Господине Тачи, нема, нема, па ќе излезете со некоја звучна изјава во јавноста, од типот војната меѓу Македонците и Албанците не е завршена. Делува како да немате идеи со што да привлечете внимание во јавноста или, пак, имате навистина некаква аргументација на овој став?
Просто се гадам кога други луѓе ги толкуваат моите изјави, има еден познат медиум што ги превртува моите изјави, ве молам земете го и читајте го интервјуто, контекстот е борбата, не војната, чиста војна и веднаш следната реченица е дека таа станува поинаква после 2001, андерграунд се бориме за други позиции, натпревар за други позиции, економски интереси, индустриски, територијални итн. Ако сакате пофигуративно да ви кажам, политиката на владата на Македонија се гледа каде се инвестира, каде не се инвестира, тоа е борба, продолжување на борбата. Ако продолжуваме вака како народи паралелно да се натпреваруваме, андерграунд, бидете сигурни дека таа паралела некогаш ќе излезе на виделина и постои можност тие паралели да се судрат. Паралелниот живот никогаш не е добар живот и за Македонија мислам дека оваа паралелно натпреварување меѓу овие два народи треба да се прекине со можен нов политички договор.
Како лидер на опозициската ДПА, делувате очигледно некако како фрустрирано, да придобиете повторно наклонетост на гласачите во албанскиот блок со ваква поставеност на работите во партијата. Сте размислувале ли за некакви промени во партијата?
Јас не очекуваме вие да ме сакате мене и не треба да ме саката, треба да ме почитувате затоа што јас сум лидер на албанската опозиција и за мене гласаа околу 100 илјади гласачи. Но, можете со такви евтини квалификации, дали сум убав или не сум убав, дали ми е партијата убава или не, да ми ја затнете муцката политички да не ги поставувам работите. Мојот народ и ден денеска од буџетот зема само 2 проценти, поради поинаквоста до Македонците, од аспект на култура, од аспект на јазик итн. Дали работите му се добро поставени во партијата, тоа си е работа на партијата, не е работа на чаршија, не е работа на медиуми, јас не сум власт која ги зема парите од вашите џебови и не го злоупотребувам буџетот на државата. Одговорноста ја давам пред луѓето на мојата партија, а не пред разни шпекулации.
Се разбира и пред гласачите, значи вие подолго време, во повеќе изборни циклуси ги губите изборите.
Па нормално дека ги губам изборите, затоа што мојот политички конкурент успева да ги намами да гласаат за него Македонците, Торбешите, Турците, Ромите, Бошњаците. Јас мислам дека и овој пат успеав да докажам дека мојата партија е најјаката кај Албанците со поддршка.
Му забележавте на Али Ахмети дека е радикален, дека на власт дошол со оружје итн., а од друга страна дека се бори или работи за македонските интереси. Не е јасна вашата позиција.
Ќе ви појаснам, што тука не е точно? Дали Ахмети дошол на политичка сцена и во Влада, со оружје и со сила? Да. Дали потпретседателката на Парламентот пред пет дена ни кажа еден многу убав виц – не ѝ дозволиле тие од власта да зборува на албански, иако по правилник и деловник има право. И првата и втората работа се точни.
Не гледав дека поразлично се однесувавте кога и вие бевте на власт и како по традиција партиите од албанскиот блок се задоволни кога се во власта и наеднаш се незадоволни од сè кога не се на власт. И вие сега тоа го правите.
Мислам дека не е така, затоа што јас бев во власта 18 месеци и тоа беше макотрпна борба меѓу политичките конкуренти внатре во влада. Се појави друга партија, друг човек, господинот Ахмети и ДУИ кои се нудеа на политичкиот партнер кој тогаш го имавме ВМРО-ДПМНЕ со многу пониска цена и таа власт и таа влада паѓаше затоа што имавме големи недоразбирања со македонскиот партнер, инаку и ние ќе теравме 4 години, како што овие тераат 6 години.
Добро сега оспорувате сè, тоа не е радикализам?
Што од прилика значи тоа сè?
Еве да речеме не го потпишавте меморандумот, не сакате да учествувате во расчистување на настаните од 24 декември, не сте задоволен од тоа како се имплементира Рамковниот договор, каква е позицијата на Албанците, процентуалната застапеност, вработувањата....
Не можеме да поддржуваме политички фарси. Какви интеграции да подржуваме кога владата постојано 6 години сите потези што ги прави, ги прави против таа интеграција. Почнувајќи од именувањето на аеродромот, на улиците, поставување на споменици, како можеме ние да бидеме алиби на таквата политика? Не може да не донесат пред свршен чин оти ние покажавме 20 години дека сме против тоа. А, оспорувањето на политиката кон Албанците, сосема се јасни позициите, никогаш ДУИ и господинот Ахмети не беа во тие, условно речено, мои напади и нивното соопштение беше полно со напади кон мене. Тие сакаа да ги навредат господинот Хашим Тачи и Еди Рама кои имаа исти позиции како моите само три дена пред тоа. Нормално дека нив не смеат да ги напаѓаат, па ме напаѓаа мене. Мислам дека сè јасно, оти оваа влада функционира од два аспекта. Антиинтеграциска политика, што веќе е јасно и мислам дека уште појасно ќе ни биде кога ќе ни дојде извештајот од ЕК и антиалбанска политика. Не го зборувам јас тоа, тоа го зборува потпретседателката на Парламентот која вели – Не ми даваат да зборувам албански! Шокантно, затоа што таа и нејзината партија имаат тотално дволично однесување, 6-7 години го слушаме Ахмети како зборува оти успеал да го направи албанскиот јазик официјален, а негов функционер го демантира.
