Излегувањето на компаниите на слободниот пазар каде што сами ќе купуваат електрична енергија значи нивна директна зависност од цената на електричната енергија на пазарот. Ако таа расте, тогаш и цената за компаниите ќе биде повисока, а ако опаѓа, тогаш и нивната цена ќе биде помала. Тоа значи дека во пракса нема секој да има иста цена како што е сега случајот. Ова го изјавуваат експертите во насока на објаснување на процесот на либерализација на пазарот со струја што за фирмите треба да почне од 1-ви јули.
Според професор Атанаско Тунески оние компании што се финансиски моќни подобро ќе поминат.
„Тоа значи дека оној што ќе биде поспремен да направи подолгорочен договор, со количества на електрична енергија коишто се поголеми, автоматски ќе има и подобри услови, односно пониска цена. За оние малите потрошувачи кои не се финансиски моќни, кои што имаат мали количини на електрична енергија, ваквото излегување на пазарот е јасно поризично“, вели Тунески.
Тоа значи дека тука веќе ќе мораат да се поврзат неколкумина потрошувачи, да побараат поголеми количини на струја и така да обезбедат за себе подобри услови на пазарот, вели Тунески.
Според претседателот на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев, сто четириесет и шест компании од 1 јули оваа година треба слободно да излезат на пазарот на електрична енергија. Добро се информирани, подготвени и точно знаат што треба да се случи, вели тој. Потенцира дека овој потег би требало да донесе бенефит за сите компании, односно цената на електричната енергија која во последните неколку години константно се намалува на берзите треба како ефект да го почувствува и македонската индустрија.
„Согласно Законот за енергетика, големите компании, тие што имаат над 50 вработени и над 10 милиони евра промет, тие имаат обврска да излезат на пазарот и јас зборувам за нив. Законот во овој чекор на либерализација пред сè го предвидува задолжителното излегување на овие 146 фирми. Другите можат, а овие мораат, тоа е разликата“, вели Анѓушев.
Либерализацијата за граѓаните треба да почне по две години. Тоа значи пазарно однесување и за граѓаните, слично како и за фирмите.
Ако споредиме она што сега се случува со она што беше пред 15 години, сфаќаме дека цената на струјата не е социјална категорија воопшто. Таа ги следи пазарните законитости. Ако во определени делови од годината таа е скапа ние чувствуваме поголеми сметки по неколку месеци. Либерализацијата после две години тоа уште повеќе ќе го изостри, вели Тунески.
„Либерализацијата значи пазарно однесување во потрошувачката и во цените на електричната енергија. Нема да има никој којшто тоа ќе го амортизира и тука мора државата државата повторно да реагира. Има сериозни, големи слоеви на население коишто тоа нема да може да го издржат, едноставно нема да може да ја платат пазарната цена“, вели Тунески.
Зборувајќи за искуствата на други земји со либерализацијата на пазарот, експертите потсетуваат дека во светот цената на струјата е два до три пати поголема, но дека таму и платите се повисоки. Тоа значи дека ако таа цена ја префрлиме на наш терен, многу луѓе нема да може да ги плаќаат сметките.
Кај нас Законот е донесен во 2012 година. Либерализацијата требаше да почне од 1 јануари 2013 година, но се одложи од 1 јули.
Согласно Законот за енергетика, големите компании, тие што имаат над 50 вработени и над 10 милиони евра промет, тие имаат обврска да излезат на пазарот и јас зборувам за нив. Законот во овој чекор на либерализација пред сè го предвидува задолжителното излегување на овие 146 фирми. Другите можат, а овие мораат, тоа е разликата.Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација.
Според професор Атанаско Тунески оние компании што се финансиски моќни подобро ќе поминат.
„Тоа значи дека оној што ќе биде поспремен да направи подолгорочен договор, со количества на електрична енергија коишто се поголеми, автоматски ќе има и подобри услови, односно пониска цена. За оние малите потрошувачи кои не се финансиски моќни, кои што имаат мали количини на електрична енергија, ваквото излегување на пазарот е јасно поризично“, вели Тунески.
Тоа значи дека тука веќе ќе мораат да се поврзат неколкумина потрошувачи, да побараат поголеми количини на струја и така да обезбедат за себе подобри услови на пазарот, вели Тунески.
Либерализацијата значи пазарно однесување во потрошувачката и во цените на електричната енергија. Нема да има никој којшто тоа ќе го амортизира и тука мора државата државата повторно да реагира. Има сериозни, големи слоеви на население коишто тоа нема да може да го издржат, едноставно нема да може да ја платат пазарната цена.Атанаско Тунески, универзитетски професор.