Секоја година во земјава се зголемува нивото на увоз на енергенси и електрична енергија, производството е на исто ниво, а потрошувачката се зголемува.
Малите хидроцентрали ќе помогнат да се намали нивото на увоз, но за целиот електро енергетски систем немаат реално значење, сметаат експертите. Тие нагласуваат дека секоја година во земјава се зголемува нивото на увоз на енергенси и електрична енергија, посебно нагласувајќи го фактот дека производството е на исто ниво, а оти потрошувачката се зголемува за два проценти на годишно ниво.
Професор Константин Димитров смета дека со изградбата на малите хидроцентрали дополнителна помош е можна, но не ја прифаќа идејата дека тие го решаваат проблемот.
„Ни треба, за во Македонија да се покрие делот што се увезува, да се изгради минимум една 250 мегаватна постројка којашто би работела по минимум 6000 часа годишно за да може да се покрие количината на енергија што се увезува“, вели Димитров.
Тој појасни дека малите хидроцентрали многу зависат од хидролошките услови во годината кога работат. Ако има дожд, врнежи од снег и да има доволна количина вода, тие малку повеќе влијаат. Инаку, генерално, вкупното учество на таа енергија е на ниво на 15 до 20 проценти во зависност од условите на годината, вели Димитров.
„Малите хидроцентрали се добродојдени, го намалуваат нивото на увоз, но многу зависат од хидролошките услови во годината кога работат“, вели Димитров.
Слично размислува и професор Атанаско Тунески.
„Нивната вкупна инсталирана моќност е премногу мала за да може да влијае на целиот наш систем. Целиот наш систем има вкупно инсталирана моќност од 1500 мегавати, а ние за овие мали хидроцентрали зборуваме за 10-20 мегавати вкупно, но секако тие 10, 15 или 20 мегавати во споредба со 1500 колку што имаме се практично премалку, односно безначајни“, вели Тунески.
Владата најави дека ќе се градат 80 нови мали хидроцентрали. Меѓутоа и од аспект на реализацијата на проектот со малите хидроцентрали има проблеми, сметаат некои експерти. Атанаско Тунески оценува дека предолго се градат и оти и на број ги нема доволно.
Професор Димитров не мисли така. Според неговите зборови, таму каде што има проблеми со градењето станува збор за нерешени имотно-правни односи со земјиштето.
„Приватни имоти, ако треба да се направи пат или нешто друго, многу го отежнува почетокот на градбата. Откако ќе се почне градбата, помалку од една година се прави. Постапката до почетокот на градбата ни е сè уште релативно долга“, вели Димитров.
Ни треба, за во Македонија да се покрие делот што се увезува, да се изгради минимум една 250 мегаватна постројка којашто би работела по минимум 6000 часа годишно за да може да се покрие количината на енергија што се увезува.Константин Димитров, универзитетски професор.
Професор Константин Димитров смета дека со изградбата на малите хидроцентрали дополнителна помош е можна, но не ја прифаќа идејата дека тие го решаваат проблемот.
„Ни треба, за во Македонија да се покрие делот што се увезува, да се изгради минимум една 250 мегаватна постројка којашто би работела по минимум 6000 часа годишно за да може да се покрие количината на енергија што се увезува“, вели Димитров.
Тие 10, 15 или 20 мегавати во споредба со 1500 колку што имаме се практично премалку, односно безначајни.Атанаско Тунески, универзитетски професор.