоа го гледаме кај овие две партии или кај другите две албански партии.Љупчо Зиков, Алијанса за позитивна Македонија.
Тој смета дека во двете најголеми македонски и албански партии, лидерите ги држат цврсто партиите и не дозволуваат да проструи слободна енергија кај членството.
„Заради тоа денеска Заев има проблем, затоа што се уште не расчистил со диктатурата на Црвенковски, од друга страна исто и во ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја држи цврсто партијата без да дозволи
Имаат добра шанса да бидат поуспешни токму затоа што е големо незадоволството од партиите на власт и од опозициските партии.Исмет Рамадани, политички аналитичар.
Врз основа на биполарноста на политичката сцена се наметнува прашањето колку помалите партии можат да го искористат условно кажано „лошото однесување“ односно недостатоците на големите партии и да добијат политички поени на нивна сметка.
Аналитичарите се поделени по ова прашање. Поранешниот пратеник Исмет Рамадани вели дека токму незадоволството од досегашната политичка структура може да им донесе гласачи на контото на малите партии.
„Имаат добра шанса да бидат поуспешни токму затоа што е големо незадоволството од партиите на власт и од опозициските партии, од начинот како тие дејствуваат како опозиција.“
Од друга страна пак дел од аналитичарите сметаат дека политичкиот и бизнис товар кој што го носат лидерите на малите партии
Ни требаат нови луѓе со чисто минато.Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.