Вие велите да се одблокира евроинтеграцискиот процес, но не сакавте да го потпишете меморандумот, ги знаеме образложенијата, ги кажавте, не сакавте да учествувате во работата за расчистување на настаните од 24 декември.
Госпоѓо, тоа е шега, цинизам и дволична политика. Ниту јас, ниту вие, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту меѓународната заедница не би посакувале ние да учествуваме во таа комисија или работа група, знаете зошто? Затоа што, ако ние учествуваме во тоа, првото прашање што ќе го поставиме на дневен ред би било – Како беше тој виц, не ви давале да зборувате на албански јазик? Леле, колку лоши биле. Ај да зборуваме за употребата на албанскиот јазик. Сè друго и 24 декември, што е тоа Божиќ, и секакви манипулации стануваат неозбилни работи. Ние само укажуваме дека тука се става тепих врз многу важни, сериозни работи, а многу важност се додава на политички фарси, нема врска, нема врска. Уште еднаш ви повторувам, шест години го слушам Ахмети како тој го озваничил албанскиот јазик, а слушаме функционер како вика не ми даваат да зборувам на албански, и ние затоа имаме вакво политичко однесување, да не овозможуваме некој да има алиби, особено владата, оти овие стануваат проблематични со нивните категорични прашања што ги поставуваат и невозможен е тој дијалог, само даваме време да се види и тоа брзо и јасно ќе се виде дека од тоа нема ништо, затоа што почетокот е непринципиелен.
Вие не сакате да бидете дел ниту од опозицискиот поширок дел. Зошто?
Затоа што јас сум шеф на албанската опозиција, не можам јас да бидам дел на некој друг шеф да ме командува, кој мене ќе ме командува и кои се политичките и другите барања на Албанците и кои се политичките и другите барања на Македонците во опозиција? Ние сосема сме поинакви и подруга агенда имаме. Не смееме да бидеме смешни како некои други мали политички партии. Ако за вас е приоритет да покажувате во Парламент боречки вештини, за мене е приоритет албанскиот јазик, за мене е приоритет буџетот на државата кој се однесува дискриминаторски кон Албанците, не кон граѓаните, туку кон Албанците и затоа ние многу се разликуваме. Немам ништо против, ВМРО може да ги претставува ДУИ затоа што тие се заедно во коалиција и затоа што тие се заедно една Влада, а што ние имаме заедничко со СДСМ? Немаме ништо заедничко. Ние не успеавме ништо, во конкретни работи да се договориме со нив. Апсолутно не ги поддржуваме таквите однесувања на владата, на претседателот на Парламентот ниту кон пратениците, ниту кон новинарите, но се борам да бидам малку посериозен. Моите пратеници така да ги влечка некој во Парламентот, нема шанси, плус додаваме компликација оти моите пратеници се Албанци. Ако јас повикам 40 илјади Албанци надвор од Парламентот да се провоцираат со Македонците, што имаме тука? Можност на ескалација на ситуацијата. И сега не можеме да бидеме дел од таа политичка фарса, не е тоа наша агенда. Вие имате право да ми кажете зошто не се борите. Се бориме со демократски и со политички методи, никако со други и така ќе се борам додека ќе бидам на оваа позиција, додека сум жив. Мислам дека другиот начин на правење на политика може да биде фатален, не за Македонците, за Албанците. Многу сме во поделикатна ситуација во споредба со 1999 или 2001. Зборував подолго за да бидам појасен и кон вас и кон јавноста, оти кај ДПА нема некои задни намери, сè е транспарентно, не се сложуваме, но не земаме пушка, не се сложуваме, но не кршиме столици или нешто друго.
Планирате да бидете барем поактивни?
Многу сме активни, во принцип не само нашата политичка партија, туку и други политички партии после избори кога другата страна вели дека победила, малку попретпазливо се однесуваме, затоа што мислиме дека нашата хиперактивност граѓаните можат да ја толкуваат негативно, како голема волја за враќање на власт. И да поедноставам, ја пуштивме малку водата да се спушти, да дојде на место, да се расчисти и тогаш знаете кога водата ќе стане мирна и чиста, на површината излегуваат нечистотиите.
Во моментов како ги оценувате меѓуетничките односи во земјата?
Солидно стабилно, со огромна заслуга на ДПА, од аспект дека ДПА се труди и има мандат за зборува и да го креира патот кон кој ќе тргнат незадоволните Албанци. Дали на тој пат или на овој начин на политичко дејствување имаме проблеми, нормално дека имаме проблеми. На моменти се чувствувам како поплава да ни доаѓа од зад грб и да не тера напред да одам. Е сега хиперактивност од аспект на јутуб, твитер, фејсбук, мислам дека не се толку сериозни варијанти.