Достапни линкови

Остра зима ќе ја стави електричната мрежа на испит


При екстремно ниски температури може да се појави преоптоварување на трафостаниците велат од ЕВН. Според експертите недоволните инвестиции во таа мрежа доведуваат до таква состојба.

Планот на работење на ЕВН предвидува дека во претстојната грејна сезона нема да има поголеми оптоварувања на системот и да има испади како лани. Компанијата направила инспекција на поголемиот дел од трафостаниците, зголемен е нивниот капацитет, реконструирани се сите критични точки, санирани и подготвени да ги издржат оптоварувањата, велат од компанијата. Меѓутоа ако зимата биде остра мрежата ќе биде на посериозен испит.
При екстремно ниски температури може да се појави преоптоварување на трафостаниците, најчесто тоа ќе ни случува онаму кадешто ќе имаме кражби на електрична енергија.
Атанас Ковачевски, ЕВН.

„При екстремно ниски температури може да се појави преоптоварување на трафостаниците, најчесто тоа ќе ни случува онаму кадешто ќе имаме кражби на електрична енергија“, изјави Атанас Ковачевски од ЕВН.

Минатата година во некои населби каде по неколку згради се откажуваа од парно греење имаше проблеми, бидејќи мрежата не е димензионирана за греење, каблите пукаа, трафостаниците се преоптоваруваа. И оваа година
​само во тие случаи за тие граѓани зимата може да биде поостра.

„Тоа може да се случи само ако сите корисници од таа зграда, во микросредините, прејдат на греење користејќи ја електричната енергија, но ние сме подготвени тогаш да интервенираме, ќе работиме во
Системот на ЕВН не би требало да биде толку оптоварен како лани, но од друга страна и лани, па и годинава веројатно ќе има некакви помали испади во урбаните средини.
Атанаско Туневски, универзитетски професор.
повеќе смени, една екипа ќе биде постојано на терен, подготвени веднаш да интервенираат.“

Од компанијата немаат податоци колку е зголемен бројот на граѓани што се префрлиле од парно на струја зошто има и многу семејства што се греат на парно, но вклучуваат и струја. Меѓутоа со новата мерка граѓаните да плаќаат и во случај да се откажат од греење на парно бројот на корисници кои се префрлуваат сега е намален. Со оглед на ова и експертите исто така не мислат дека оваа зима може да се јави дефицит во киловати.

„Системот на ЕВН не би требало да биде толку оптоварен како лани, но од друга страна и лани, па и годинава веројатно ќе има некакви помали испади во урбаните средини“, изјави професор Атанаско Туневски.

Во Македонија со струја домовите ги затоплуваат 70 проценти од луѓето. А хронични проблеми се, да се потсетиме, тоа што има домаќинства кои што немаат доволно висок напон дури и во приградските населби во Скопје. Има домаќинства кои имаат оштетувања на електричните уреди заради тој низок напон или честите прекини на електричната енергија. Според експертите недоволните инвестиции во таа мрежа доведуваат до таква состојба.

„Треба посериозни рестрикции во нисконапонската електрична мрежа, ЕВН е веќе тука 7-8 години и ние очекувавме кога ќе дојде ЕВН, не веднаш, но после неколку години дека ниско напонската мрежа во сопственост на ЕВН ќе биде таква да има што помалку испади“, изјави Туневски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG