Пишувањата во одредени медиуми за можно одложување на Конгресот на ДУИ поради внатрешни несогласувања околу тоа дали партијата да остане во владината коалиција, во партијата ги отфрлаат како шпекулации.
Во овој момент нема конечна одлука за одложување на конгресот на Демократската унија за интеграции кој треба да се одржи на средината од следниот месец, вели Ермира Мехмети Деваја од оваа партија. Пишувањата во одредени медиуми за негово можно одложување поради внатрешни несогласувања околу тоа дали партијата да остане во владината коалиција, таа ги отфрла како шпекулации.
„Сите оние гласини, пишувања или анализи за некакви фракции во ДУИ се на некој начин постојани и ја следат историјата на партијата од самото основање. Тие се во рамките на и внатрешни евентуални обиди, напори за позиционирање, но и надворешни тенденции за да ја претстават ДУИ со некаков внатрешен конфликт“, вели таа.
Мехмети Деваја вели дека односите во владејачката коалиција се стабилни.
„Ресорните министерства и воопшто владата сега работат на подготовка на агендата, односно реформите во пресрет на декемврискиот самит. Ќе видиме кој ќе биде исходот и што понатаму“, вели Мехмети Деваја.
Лидерот на Демократскиот сојуз, кој е дел од владината коалиција, Павле Трајанов вели дека засега односите меѓу владините партнери се нормални. Не исклучува дека одвреме навреме има турбуленции и дека можноста за предвремени избори за која би се разговарало во декември ќе биде тест за иднината на владејачката коалиција.
„Главно прашање ќе биде дали ќе има предвремени избори и кои од партиите ќе прифатат да организираат предвремени избори. Ако тука се усогласат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, нема да има проблеми и ќе продолжи соработката, но ако не се усогласат, тогаш сигурно дека ќе има големи проблеми за продолжување на соработката“, вели Трајанов.
И политикологот Владимир Божиновски од Институтот за политичко истражување вели дека предвремените парламентарни избори би биле одлучувачки за тоа дали актуелната коалиција ќе опстане. Божиновски смета дека ДУИ не би го направила тој чекор и покрај одредени несогласувања со владејачкиот партнер, а доколку тоа и се случи единствениот губитник според него ќе биде ДУИ.
„И да ја напуштат коалицијата, тоа повеќе ќе му одговара на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе може да се направи коалиција со кого сака без никаков проблем, значи ДУИ ќе изгуби најмногу“, вели Божиновски.
Впечатокот на експертите е дека спорот за името е едно од главните прашања за кое веќе подолг период постои некоординираност во коалицијата.
Откако во сопствена режија Али Ахмети спроведе дипломатска турнеја во Европа, а во чиј фокус, пак, беше токму спорот, ДУИ побара јавна дебата за последниот предлог на Нимиц, Горна Република Македонија, за кој смета дека е добар предлог. Власта остана воздржана за каков било коментар околу предлозите за да не влијае на преговарачкиот процес.
Ресорните министерства и воопшто владата сега работат на подготовка на агендата, односно реформите во пресрет на декемврискиот самит. Ќе видиме кој ќе биде исходот и што понатаму.Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.
„Сите оние гласини, пишувања или анализи за некакви фракции во ДУИ се на некој начин постојани и ја следат историјата на партијата од самото основање. Тие се во рамките на и внатрешни евентуални обиди, напори за позиционирање, но и надворешни тенденции за да ја претстават ДУИ со некаков внатрешен конфликт“, вели таа.
Мехмети Деваја вели дека односите во владејачката коалиција се стабилни.
Главно прашање ќе биде дали ќе има предвремени избори и кои од партиите ќе прифатат да организираат предвремени избори. Ако тука се усогласат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, нема да има проблеми.Павле Трајанов, Демократски сојуз.