Достапни линкови

Политичкиот простор презафатен за малите партии


Новите партии нема веднаш да станат силен политички играч, но ако понудат соодветна програма можеби и може да се надеваат на успех, коментираат експертите.

Експертите не веруваат дека новите партии што се формираат сега веднаш ќе станат силен политички играч, но коментираат дека доколку понудат соодветна програма што ќе ги заинтересира граѓаните, особено неопределените можеби и може да се надеваат на успех.
Очекувам дел од членовите на опозициските партии да бидат и нови членови на овие партии.
Никола Дујовски, универзитетски професор.

Аналитичарот Никола Дујовски смета дека и дел од опозицијата ќе се препознае во ново формираните партии особено затоа што нивни лидери или членови на потесното раководство се и поранешни членови на СДСМ. Паралелно со дебатата за можно прелевање на дел од членството на опозицијата во новите политички партии некои аналитичари ја отворија дебатата дали новите партии се всушност производ на власта. Дујовски не мисли така.

Реално овие мали партии немаат некаква моќ. Политичкиот простор во Македонија е зафатен и тие како такви сметаат евентуално да коалицираат некаде и да добијат некаков дел во таа политика.
Алајдин Демири, универзитетски професор.
„Не верувам дека ова е многу поврзано со тоа. Кога некој од поранешните високи функционери на партијата заминува во крило на партијата, веќе имате друго крило, особено ако формира и нова партија, надвор од идеолошката матрица на неговата матична партија. Нормало е луѓето кои што биле најблиску до него и соработувал најтесно со нив да одат во новата партија, затоа очекувам дел од членовите на опозициските партии да бидат и нови членови на овие партии“, вели професор Дујовски.

Слично размислува и аналитичарот Алајдин Демири. Од претходната партиската ориентација на лидерите и на членовите од потесното раководство на новите партии може да се заклучи дека тие се цврсто решени да бидат дел од опозијата, смета Демири. За него тоа е разбирливо зошто, како што вели, новите партии се производ на незадоволство од постојните партии односно од СДСМ.

„Не, тие се дел од опозицијата, затоа што такви се позициите, власта не ги произведе. Се сеќавате дека еднаш и ВМРО-ДПМНЕ почна да се расцепува и тоа се расцепкуваше баш во време кога беше на власт.“

Според проценките на аналитичарите формирањето на новите партии не претставува најава на евентуално одржување предвремени избори, но како што велат, новото политичко одмерување на силите е многу веројатно. Сепак Демири не мисли дека Алијансата за позитивна Македонија и ГРОМ ќе изненадат на следните избори и додава дека успех може да имаат само ако коалицираат.

„Реално овие мали партии немаат некаква моќ. Политичкиот простор во Македонија е зафатен и тие како такви сметаат евентуално да коалицираат некаде и да добијат некаков дел во таа политика“, изјави Демири.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG