Општина Центар немала надлежност за изведување на објекти од проектот Скопје 2014, а градоначалникот не постапил согласно неговата надлежност за контрола на прописите кои ги носи Советот. Со тоа сериозно е нарушено функционирањето на правната држава, како на локално, така и на централно ниво. Насочувањето на пари за објектите од проектот од централниот на буџетот на општината немаат законска оправданост. Реализацијата на проектот се одвивала на начин на кој се создава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства. Во многу фази, реализацијата на проектите била оставена без јасно видлива и ефективна контрола.
Ова се заклучоците од првиот извештај на Комисијата која врши ревизијата на проектот Скопје 2014 година, кој го подготвија поранешните антикорупционери Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.
„Ние утврдивме дека очигледно постојат постапки во кои незаконски се постапувало и тука има простор за сите кои сакаат и натаму да работат на утврдување на конкретни дејствија од страна на одделни лица. Значи, да, има простор натаму за водење на постапки. Сите постапки се водени на начин да се создаде привид дека се спроведува законот. Значи, ги имаме елементите, ама не се таму каде што им е местото“, вели Тасева.
За проектот, општината потрошила околу 55 милиони и 419 илјади евра, а само за идејни решенија се издвоени над 7,5 милиони евра.
Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски вели дека се остварило стравувањето дека целата постапка е незаконска и извештајот ќе биде предаден до обвинителството.
„Очигледно, според она што го видовме овде има, материјал со кој обвинителството треба сериозно да се занимава. Она што е многу битно, според моите најави, е дека Државниот завод за ревизија одговори позитивно на моето барање да изврши сериозна ревизија за тоа на кој начин се трошени парите на општина Центар“, рече Жерновски.
За илустрација, посочи Тасева, лиењето на скулптурата на Никола Карев првично требало да чини 5 милиони денари и да биде во бронза. Но, потоа огласот за јавна набавка бил променет и скулптурата требало да биде во мермер и да чини 45 милиони денари. Но, сепак, парите биле потрошени, а споменикот е во бронза. Целосната ревизија на проектот, согласно најавите, ќе биде презентирана за три месеци.
Ние утврдивме дека очигледно постојат постапки во кои незаконски се постапувало и тука има простор за сите кои сакаат и натаму да работат на утврдување на конкретни дејствија од страна на одделни лица. Значи, да, има простор натаму за водење на постапки. Сите постапки се водени на начин да се создаде привид дека се спроведува законот. Значи, ги имаме елементите, ама не се таму каде што им е местото.Слаѓана Тасева, антикорупционер.