Европската комисија подготвила нацрт насоки за финансиска помош насочена кон слободата на медиумите во земјите опфатени во процесот на проширувањето на Европската Унија.
Порака дека не е само декларативна заложба на Европската комисија и дека е неопходно да се обезбедат услови за слободни медиуми за приближување кон Унијата, според претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани, е информацијата дека Комисијата подготвила нацрт насоки за финансиска помош насочена кон слободата на медиумите во земјите опфатени во процесот на проширувањето на Европската Унија.
Ова се совпаѓа со она што постојано посочуваме дека е неопходно медиумите најпрвин да се ослободат од влијанието на политиката и на бизнис интересите, а дури потоа може да се зборува за примена на професионалните стандарди. ЕК со оваа стратегија бара од земјите кандидатки да усвојат медиумско законодавство усогласено со европското кое би обезбедило фер услови за работа на сите медиуми на пазарот, потоа се бара националните судови да ја
применат судската пракса од европскиот суд за човекови права, транспарентно трошење на јавните пари во медиумите и зајакнување на саморегулативните механизми.
„Ако имаме европски закони кои ќе се применуваат неселективно и ќе обезбедат фер услови на пазарот,
мислам дека тое е доволно медиумите, тие што се подобри, да успеат на пазарот, сегашната ситуација не е така, затоа што преку владините реклами, владата очигледно протежира провладини медиуми коишто ја фалат нејзината работа“, изјави Селмани.
Ова е конечно преминување од констатација на проблемите во насока на нивно решавање, коментираат од синдикатот на новинарите. Засега не е познато на кој начин ќе се реализира најавената финансиска помош.
„Доколку Брисел мисли да оди пошироко па да исфинансираат медиум, професионален, независен, којшто ќе работи по стандарди е една димензија, доколку мислат со краткорочни програми со кој ќе финансираат само продукции, портали, тоа е многу лимитирачки и не значи само по себе ништо“, посочува Драган Антоновски, потпретседател на самостојниот синдикат на новинари.
Селмани се надева, пак, дека парите ќе бидат наменети за зајакнување на регулаторните тела за медиумите кои би помогнале да ги ослободат медиумите од притисоци и за зајакнување на јавните медиуми во насока на нивно прераснување во вистински сервиси на граѓаните, а не да бидат средство за политичка пропаганда на партиите на власт. Би била многу значајна евентуална помош на советот на етика кој наскоро ќе биде формиран и на новинарските здруженија кои треба да бидат промотори на промените, посочува Селмани.
Европската Комисија си постави задача во периодот од 2014 до 2020 година да развие долгорочен пристап за финанска помош насочена кон слоботата на медиумите. Насоките би требало да бидат усвоени до почетокот на идната година и ќе бидат дел од предпристапната стратегија на Европската унија.
Ако имаме европски закони кои ќе се применуваат неселективно и ќе обезбедат фер услови на пазарот, мислам дека тое е доволно медиумите, тие што се подобри, да успеат на пазарот.Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија.
Ова се совпаѓа со она што постојано посочуваме дека е неопходно медиумите најпрвин да се ослободат од влијанието на политиката и на бизнис интересите, а дури потоа може да се зборува за примена на професионалните стандарди. ЕК со оваа стратегија бара од земјите кандидатки да усвојат медиумско законодавство усогласено со европското кое би обезбедило фер услови за работа на сите медиуми на пазарот, потоа се бара националните судови да ја
„Ако имаме европски закони кои ќе се применуваат неселективно и ќе обезбедат фер услови на пазарот,
Доколку мислат со краткорочни програми со кој ќе финансираат само продукции, портали, тоа е многу лимитирачки и не значи само по себе ништо.Драган Антоновски, потпретседател на самостојниот синдикат на новинари.