„Кумановски графичари 2013“ е насловена постановката што од 29 ноември до 12 декември ќе се одржи во во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Се работи за биенален проект чија цел е да го претстави и да го стимулира актуелното графичко творештво на тамошните академски уметници.
Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јакимовска се седумте уметници кои се одзваа на конкурсот и чии дела ќе се најдат на биеналната изложба „Кумановски графичари 2013“. Се работи за веќе формирани и препознатливи авторски индивидуи од неколку генерации од коишто дел од нив веќе постигнале забележителни успеси со своето творештво, а другиот дел на овој начин го најавува своето посериозно исчекорување на актуелната македонската ликовна сцена.
„Целата изложба содржи 21 графика. Материјалот којшто ни е понуден во вид на графички листови говори за моментално тематско-техничките преокупации на самите автори. Доминираат техниката акватинта, меѓутоа имаме тука и други техники како ситопечат и некои техники кои што се покарактеристични за поединечните творци. Мноштво на сензибилитети и естетики се раскажани со поедноставениот графички јазик којшто, пак , делува силно и впечатливо во настојувањата да ја достигне
висината на универзалното разбирање и комуникација“, истакнува Роберт Цветковски, историчар на уметноста и приредувач на оваа постановка во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Зоран Јакимовски, професор на Ликовната академија и уметник за кого се вели дека во некоја рака е предводник на оваа група графичари, потенцира дека оваа манифестација полека израснува во едно од обележјата на Куманово, градот во кој е роден и Драгутин Аврамовски Гуте – основоположникот на македонската графика со кого и самиот своевремено имал прилика да соработува.
„Авторите кои што се застапени на оваа изложба главном се со свој специфичен ликовен јазик по којшто се веќе препознатливи. Тие иако се млади си имаат свој континуитет во работава, а некои од нив се претставуваат и надвор од земјава. Така да тие се амбасадори на ликовната уметност не само за Куманово, туку и воопшто на Република Македонија.“
Јакимовски дополнува дека самата изработка на графиката е врзана со технолошкиот процес кој е доста тежок, дека за тоа се неопходни одредени услови како што е машина за печатење, специјална хартија...и друго со кое дефинитивно овие млади автори потешко се снаоѓаат, но нагласува дека и покрај таквите неприлики тие опстојуваат како група и дека во иднина нивниот број само ќе се зголемува.
Инаку, изложбата како биенална функционира од 2003 година и зад себе досега има шест изданија, а организаторите нагласуваат дека нивната цел била и е делата да ги претстават пред пошироката културна јавност не само во останатите поголеми градови во земјава туку и надвор од границите на нашата држава.
„Оваа изложба како биенална функционира од 2003 година и на неколку пати преку неа се обидуваме да ги запознаеме љубителите на уметноста во Република Македонија со работата на овие наши кумановски графичари. Во 2006 година беше направена и една посебна колекција која што беше презентирана во македонскиот центар во Њујорк.
Со оглед на тоа што еве Куманово на некој начин се смета како град на графичари, започнувајќи од Драгутин Аврамовски Гуте па се до денес, многу кумановски уметници како своја ориентација ја имаат токму графиката и како резултат на тоа на секои две години се обидуваме она што е актуелно во нивната работа да го претставиме на пошироката публика во и надвор од нашиот град“, забележува Цветковски.
Изложбата ќе може да се проследи до 12 декември, а проектот финансиски е помогнат од Министерството за култура.
Мноштво на сензибилитети и естетики се раскажани со поедноставениот графички јазик којшто, пак , делува силно и впечатливо во настојувањата да ја достигне висината на универзалното разбирање и комуникација.Роберт Цветковски, историчар на уметноста.
„Целата изложба содржи 21 графика. Материјалот којшто ни е понуден во вид на графички листови говори за моментално тематско-техничките преокупации на самите автори. Доминираат техниката акватинта, меѓутоа имаме тука и други техники како ситопечат и некои техники кои што се покарактеристични за поединечните творци. Мноштво на сензибилитети и естетики се раскажани со поедноставениот графички јазик којшто, пак , делува силно и впечатливо во настојувањата да ја достигне
Тие иако се млади си имаат свој континуитет во работава, а некои од нив се претставуваат и надвор од земјава. Така да тие се амбасадори на ликовната уметност не само за Куманово, туку и воопшто на Република Македонија.Зоран Јакимовски, универзитетски професор и уметник.