Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата рече дека ќе инвестира, рече премиерот Никола Груевски на собраниската седница за пратенички прашања.
Времето ќе покаже дали Субрата Рој ќе инвестира во Македонија. Ние никогаш не сме рекле дека ќе инвестира, тој го кажа тоа, рече премиерот Никола Груевски на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.
Спасовски обвини дека индискиот бизнисмен добива третман од власта за кој домашните инвеститори може само да сонуваат, иако, како што рече, индискиот Врховен суд му го замрзна имотот и му забрани да ја напушта земјата. Зошто и покрај тоа, Субрата Рој е најпосакуваниот бизнисмен во земјава, праша пратеникот.
„Во ликот на контроверзниот Субрата Рој видовте надеж за нови манипулации. Му дадовте земја за нула денари и други бенефиции за кои домашните инвеститори може само да сонуваат. Заедно со вашиот кум, министерот за финансии Ставрески, му приредувате спектакуларни фестивали. Разбирливо е, вие и Субрата Рој имате слични карактеристики и се служите скоро со исти методи и верувам дека поради тоа има добра комуникација со вас. Дополнително, пред неколку дена во Скопје можеше да се види како неговиот син со полициска придружба, како да е функционер од највисок ранг во Република Македонија, се пренесува од една од кафеаните, кафулињата, до хотелот каде што престојува“, рече Спасовски.
Премиерот Груевски одговори дека владата се однесува исто кон сите странски компании кои изразиле намера да инвестираат во земјава. Не сме дале земјиште без пари, а фестивалот сами си го организираа. За нас е важно да работи според македонските закони и да отвори работни места, одговори премиерот.
„Не знам, навистина не знам од каде ви е тој еден посебен однос кон само една таква компанија, со што ви смета и кои се причините за вака да се однесувате и да зборувате цело време за таа компанија. Дали таа ќе инвестира или нема да инвестира, времето ќе покаже. Ние не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата, јавно, во интервјуа кажа кој е неговиот интерес“, одговори Груевски.
Секретарот на СДСМ Спасовски реплицира дека не се фокусира опозицијата на индискиот бизнисмен, туку токму власта.
„Па Ставрески беше таму, ако не се сеќавате, пиеше шампањско на нивите, ораше заедно со Субрата Рој со тракторите што ги земавте од фирма од Битола, па им ги вративте после, за неколку дена“, рече Спасовски и праша дали и другите странски инвеститори имаат таков третман од владата.
„Што е тоа што толку ве врзува за Субрата Рој, којшто со пресуда на нивниот Врховен суд, во земјата од која што доаѓа, му се замрзнува целиот имот поради зделките што таму ги правел“, праша секретарот на СДСМ.
Груевски одговори дека СДСМ не знае како е кога ќе дојдат големи инвеститори во Македонија.
„Зошто Ставрески се појавил ваму, зошто бил на орањето, зошто бил таму? Затоа што го поканиле, затоа што го поканува инвеститор којшто влегува во некоја инвестиција, затоа отишол. Вие не одевте затоа што не ве канеа бидејќи немаше кој да ве кани, немаше инвеститори. Како ќе одите некаде кога не сте поканети, а како ќе ве поканат кога не доаѓаат во земјата“, рече премиерот.
Груевски рече дека Македонија се однесува одлично кон сите домашни и странски инвеститори и оти затоа ги прошируваат производствените погони.
Во ликот на контроверзниот Субрата Рој видовте надеж за нови манипулации.Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ.
Спасовски обвини дека индискиот бизнисмен добива третман од власта за кој домашните инвеститори може само да сонуваат, иако, како што рече, индискиот Врховен суд му го замрзна имотот и му забрани да ја напушта земјата. Зошто и покрај тоа, Субрата Рој е најпосакуваниот бизнисмен во земјава, праша пратеникот.
Не сме рекле ниту дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Ние сме кажале дека компанијата покажа интерес, а самиот сопственик на компанијата, јавно, во интервјуа кажа кој е неговиот интерес.Никола Груевски, премиер.
Премиерот Груевски одговори дека владата се однесува исто кон сите странски компании кои изразиле намера да инвестираат во земјава. Не сме дале земјиште без пари, а фестивалот сами си го организираа. За нас е важно да работи според македонските закони и да отвори работни места, одговори премиерот.
Ставрески беше таму, ако не се сеќавате, пиеше шампањско на нивите, ораше заедно со Субрата Рој.Оливер Спасовски, пратеник од СДСМ.
Секретарот на СДСМ Спасовски реплицира дека не се фокусира опозицијата на индискиот бизнисмен, туку токму власта.
„Па Ставрески беше таму, ако не се сеќавате, пиеше шампањско на нивите, ораше заедно со Субрата Рој со тракторите што ги земавте од фирма од Битола, па им ги вративте после, за неколку дена“, рече Спасовски и праша дали и другите странски инвеститори имаат таков третман од владата.
Вие не одевте затоа што не ве канеа бидејќи немаше кој да ве кани, немаше инвеститори.Никола Груевски, премиер.