Политичките аналитичари велат дека најголем проблем во остварувањето на политичкиот компромис е недостигот на политичка култура, како и перцепцијата на политичките субјекти дека секое условно попуштање или прифаќање на предлогот на другиот значи покажување на слабост.
Иако политичките дебати не укажуваат на напредок во водењето дијалог, Социјалдемократите сметаат дека не е невозможно постигнувањето компромис меѓу политичките партии. Но според нив за тоа да се случи, потребно е власта да слушне и друго мислење, поразлично од нејзиното.
„Политичкиот дијалог е можен, насушно потребен во македонското општество, меѓутоа мора владејачката структура да сфати дека во оваа држава постојат луѓе кои имаат многу поразлични мислења од нивните сфаќања и перцепции“, изјави портпаролот на СДСМ
Петре Шилегов.
Политичките аналитичари велат дека најголем проблем во остварувањето на политичкиот компромис е недостигот на политичка култура, како и перцепцијата на политичките субјекти дека секое условно попуштање или прифаќање на
предлогот на другиот значи покажување на слабост.
„Но се разбира и самата политичка култура треба да дојде на некое ниво кадешто доколку нешто биде прифатено од политичкиот противник не треба да биде сфатено како слабост“, вели Владимир Божиновски од Институтот за правни и политички истражувања.
Во Македонија дијалогот се јавува одвреме-навреме, а и тогаш кога го има не е функционален, констатира универзитетскиот професор Арсим Синани. Нашите политичари имаат проблем со нивната суета, вели тој.
„Имаме проблем во врска со егото на нашите политичари. Ние во Македонија меѓу политичките партии, па и меѓу политичките партии и граѓаните немаме еден искрен однос, немаме едно отворено општество со своите случувања би дало придонес.“
За разлика од Божиновски кој смета дека политичкиот дијалог може да заживее само ако се има добра политичка волја кај актерите, Синани е убеден дека политичките партии во Македонија не се способни да водат дијалог и во такви ситуации добредојдена е меѓународната помош.
„Работите не идат така брзо па сега со некоја одлука или под некаков притисок веднаш да бидат исправени, потребно е време и добра волја“, вели Божиновски.
„Меѓународниот фактор во Македонија интервенира само како пожарникар, кога ќе се „степаат“ политичките партии, тие со вода ќе ја згаснат нервозата, меѓутоа и потоа би требало да се инвестира и после згаснувањето на пожарот, за да се средат работите кое се битни.“
Токму политичкиот дијалог и потребата од постигнување на компромис за важни државни прашања останува една од главните забелешки на меѓународните претставници.
Политичкиот дијалог е можен, насушно потребен во македонското општество.Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
„Политичкиот дијалог е можен, насушно потребен во македонското општество, меѓутоа мора владејачката структура да сфати дека во оваа држава постојат луѓе кои имаат многу поразлични мислења од нивните сфаќања и перцепции“, изјави портпаролот на СДСМ
Политичките аналитичари велат дека најголем проблем во остварувањето на политичкиот компромис е недостигот на политичка култура, како и перцепцијата на политичките субјекти дека секое условно попуштање или прифаќање на
Имаме проблем во врска со егото на нашите политичари. Ние во Македонија меѓу политичките партии, па и меѓу политичките партии и граѓаните немаме еден искрен однос.Арсим Синани, универзитетски професор.