Тасева - одговорните за корупција се недопирливи

Претседателката на Транспаренси Интернејшнал-Македонија Слаѓана Тасева.

Македонија се најде на 67 место од 177 земји во Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнал со 44 бодови, со што повторно е во групата држави кои имаат под 50 бодови. Македонија се најде зад Турција и Хрватска, а е во друшто во Црна Гора. Зад неа се наоѓаат Босна, Србија и Бугарија. Ние во Македонија имаме состојба на недопирливост и неказнивост на оние кои се одговорни за корупција, вели претседателката на Транспаренси Интернејшнал - Македонија Слаѓана Тасева.
Гопоѓо Тасева колку Македонија е успешна во борбата со корупцијата гледајќи ги резултатите?

За жал не можеме да кажеме дека нешто се подобрило или дека Македонија покажува некаков успех во борбата против корупцијата. Очигледно е дека корупцијата и понатаму претставува проблем којшто според сите извештаи и според извештајот на Европската Комисија е проблем од висок приоритет.
Македонија беше на прво место по корупцијата во судството и во политиката, односно и судството и Собранието како институции кои треба да обезбедат гаранција на владеење на правото, едноставно не успеаја да одговорат на својата задача.

Според индексот корупцијата во облик на злоупотреба на власта, тајни зделки и поткуп продолжува да ги уништуваат општествата ширум светот ? Каков е случајот во Македонија?

Во Македонија проблемите се слични со оние кои ги гледаме во светот, но за нас поразително е тоа што имаме голем проблем, Македонија беше на прво место по корупцијата во судството и во политиката, односно и судството и Собранието како институции кои треба да обезбедат
гаранција на владеење на правото, едноставно не успеаја да одговорат на својата задача. Ние во Македонија имаме состојба на недопирливост и неказнивост на оние кои се одговорни за корупција и мислам дека таквата состојба мора да се искорени и конечно да почнеме да покажуваме вистински резултати во борба против
Значи ние цело време имаме проблем со Обвинителството кое едноставно ги игнорира и не постапува по голем број на случаи на корупција.
корупцијата.

Актуелен е проектот Скопје 2014 каде беа откриени коруптивни дејствија, но обвинителството сега за сега ништо не презема. Што кога институциите потфрлуваат?

Тоа е многу очигледен и еклатантен пример на непостапување на институциите, токму на оние кои треба да обезбедат владеење на правото и да спроведуваат постапки за да се утврдат дејствијата, незаконите, во случајов и да може лицата кои учествувале во тие дејствија да бидат казнети за тоа што го сториле. Тоа наведува на размислување дека можеби тие луѓе работеле во заштита на власта или за интересите на некои луѓе во власта кои обезбедуваат нивна заштита. Најпоразително е тоа што институциите кои треба да се независни и професионални не постапуваат за да ја покажат својата професионалност, пред се тука мислам на обвинителите кои откако почна да постои Анти-корупциската комисија не одговорија на својата улога. Значи ние цело време имаме проблем со Обвинителството кое едноставно ги игнорира и не постапува по голем број на случаи на корупција. Мислам дека ова не треба да се остави и случајот Скопје 2014 да остане неотворен, а во секој случај ние ќе работиме на нотирање и на евидентирање на сите случи, затоа што сме убедени дека еден ден ќе дојде време кога сите тие случаи ќе бидат отворени и ќе дојде време кога обвинителите кои не си ја работат својата работа ќе одговараат за своето постапување.